Карлос Бетанкур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карлос Бетанкур

Бетанкур на Џиро д’Италија 2011
Лични податоци
Цело име Карлос Алберто Бетанкур Гомез
Роден 13 октомври 1989 (1989-10-13) (25 г.)
Сиудад Боливар, Колумбија
Висина 1,67 м
Маса 60 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Аг2р-Ла Мондијал
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2011–2012
2013–
Аква & Сапоне
Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
Пласман за млад возач (2013)

Етапни трки

Париз-Ница (2014)

Еднодневни трки и класици

Џиро дел’Емилија (2011)
Последна промена
29 октомври 2014

Карлос Алберто Бетанкур Гомез (шпански: Carlos Alberto Betancur Gómez; р. 13 октомври 1989) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Аг2р-Ла Мондијал.[1]

Кариера[уреди]

Во 2010 ја освоил етапната трка Џиробио; аматерска верзија на Џиро д’Италија, а во 2011 победил на Џиро дел’Емилија, негова прва освоена професионална трка.

Бетанкур требало да се приклучи на екипата Ликвигас-Канондејл во 2012,[2] но останал со екипата Аква & Сапоне.[3] Бетанкур го напуштил Аква & Сапоне на крајот на сезоната 2012 и преминал во Аг2р-Ла Мондијал со двегодишен договор од сезоната 2013.[1]

Ја започнал сезоната во 2013 со седмо место на Трката околу Баскија, вклучувајќи го второто место на третата етапа.[4] Потоа продолжил да вози на арденските класици, завршувајќи трет на Флеш Валон по раниот напад на само 500 метри пред целта[5] и четвртото место на Лиеж-Бастон-Лиеж, каде со неговиот напад била создадена избрана група од шесторица кои се бореле за победа.[6]

По 12. место на Тур де Романди, Бетанкур заминал на Џиро д’Италија. Отпрвин имал лоши резултати, откако изгубил време на спустот на третата етапа и на долгиот хронометар на осмата етапа, по кој бил на 28. место и 6 минути и осум секунди зад предводникот и крајниот победник Винченцо Нибали.[7] Меѓутоа, по вторите места на деветтата етапа,[8] десеттата,[9] и петнаесеттата,[10] и неколку други одлични резултати на други планински етапи, успеал да се искачи до седмото место и бил на само две секунди до носителот на белата маичка за најдобар млад возач (која всушност успеал да ја преземе на петнаесеттата етапа, но ја загубил на хронометарот на етапата 18) до претпоследната етапа. На последната планинска етапа, иако му се дупнала гума на последното искачување, успеал да ги достигне и да ги претекне повеќето ривали во генералниот пласман, завршувајќи четврти. Ја завршил трката како најдобар млад возач и петти во генералниот пласман.[11]

Во декември 2013, Бетанкур потврдил дека ќе се насочи на Тур де Франс за 2014 година. Меѓутоа, пропуштил да дојде во Франција на 3 јуни, соопштувајќи дека има вирусна инфекција и ја променил неговата цел на Вуелта а Еспања.[12]

Достигнувања[уреди]

2009
2. Светско друмско првенство под 23 години
2010
1. Краен пласман Џиро д’Италија под 27 години (Џиробио)
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 1 Вуелта а Колумбија
2011
1. Џиро дел’Емилија
9. Џиро ди Ломбардија
2012
1. Трофео Мелинда
1. Етапа 5 Трка околу Белгија
1. Етапа 5 Џиро ди Паданија
4. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
4. Краен пласман Четири дена Денкерк
2013
3. Флеш Валон
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
7. Краен пласман Трка околу Баскија
2014
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Париз-Ница
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 5
1. Етапа 6
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур ду Хаут Вар
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 59 5
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта 126 158

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Аполонио и Бетанкур потпишаа за Аг2р-Ла Мондијал“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 2 август 2012 (конс. 2 август 2012).
  2. „Ликвигас-Канондале потврди дека Бетанкур доаѓа во 2012“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/liquigas-cannondale-confirms-betancur-for-2012-roster. конс. 23 ноември 2011. 
  3. Гарцели разгледува повлекување по исклучувањето од Џиро д’Италија“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 10 јануари 2012 (конс. 13 јануари 2012).
  4. „Енао тесно го победи Бетанкур за етапна победа на Трката околу Баскија“. Velonation.com. 3 април 2013. http://www.velonation.com/News/ID/14289/Henao-narrowly-edges-out-Betancur-for-Vuelta-al-Pais-Vasco-stage-win.aspx. конс. 9 октомври 2013. 
  5. Cycling. „Флеш Валон 2013: Даниел Морено триумфираше на Мур де Хуј, додека Маријане Вос ја освои женската трка“. Telegraph. http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/10001290/La-Fleche-Wallonne-2013-Daniel-Moreno-triumphs-on-Mur-de-Huy-while-Marianne-Vos-wins-womens-edition.html. конс. 9 октомври 2013. 
  6. Аласдер Фотерингем (21 април 2013). „Dan Martin Takes Breakthrough Classics Win In Liege-Bastogne-Liege“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/dan-martin-takes-breakthrough-classics-win-in-liege-bastogne-liege. конс. 9 октомври 2013. 
  7. ProCyclingStats. „Хронометар на Џиро д’Италија 2013: Габиче Маре - Салтара“. ProCyclingStats. http://www.procyclingstats.com/race/Giro_dItalia_2013_Stage_8_General_Classification. конс. 9 октомври 2013. 
  8. „Максим Белков освои соло победа на деветатата етапа на Џиро д’Италија“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/538337/maxim-belkov-takes-solo-win-in-giro-d-italia-stage-nine.html. конс. 9 октомври 2013. 
  9. „Ригоберто Уран ја освои десеттата етапа на Џиро додека Вигинс и Хесједал изгубија време“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/538388/rigoberto-uran-wins-giro-stage-10-as-wiggins-and-hesjedal-lose-time.html. конс. 9 октомври 2013. 
  10. „Џовани Висконти победи на етапата до Кол ду Галибје на Џиро д’Италија“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/538482/giovanni-visconti-wins-giro-d-italia-s-col-du-galibier-stage.html. конс. 9 октомври 2013. 
  11. Стивен Фаранд (25 мај 2013). „Betancur Takes Back The White Jersey At The Giro D'Italia“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/betancur-takes-back-the-white-jersey-at-the-giro-ditalia. конс. 9 октомври 2013. 
  12. Стивен Фаранд (12 јуни 2014). „Извештај: Бетанкур ќе го пропушти Тур де Франс поради вирус“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/report-betancur-to-miss-the-tour-de-france-due-to-virus. конс. 26 јули 2014. 

Надворешни врски[уреди]