Доминик Нерц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Доминик Нерц

Нерц во текот на Енеко Тур 2010
Лични податоци
Цело име Доминик Нерц
Роден 25 август 1989 (1989-08-25) (25 г.)
Ванген во Алгој, Германија
Висина 1,78 м
Маса 70 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Бора-Аргон 18
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2008
2009
2010
2011–2012
2013–2014
2015-
Иста
Континентална екипа Милрам
Тим Милрам
Ликвигас-Канондејл
БМЦ Рејсинг Тим
Бора-Аргон 18
Последна промена
23 јануари 2015

Доминик Нерц (германски: Dominik Nerz; р. 25 август 1989) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Бора-Аргон 18. Иако бил јуниорски национален првак во велодромски велосипедизам, Нерц главно вози како друмски велосипедист. По бројни победи како младинец, тој се придружил на развојната екипа Тим Милрам и го освоил германското друмско првенство под 23 години. По една сезона за континенталната екипа Милрам, тој му се придружил на сениорскиот состав и станал професионалец.[1]

По распаѓањето на Милрам, му се придружил на Ликвигас-Канондејл за 2011,[2] и возел на неговиот прв Гранд Тур подоцна истата година - Вуелта а Еспања 2011. Возејќи како поддршка на Винченцо Нибали, тој завршил 38. во генералниот пласман и бил највисоко пласиран Германец во крајниот пласман. Тој исто така завршил трет на етапата 18 и тоа било негов најдобар резултат таа сезона.[3]

Нерц го напуштил Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на БМЦ Рејсинг Тим за сезоната 2013.[4] Во септември 2014 година, Бора-Аргон 18 објавил дека со Нерц потпишале двегодишен договор од 2015 година, како предводник на екипата за големите трки и слични етапни трки.[5]

Достигнувања[уреди]

2006
MaillotAlemania.PNG Национален јуниорски првак, индивидуална потера
2007
1. Краен пласман Џиро дела Тоскана (јуниорска)
1. Етапа 1
1. Етапа 3a Трофео Карлсберг
2008
3. ГП Хидраулика Миколасек
2009
7. Краен пласман Џиро дел Фурланија-Јулиска краина
MaillotAlemania.PNG Национален друмски првак под 23 години
1. Етапа 6 Џиро дела Вале д’Аоста
2010
8. ГП Кантон Аргау
2012
2. Трка околу Франкфурт
5. ГП Мигел Индураин
2014
9. Краен пласман Трка околу Полска

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 47
Jersey red.svg Вуелта 38 14 18

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. Ричард Тајлер (28 септември 2009). „Милрам потпиша со Нерц двегодишен договор“. Cycling News. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/news/milram-signs-nerz-on-two-year-deal. конс. 30 септември 2011. 
  2. Бери Рајан (13 октомври 2010). „Кинг, Дуган и Вург потврдија за Ликвигас-Канондале“. Cycling News. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/news/king-duggan-and-wurf-confrmed-with-liquigas-cannondale. конс. 30 септември 2011. 
  3. Steiler Aufstieg (22 септември 2011). „Dominik Nerz aus Wangen blüht bei seiner ersten Spanien-Rundfahrt so richtig auf“ (на германски). http://www.all-in.de/nachrichten/sport/allgaeusport/Allgaeu-Sport-Dominik-Nerz-aus-Wangen-blueht-bei-seiner-ersten-Spanien-Rundfahrt-so-richtig-auf;art2745,1014835. конс. 30 септември 2011. 
  4. Аткинс, Бен. „Доминик Нерц и Даниел Ос во БМЦ Рејсинг Тим за 2013“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 6 август 2012 (конс. 6 август 2012).
  5. „Нерц во Тим Бора во 2015 година“. 15 септември 2014. http://www.cyclingnews.com/news/nerz-to-team-bora-in-2015. конс. 5 октомври 2014. 

Надворешни врски[уреди]