Ли Хауард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ли Хауард

Хауард на Трката околу Калифорнија 2012
Лични податоци
Цело име Ли Хауард
Роден 18 октомври 1989 (1989-10-18) (24 г.)
Гилонг, Австралија
Висина 1,76 м
Маса 70 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Орика-ГринЕЏ
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови

2009
2009
Гилонг КК
Австралиски институт за спорт
Тим Тошиба
Професионални клубови
2010–2011
2012–
Тим ХТЦ-Колумбија
ГринЕЏ
Значајни победи
Трофео Кампос-Сантањи-Сес Салинес (2013)
Трофео Платха де Муро (2013)
Последна промена
5 јануари 2014

Ли Хауард (англиски: Leigh Howard; р. 18 октомври 1989) — австралиски професионален велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Орика-ГринЕЏ.[1]

Биографија[уреди]

Роден во Гилонг, Викторија, Хауард сега престојува во Ворн Пондс.[2] Со велосипедизам започнал на 10 години, а првпат ја претставувал Австралија на 16 години.[2] Тој е носител на стипендија од Австралискиот институт за спорт.

Хауард го освоил бронзениот медал во дисциплината омниум на Светските велодромски првенства UCI 2008. Освоил неколку медали во второто и четвртото коло на Светскиот велодромски куп UCI 2008–2009. Во 2009, повторно освоил медал во омниум на Светските првенства, овој пат златен, како и сребрен во медисон и екипна потера.[2] Исто така, Хауард имал успех во друмскиот велосипедизам во 2009, победувајќи на првата и третата етапа на Трката околу Јапонија.

На првата професионална трка со екипата ХТЦ Колумбија, Хауард ја освоил четвртата етапа на Трката околу Оман. Импресивно, на етапата Хауард завршил пред Даниеле Бенати, Том Бонен и Тајлер Фарар.

Хауард завршил за автомобилски електричар,[2] но нема да има потреба да се занимава со таа професија, бидејќи станал професионалец во 2010 со Тим ХТЦ-Колумбија.[3] По две години со екипата, Хауард се префрлил во ГринЕЏ за сезоната 2012.[4]

Достигнувања[уреди]

2007
Трка околу Тасманија
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 7
1. UIV Куп Амстердам
1. UIV Куп Дортмунд
2008
Национално велодромско првенство
1. MaillotAustralia.PNG Екипна потера
1. MaillotAustralia.PNG Скреч
1. Краен пласман Трка на реката Мари
1. Етапа 5
1. Етапа 13
1. Копа Коли Бријантеи Интернационале
Трка околу Гипсланд
1. Етапа 6
1. Етапа 8
Трка околу Тасманија
1. Етапа 1
1. Етапа 8
1. Етапа 2 Трка околу Берлин
1. Етапа 2 Австралиски Сајклинг Гран При
1. UIV Куп Амстердам
1. UIV Куп Минхен
2009
1. Jersey rainbow.svg Светски велодромски првенства - омниум
1. Краен пласман Трка околу Гипсланд
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 9
1. Краен пласман Трка околу Словачка
1. Класик Астико-Брента
Трка околу Јапонија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 7
1. Етапа 1 Трка околу Тирингија под 23 години
2010
1. Jersey rainbow.svg Светски велодромски првенства - медисон
1. Кампиуншап ван Вландерен
1. Етапа 4 Трка околу Оман
1. Спринтерски пласман Трка околу Баварија
2011
1. Jersey rainbow.svg Светски велодромски првенства - медисон
1. Етапа 5 Стер Електротур
3. Трофео Кала Милор
4. ГП де Денен
2012
1. Етапа 2 (ТТТ) Енеко Тур
4. Краен пласман Трка околу Британија
1. Етапа 2
2013
1. Трофео Кампос-Сантањи-Сес Салинес
1. Трофео Платха де Муро
3. Национално првенство за критериум
8. Вуелта а Ла Риоха

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]