Бјорн Дели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Норвешки скијач Бјорн Дели
Норвешки скијач Бјорн Дели

Бјорн Ерланд Дели (норвешки: Bjørn Erlend Dæhlie; роден на 19 јуни 1967) е поранешен норвешки натпреварувач во нордиско скијање. Тој има освоено осум олимписки титули и девет титули светски шампион. Вкупно има освоено 29 медали на олимписки игри и светски првенства. Тоа го прави најуспешен скијач на сите времиња. Сите медали ги освоил во период од 1991 до 1999 година.[1]

Бјорн Дели е роден во Елверум. Тој беше доминантен крос-кантри скијач во 1990-тите. Неговите осум олимписки титули се рекорд за натпреварувач на Зимските олимписки игри, како што се неговите 12 олимписки медали (исто така освоил 4 сребрени медали) кои ги освоил на три олимпијади (Албервил, Лилехамер, и Нагано). Како дополнување на неговиот олимписки рекорд, тој има голем успех и на светските првенства (17 медали, од кои 9 златни), особено во 1997 година кога ги има освоено медали во сите пет дисциплини. Ако не беше неговата повреда на крајот од кариерата, Дели ќе имаше можност да ја зголеми својата колекција медали. И покрај неговото рано заминување од спортот, Дели генерално се смета за најголем крос-кантри скијач на сите времиња.[2]

Дели го должи голем дел од својот успех во спортот на останатите активности кои ги практикувал во животот. Ловот, риболовот, планинарење, кајак, фудбал и се разбира скијање биле дел од животот на овој човек од многу мала возраст. За време на своето детство Дели сакал да биде фудбалер, но по одбивањето од тренерот се испробал во нордиското скијање. Иако Дели не покажал веднаш успех како тркач јуниор, тој се подобрувал секоја година, и по неколку години на тренинг се квалификувал за ФИС светското првенство.

Покрај тоа што е водечка спортска личност, Дели е културна икона во Норвешка. Дели е често вклучен во рекламните кампањи, создаде бренд на ски опрема, и дури и бил водител на телевизиско шоу наречено Gutta på tur.

Тој ги измислил врзувачите Salomon Nordic System Pilot Bindings.

И покрај фактот дека тој никогаш не победил на трка на Холменколен Скијачкиот фестивал (Holmenkollen ski festival), Дели е награден со медал во 1997 година (заедно со Бјарте Енген Вик и Стефанија Белмондо.

По пензионирањето, Дели се развива како успешен стопанственик во бизнисот со недвижности и во модата.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]