Доменико Поцовиво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Доменико Поцовиво

Поцовиво на Трката околу Полска
Лични податоци
Цело име Доменико Поцовиво
Роден 30 ноември 1982 (1982-11-30) (32 г.)
Поликоро, Италија
Висина 1,65 м[1]
Маса 53 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Аг2р-Ла Мондијал
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2005–2012
2013
Керамика Панарија-Навигаре
Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2012)

Етапни трки

Џиро дел Трентино (2012)
Последна промена
25 октомври 2014

Доменико Поцовиво (италијански: Domenico Pozzovivo; р. 30 ноември 1982 во Поликоро) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Аг2р-Ла Мондијал.[2] Неговиот многу мал раст му донеле квалитети на чист специјалист за искачување. Тој е најпознат по победата на етапата 8 на Џиро д’Италија 2012, по крајната победа на Џиро дел Трентино 2012 и е познат по неговото високо образование.[3]

Личен живот[уреди]

Поцовиво има диплома по економија и пишувал тези насловени „Јужните политики од обединувањето на Италија до сега“. Неговото високо образование му го донело прекарот „Д-р Поцовиво“ во групата. Тој изјавил дека неговите полиња на интерес надвор од велосипедизмот се историјата, технологијата, економијата, политиката и временската прогноза.[3] Исто така, изјавил дека влегувањето во политиката би го заинтересирало по завршувањето на неговата велосипедска кариера.

Кариера[уреди]

Во 2008, Поцовиво завршил на третото скалило од подиумот на Џиро дел Трентино. Првото место го освоил Винченцо Нибали од Ликвигас додека Стефано Гарцели од Аква & Сапоне-Кафе Мокамбо го освоил второто место.[4] Потоа учествувал на неговиот трет Џиро д’Италија. Иако не бил сметан за фаворит за генералниот пласман пред трката,[5] тој успеал да заврши на деветтото место во генералниот пласман.[6] На трката завршил втор на петнаесеттата етапа,[7] планинска етапа која завршувала на искачување од прва категорија Пасо Федаја, кое било возено за првпат во историјата на Џиро. Бил надминат единствено од неговиот совозач Емануеле Села, кој на крајот излегол позитивен на допинг на тестирањето на крвта и подоцна бил дисквалификуван.[8]

2009[уреди]

Во 2009, Поцовиво го заземал петтото место на Сетимана Сиклистика Ломбарда, негова прва голема победа по 2004.[9] Исто така завршил втор во генералниот пласман на Трка Бриксија и доцнел повеќе од една минута за победникот Џампаоло Карузо.[10] Завршил во првите десет на три етапи на трката.[11]

2010[уреди]

Сезоната 2010 на Поцовиво му донела етапна победа на Џиро дел Трентино, на четвртото издание на трката, каде завршил на целта пред Рикардо Рико од Керамика Фламинија за 3 секунди.[12] Поцовиво на крајот го зазел третото место на трката, додека Казахстанецот Александар Винокуров од Астана ја однел победата.[13] Поцовиво стигнал до второто место на Џиро дел’Апенино, каде нападнал на Пасо дела Бокета, каде единствено Роберт Кишерловски можел да го следи и да го искачи врвот со него. Двоецот соработувал добро до крајот, каде Поцовиво бил надминат од членот на Ликвигас-Доимо во спринтот, со тоа освојувајќи го второто место.[14] Во јули, малиот Поцовиво ја освоил Трката Бриксија, притоа освојувајќи две планински етапи.[15] Го освоил генералниот пласман со разлика од една минути и педесет секунди пред членот на Тим Скај Морис Посони.[16]

2012[уреди]

Во 2012, Поцовиво го освоил Џиро дел Трентино. Бил успешен во третата етапа на трката, која завршувала на тежок врв, Пунта Велено.[17] Победата на тешката етапа му ја донела водечката маичка, која успеал да задржи следниот ден на четвртата етапа и последната етапа, која се одвивала во снежни временски услови. На таа етапа завршил на трето место. Исто така го освоил и планинскиот пласман.[18]

Подоцна таа година, дошол до победа на осмата етапа на Џиро д’Италија, напаѓајќи на Коле Молела, 7 километри пред крајот на етапата. Неговиот најблизок ривал, Шпанецот Бењат Инчаусти од Мувистар Тим, ја завршил етапата со 23 секунди зад Поцовиво.[19] Завршил на Џиро како осми во генералниот пласман, што се должело на добрите настапи на планинските етапи. Во јуни, Поцовиво бил одличен на кралската етапа на Трката околу Словенија. Поцовиво избегал напред со Јанез Брајкович од Астана и некако изненадувачки, го победил поголемиот човек во спринтот.[20] Со тој успех ја преземал водечката маичка, благодарение на шесте секунди предност пред Брајкович, но ја изгубил следниот ден на индивидуалниот хронометар, каде Словенецот бил подобар од него за десет секунди. Поцовиво ја завршил трката на второто место.[21]

