Зимски олимписки игри 1998

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
XVIII Зимски олимписки игри - Нагано 1998
XVIII Зимски олимписки игри - Нагано 1998
Град домаќин Нагано, Јапонија
Број на држави 72
Број на спортисти 2176 (1389 мажи и 787 жени)
Број на спортови 7
Број на натпревари 72
Отворање 7 февруари 1998
Затворање 22 февруари 1998
Стадион

XVIII Зимски олимписки игри се одржаа од 7 до 22 февруари 1998 година во Нагано, Јапонија. Градот бил избран за домаќин на игрите, во конкуренција на Хака, Аоста, Естерсунд и Солт Лејк Сити.

Во натпреварувачката програма бил воведен турнир во хокеј на мраз за жени. Спортовите карлинг и сноуборд, исто така станале дел од натпреварувачката програма. За прв пат на хокеарскиот турнир им бил дозволен настап на професионалци од НХЛ, што овозможило0 да се подигне квалитетот и интересот за хокеарскиот турнир.

Избор на град-домаќин[уреди]

Одлуката за доделувањето на организацијата на игрите била донесена на 15 јуни 1991 на 97. седница на МОК, која се одржала во Бирмингем, Обединето Кралство. Во конкуренција, покрај Нагано биле и Солт Лејк Сити, Естерзунд, Јака и Аоста. Нагано освоил 4 гласови повеќе од Солт Лејк Сити во последниот круг од гласањето. Официјалните претставници од Јапонија изјавиле дека т.н. „фактор Атланта“ им овозможил да добијат организацијата на игрите. Имено, организацијата на Летните олимписки игри 1996 му била доделан на градот Атланта во САД.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 1998[1]
Град Земја Прв круг Втор круг Трет круг Четврти круг Петти круг
Нагано Flag of Japan.svg Јапонија 21 - 30 36 46
Солт Лејк Сити Flag of the United States.svg САД 15 59 27 29 42
Естерзунд  Шведска 18 - 25 23 -
Јака  Шпанија 19 - 5 - -
Аоста  Италија 15 29 - - -

Краток преглед[уреди]

  • Во скијачко трчање, Бјорн Дели од Норвешка освоил три златни медали. Со овој успех и успесите од претходните Зимски олимписки игри, тој станал првиот спортист, кој на Зимските олимписки игри успеал да освои 8 златни медали од вкупно осовоени 12 медали.
  • Тара Липински со само 15 години станала најлладиот спортист на Зимските олимписки игри кој освоил злато во поединечна конкуренција. Таа победила во уметничко лизгање.
  • Во алпско скијање, Австриецот Херман Маер, по тешкиот пад во спсут, успеал да освои златни медали во супервелеслалом и велеслалом.
  • Лизгачите Џани Роме и Маријан Тимер од од Холандија освоиле по две златни медали во брзо лизгање. Дури 5 од вкупно 10 медали во тој спорт им припаднале на натпреварувачите од Холандија.
  • Во сноуборд, Рос Ребаглијати освоил злато, откако најпрвин бил дисквалификуван поради конзумирање марихуана.
  • На хокејарскиот турнир во машка конкуренција се очекувала борба за златото меѓу репрезентациите на Канада и САД, но златото го освоила репрезентацијата на Чешка, која во финалето ја победила репрезентацијата на Русија, а бронзениот медал го освоиле хокеарите на Финска. Канадските хокеари биле четврти, а американските оствариле само една победа на турнирот.
  • Данска го освоила првиот медал на Зимските олимписки игри, со заземањето на второто место на турнирот во карлинг.

Спортови[уреди]

На игрите имало 72 натпреварувачки дисциплини во 7 спортови.

Земји-учеснички[уреди]

*сино = земји кои за прв пат учествуваат
*зелено = земји кои учествувале и претходно * жолта точка - место на одржување на игрите

На игрит учествувале 2176 спортисти од 72 земји. За прв пат на Зимските олимписки игри учествувале спортисти од Азербејџан, Венецуела, Кенија, Македонија и Уругвај.

Освојувачи на медали[уреди]

Медали од игрите
 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Германија 12 9 8 29
2  Норвешка 10 10 5 25
3  Русија 9 6 3 18
4  Канада 6 5 4 15
5 Flag of the United States.svg САД 6 3 4 13
6  Холандија 5 4 2 11
7 Flag of Japan.svg Јапонија 5 1 4 10
8  Австрија 3 5 9 17
9 Јужна Кореја Република Кореја 3 1 2 6
10  Италија 2 6 2 10

Видете исто така[уреди]

Портал „Олимписки игри

Наводи[уреди]

Надворшни врски[уреди]