Зимски олимписки игри 1932

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
III Зимски олимписки игри - Лејк Плесид 1932
III Зимски олимписки игри - Лејк Плесид 1932
Град домаќин Лејк Плесид, САД
Број на држави 17
Број на спортисти 252
Број на спортови 4
Број на натпревари 14
Отворање 4 февруари 1932
Затворање 15 февруари 1932
Стадион

III Зимски олимписки игри се одржале од 4 февруари до 15 февруари 1932 година во Лејк Плесид, САД. Игрите требале да се одржат во Биг Пинес, Калифорнија, но поради времеснките услови и недостатокот од снег, биле префрлени во Лејк Плесид.

Игрите се одржале во време на големата економска криза, со што организацијата била отежната и делумно трошоците за организација биле покриени со приватни донации.

Краток преглед[уреди]

Спортови[уреди]

Медали биле доделени во 14 дисциплини во 4 спортови. Демонстративни спортови биле карлингот, трки со санки, влечени од кучиња и брзо лизгање за жени.

Распоред на натпревари[уреди]

Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.

 ●  Церемонија ан отворање  ●  Квалификациски натпревари  ●  Финални натпревари ●  Церемонија на затворање
4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 Вкупно
Церемонии
Olympic rings with white rims.svg
Боб Bobsleigh pictogram.svg 1 1 2
Брзо лизгање Speed skating pictogram.svg 2 1 1 4
Нордиска комбинација Nordic combined pictogram.svg 1 1
Скијачко трчање Cross country skiing pictogram.svg 1 1 2
Скијачки скокови Ski jumping pictogram.svg 1 1
Уметничко лизгање Figure skating pictogram.svg 1 1 1 3
Хокеј на мраз Ice hockey pictogram.svg 1 1
Вкупно 2 1 1 1 3 3 2 1 14

Земји-учеснички[уреди]

Поради влијанието на големата економска криза, на игрите учествувале само 252 спортисти од 17 земји. Немало земји, кои за прв пат испратиле спортисти, а учеството во однос на претходните игри го откажале: Аргентина, Естонија, Летонија, Литванија, Луксембург, Мексико, Холандија и Кралството Југославија.

Освојувачи на медали[уреди]

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Flag of the United States.svg САД 6 4 2 12
2  Норвешка 3 4 3 10
3 Canadian Red Ensign 1921-1957.svg Канада 1 1 5 7
4  Шведска 1 2 0 3
5  Финска 1 1 1 3
6  Австрија 1 1 0 2
7  Франција 1 0 0 1
8  Швајцарија 0 1 0 1
9  Германија 0 0 2 2
10  Унгарија 0 0 1 1

Видете исто така[уреди]

Портал „Олимписки игри

Надворешни врски[уреди]