Пшемислав Њемјец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пшемислав Њемјец

Њемјец на Вуелта а Астурија 2010
Лични податоци
Цело име Пшемислав Њемјец
Роден 11 април 1980 (1980-04-11) (34 г.)
Освјенќим, Полска
Висина 1,84 м
Маса 66 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Лампре-Мерида
Дисциплина Друмски велосипедист
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2002–2003
2004–2010
2011–
Аморе & Вита-Берета
Мике
Лампре-ИСД
Значајни победи
Гранд Тур
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2014)

Етапни трки

Трка околу Словенија (2005)
Трка околу Тоскана (2006)
Рут ду Суд (2009)
3 етапи
Последна промена
8 септември 2014

Пшемислав Њемјец (полски: Przemysław Niemiec; р. 11 април 1980) — полски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лампре-Мерида.[1] Го направил своето професионално деби во 2002 за екипата Аморе & Вита-Берета. Најголеми победи на Њемјец се Трката околу Словенија 2005 и Трката околу Тоскана 2006. Исто така има освоено три етапи на Рут ду Суд и завршил на 16. место помеѓу водечките велосипедисти на Летните олимписки игри 2008. Во 2013 година, Њемјец имал завршници во првите десет на многу етапни трки, вклучувајќи го Џиро дел Трентино, Волта а Каталуња и на Тирено-Адријатико. Подоцна возел на Џиро д’Италија како поддршка на Микеле Скарпони, каде имал солиден резултат, завршувајќи на шестото место во генералниот пласман.

Откако завршил трет на Џиро дел Трентино 2013, Њемјец бил избран да ја предводи екипата Тим Лампре на Џиро д’Италија. Иако неговото водство преминало на неговиот помлад колега, Диего Улиси, откако загубил седум минути на осмата етапа. Ја остварил својата најголема победа во кариерата на Вуелта а Еспања 2014. Бил дел од рано бегство и победил сам на последното искачување до Лагос де Коведонга.[2]

Достигнувања[уреди]

2003
1. Џиро дел Медио Брента
2004
1. ГП Чита ди Рио Саличето е Кореџо
2005
1. Етапа 1 Џиро дел Трентино
1. Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 3
2. Краен пласман Рут ду Суд
3. Џиро дел’Апенино
2006
1. Краен пласман Трка околу Тоскана
1. Етапа 3 Рут ду Суд
3. Краен пласман Трка околу Словенија
2008
1. Етапа 3 Рут ду Суд
2009
3. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Етапа 2
1. Краен пласман Рут ду Суд
1. Етапа 2
2010
2. Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 3
1. Планински пласман
2. Краен пласман Тур де Пиринеи
1. Етапа 2
3. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
1. Планински пласман
5. Краен пласман Рут ду Суд
6. Субида ал Наранчо
10. Гран Премио Индустрија е Комерчо ди Прато
2011
5. Џиро дел’Емилија
5. Џиро ди Ломбардија
6. Гран Пиемонт
2012
4. Гран Премио Бруно Бегели
9. Џиро дел’Апенино
10. Трофео Мелинда
2013
6. Краен пласман Џиро д’Италија
6. Краен пласман Џиро дел Трентино
6. Трофео Сера де Трамунтана
7. Краен пласман Волта а Каталуња
9. Краен пласман Тирено-Адријатико
2014
1. Етапа 15 Вуелта а Еспања
3. Краен пласман Џиро дел Трентино
5. Краен пласман Трка околу Полска

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 40 39 6 49
Jersey yellow.svg Тур 57
Jersey red.svg Вуелта 54 15

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. Lampre and Wilier at odds after 10-year run“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 31 октомври 2012 (конс. 6 јануари 2013).
  2. Вуелта а Еспања: Њемјец победи на нагорнина во Лагос де Коведонга“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 7 септември 2014 (конс. 7 септември 2014).

Надворешни врски[уреди]