Во есента, Поцовиво учествувал на италијанскиот класик Џиро дел’Емилија и започнал напад на најстрмниот дел на последното искачување, каде бил со мала група од тројца возачи. Наиро Квинтана (Мувистар Тим) останал на своето седиште и започнал свој напад, што се покажало како одлучувачки потег на Колумбиецот за победа. Поцовиво бил надминат од двајца натпреварувачи во последните метри и го зазел четвртото место.[22] Неколку дена подоцна, Поцовиво го напуштил Џиро ди Ломбардија, трка која е подобна за него. Студот и поројниот дожд го одиграле својот дел, бидејќи никој од колегите во Колнаго не стигнале на целта.[23]

2013[уреди]

За сезоната 2013, Поцовиво ќе го напушти Колнаго-ЦСФ Бардијани, каде ја започнал својата професионална кариера во 2005 и ќе се пресели во Аг2р-Ла Мондијал.[2] Сакал да го повтори неговиот успех од 2012 и повторно да победи на Џиро дел Трентино, но морал да се повлече по падот на третата етапа на трката, кога го повредил коленото и скршил две ребра.[24]

2014[уреди]

Поцовиво зел учество во Рома Максима, каде избегал со Алехандро Валверде. Двоецот го одржувало своето водство додека групата го достигнала Поцовиво пред целта. Валверде победил, додека Поцовиво го освоил петтото место.[25] Завршил на шестото место на Тирено-Адријатико една недела подоцна.

Поцовиво продолжил со неговата подготовка за неговата главне цел за 2014 година, Џиро д’Италија, возејќи на Џиро дел Трентино, каде завршил втор зад Кедел Еванс.[26] Два дена подоцна бил еден од главните возачи на Лиеж-Бастон-Лиеж, трка на која настапил по прв пат. Нападнал со Хулијан Аредондо на Кот де Рош окс Фоконс и иако бил достигнал, повторно нападнал со Џампаоло Карузо на Кот де Сен Никола и бил достигнат на само 200 метри пред крајот, на крајот завршувајќи на петтото место.[27]

Поцовиво започнал добро на Џиро, избегнувајќи падови во текот на воведната недела и напаѓајќи на деветтата етапа, каде завршил трет зад бегството, освојувајќи 30 секунди во однос на неговиот соперници и поместувајќи се на 4. место во генералниот пласман.[28] Исто така успешно нападнал на четиринаесеттата етапа, но се разболел од бронхит наредниот ден, со што изгубил време во однос на неговите соперници.[29] Успеал да се опорави во текот на денот за одмор и да добие одредено време во однос на групата на кралската етапа, откако Наиро Кинтана, Пјер Ролан и Рајдер Хесједал се одвоиле порано на етапата. Успеал да се искачи во првите десет на етапите 18 и 19.[30] На крајот завршил на петтото место, негов највисок пласман на Џиро дотогаш и прв резултат во првите пет на некоја голема трка.

Поцовиво не настапил на Тур де Франс за да се насочи на Вуелта а Еспања. Меѓутоа, морал да заборави на шпанската трка откако паднал при тренинг, здобивајќи се со повреди.[31] Поцовиво изјавил во интервју дека сака да се врати на некоја трка до крајот на сезоната.[32] На крајот, Поцовиво не учествувал на друга трка во 2014 година.

Достигнувања[уреди]

2004
1. Етапа 4 Џиро дел Фриули
2. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
3. Краен пласман Џиробио
2007
3. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
2008
3. Краен пласман Џиро дел Трентино
9. Краен пласман Џиро д’Италија
2009
1. Етапа 5 Сетимана Сиклистика Ломбарда
2. Краен пласман Трка Бриксија
3. Краен пласман Трка околу Словенија
5. Краен пласман Џиро дел Трентино
2010
1. Jersey blue.svg Краен пласман Трка Бриксија
1. Етапа 2
1. Етапа 4
2. Џиро дел’Апенино
2. Тре Вали Варезине
3. Џиро дела Ромања
3. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Етапа 4
7. Краен пласман Тирено-Адријатико
2011
2. Краен пласман Трка Бриксија
1. Етапа 4
2. Тре Вали Варезине
3. Трофео Мелинда
4. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
4. Краен пласман Џиро дел Трентино
6. Џиро ди Ломбардија
2012
1. Jersey pink.svg Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Jersey green.svg Планински пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 1b (ТТТ) Џиро ди Паданија
2. Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 3
4. Џиро дел’Емилија
8. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 8
2013
4. Милано-Торино
6. Краен пласман Вуелта а Еспања
7. Краен пласман Трка околу Полска
7. Трка околу Франкфурт
9. Краен пласман Трка околу Оман
9. Џиро дел’Емилија
10. Краен пласман Џиро д’Италија
2014
2. Краен пласман Џиро дел Трентино
5. Рома Максима
5. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Краен пласман Џиро д’Италија
6. Краен пласман Трка околу Оман
6. Краен пласман Тирено-Адријатико
8. Краен пласман Волта а Каталуња
10. Краен пласман Тур де Сан Луис

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро СО 17 9 СО СО 8 10 5
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта 6

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Велосипедски профил Доменико Поцовиво“. Yahoo! Eurosport UK. http://uk.eurosport.yahoo.com/cy/profiles/4000000000009461.html. конс. 19 април 2012. 
  2. 2,0 2,1 Поцовиво се приклучува на Аг2р-Ла Мондијал“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  3. 3,0 3,1 Жан-Франсоа Кене. „Видео: Поцовиво економистот, етапен победник на Џиро и кандидат за генералниот пласман“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 14 мај 2012 (конс. 22 август 2012).
  4. Руди Гадо. „Етапа 4 - 25 април: Лавароне-Пејо Терме, 178,6 км“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 април 2008 (конс. 20 септември 2012).
  5. Лајонел Бирни. „Џиро д’Италија 2008: Кој ќе победи?“, Cycling Weekly, 7 мај 2008 (конс. 7 ноември 2009).
  6. Грегор Браун. „Етапа 21 - Недела, 1 јуни: Чезано Мадерно-Милано (индивидуален хронометар), 28,5 км“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 1 јуни 2008 (конс. 20 септември 2012).
  7. Сузан Вестемајер. „Етапа 15 - Недела, 25 мај: Араба-Пасо Федаја-Мармолада, 153 км“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 мај 2008 (конс. 20 септември 2012).
  8. Џеф Џонс и Грегор Браун (5 август 2008). „Емануеле Села позитивен на ЕПО“. BikeRadar.com. http://www.bikeradar.com/news/article/emmanuele-sella-positive-for-epo-17903. конс. 15 ноември 2009. 
  9. Ciclismo: Settimana Lombarda, 5/a tappa a Pozzovivo“, „Informazone.it“, 4 мај 2009 (конс. 24 јануари 2013).
  10. 9. Трка Бриксија - Етапа 5“, „DailyPeloton“, 26 јули 2009 (конс. 27 јануари 2013).
  11. Laura Weislo. „Бертањоли со сила до победа на нагорната завршница“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 23 јули 2009 (конс. 27 јануари 2013).
  12. Џиро дел Трентино - Етапа 4“, „Cima Coppi Blog“, Word Press, 23 април 2010 (конс. 27 октомври 2012).
  13. Џиро дел Трентино 2010 Вести и Новости“, „SteepHillTV“, SteepHillTV (конс. 27 октомври 2012).
  14. Кишерловски крунисан за првак на Џиро дел’Апенино“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 април 2010 (конс. 27 октомври 2012).
  15. Pozzovivo prevails on mountain top finish“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 24 јули 2010 (конс. 15 септември 2012).
  16. Ferrari flies to win Brixia Tour finale“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 јули 2010 (конс. 15 септември 2012).
  17. Даниел Бенсон. „Pozzovivo prevails in Brenzone“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 април 2012 (конс. 27 октомври 2012).
  18. „Поцовиво победил на Џиро дел Трентино 2012“. http://www.cyclingnews.com/races/giro-del-trentino-2012/stage-4/results. конс. 20 април 2012. 
  19. Косинс, Питер. „Поцовиво победил на осмата етапа во Лаго Лачено“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 13 мај 2012 (конс. 13 мај 2012).
  20. Поцовиво ја освоил етапата 3 во Словенија“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 16 јуни 2012 (конс. 27 октомври 2012).
  21. Кајл Мур. „Tour de Slovenie: Brajkovic scoops overall victory as Koren squeaks out final time trial win“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 17 јуни 2012 (конс. 27 октомври 2012).
  22. Бен Аткинс. „Наиро Квинтана со бегство до победа на Џиро дел’Емилија“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 6 октомври 2012 (конс. 25 октомври 2012).
  23. Il Lombardia order of arrival“, „Gazetta dello Sport“, Gazetta dello Sport, 29 септември 2012 (конс. 24 октомври 2012).
  24. Шејн Стоукс. „Pozzovivo injured but deemed unlikely to miss Giro d’Italia“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 18 април 2013 (конс. 19 април 2013).
  25. Најџел Вин. „Алехандро Валверде победи на Рома Максима“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 9 март 2014 (конс. 18 март 2014).
  26. http://www.cyclingnews.com/races/giro-del-trentino-2014/stage-4/photos/302334
  27. http://www.cyclingquotes.com/news/pozzovivo_shines_in_liege/
  28. https://uk.eurosport.yahoo.com/news/giro-ditalia-weening-wins-stage-nine-pozzovivo-impresses-145341515--spt.html
  29. http://www.cyclingnews.com/news/pozzovivo-suffering-with-bronchitis-at-giro-ditalia
  30. http://velonews.competitor.com/2014/05/gallery/gallery-2014-giro-ditalia-stage-19_330238
  31. Александра Горска. „Падот на тренингот најверојатно прерано ја заврши сезоната на Поцовиво“, „CyclingQuotes“, CyclingQuotes.com 2013, 10 август 2014 (конс. 29 август 2014).
  32. Александра Горска. „Амбициозниот Поцовиво сака да се врати на Ил Ломбардија“, „Cycling Quotes“, CyclingQuotes.com 2013, 20 септември 2014 (конс. 23 септември 2014).

Надворешни врски[уреди]