Џиро д’Италија 2013 - етапа 12 до етапа 21

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Преглед на етапите; црните линии ги претставуваат растојанијата на индивидуалните етапи, додека црните испрекинати линии ги претставуваат префрлувањата помеѓу етапите.

Етапата 12 на Џиро д’Италија 2013 се одржала на 16 мај, а трката ќе заврши на 26 мај. Втората половина на трката е скоро целосно сместена во Италија; започнувајќи со рамна етапа од Лонгароне до Тревизо, пред да се одржат четири планински етапи, како и планински индивидуален хронометар, патеката се движи до завршницата во Бреша, каде трката ќе заврши со друмска етапа по прв пат од 2007. Трката исто така ќе премине во Франција во текот на петнаесеттата етапа, завршувајќи на врвот Кол ду Галибие. По вториот ден за одмор на трката, групата ќе се врати во Франција на следната етапа.

Откако го преземал водството во генералниот пласман по осмата етапа, возачот на Астана Винченцо Нибали успеал да го задржи водството на трката во текот на целата втора половина од Џиро и поради тоа стигнал до втората победа на некоја Гранд Тур трка во неговата кариера; претходно победил на Вуелта а Еспања 2010 за екипата Ликвигас-Доимо. Нибали имал разлика од 41 секунда пред возачот на БМЦ Рејсинг Тим Кедел Еванс до четиринаесеттата етапа, кога Нибали нападнал на последното искачување и успеал да добие 45 секунди пред Еванс завршувајќи втор зад возачот на Вини Фантини-Селе Италија Мауро Сантамброџо. Подоцна, Нибали освоил две етапи во текот на последната недела на трката, со што уште повеќе го зголемил своето водство и на крајот успеал да ја заврши трката со разлика од близу пет минути. Еванс не успеал да го задржи второто место во генералниот пласман, откако имал потешкотии на последното искачување на трката; на крајот завршил трет во генералниот пласман зад возачот на Тим Скај Ригоберто Уран, кој станал предводник на екипата откако Бредли Вигинс бил присилен да се повлече.

Покрај борбата за генералниот пласман, Марк Кевендиш успеал да се одмазди за блискиот пораз во бодовниот пласман на трката во 2012, кога ја загубил црвената маичка за еден бод пред возачот на Тим Катјуша Хоаким Родригез кој го презел бодовниот пласман на последниот ден во Бреша. Победата на возачот на Омега Парма-Квик Степ во Бреша, негова петта на трката, претходно постигнувајќи три во втората половина на трката со победите на етапите 12 и 13, му дозволила да стане само петти возач кој успеал да ги освои сите бодовни пласмани на сите Гранд Тур трки. Џовани Висконти исто така успеал да освои повеќе етапи во текот на втората половина на трката, освојувајќи соло победи на Кол ду Галибие и во Виченца. Втората половина на трката била исто така повеќе пати попречувана од снег, поради што три етапи биле изменети, а една и целосно откажана поради многу снег и опасни услови; откажаната етапа била прва откажана етапа поради временски услови од Џиро д’Италија 1989.

Легенда[N 1]
  Jersey pink.svg   Го означува предводникот во генералниот пласман   Jersey blue.svg   Го означува предводникот во планинскиот пласман
  Jersey red.svg   Го означува предводникот во бодовниот пласман   Jersey white.svg   Го означува предводникот во пласманот за млад возач
   и.в. означува дека возачот поминал низ завршната линија во иста група како оној кој го добил времето над него и поради тоа му било доделено истото завршно време.

Етапа 12[уреди]

16 мај 2013 — Лонгароне до Тревизо, 134 км[1]

Втората половина на трката започнала со етапа со патека идеална за спринтерите; со растојание од 134 километри, етапата била една од најкратките на трката,[2] етапата била главно рамна и постепено се спуштала од почетокот во Лонгароне до завршницата во Тревизо.[1] Долж патеката се наоѓале две искачувања од четврта категорија, како и два средни спринта[1] во рамки на првите две третини од етапата. Двете категоризирани искачувања биле кратки и стрмни; Муро ди Ка дел Поџо со просек од 12,2% на 1.200 метри, додека Монтело-Санта Марија дела Виторија имал наклон од 6,3% на 3 километри. Кога возачите пристигнале во Тревизо, извозеле круг од 7,5 километри околу градот; последните метри вклучувале поминување преку мост, пред целта на Вјале Бартоломео Буркјелати.

Возачите имале влажно време во Лонгароне, каде започнало бегството скоро веднаш на самиот почетокот составено од четворица возачи. Во него биле вклучени етапниот победник Максим Белков (Тим Катјуша), возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Фабио Фелине, Берт де Бакер од Аргос-Шимано и возачот на Вакансолел-ДКМ Мауритс Ламертинк.[3] Колегата на Ламертинк Марко Маркато им се придружил нешто подоцна. Со водство од скоро три и пол минути, сите освен Де Бакер паднале во формата, но успевале да се одржат во групата.[4] Спринтерските екипи започнале бавно да се доближуваат до групата, одржувајќи 25 секунди разлика помеѓу нив во последниот круг околу Тревизо; петорката успеала да се одржи сè до последниот километар.[3]

Оттука на чело на групата излегла линијата на возачи на Омега Парма-Квик Степ, а Герт Стегманс обезбедил совршен напад за Марк Кевендиш и негова трета етапна победа на трката[3] и негова 100. победа во неговата професионална кариера.[5][6] Возачот на Астана Винченцо Нибали го одржал водството во генералниот пласман од 41 секунда пред возачот на БМЦ Рејсинг Тим Кедел Еванс.[7] За нив, возачот на Тим Скај Бредли Вигинс се соочил со проблеми. Со само четворица свои возачи, Вигинс загубил 3' 17" во однос на главната група,[3] со што излегол од првите десет возачи во генералниот пласман.[4] Вигинс го припишал неговиот недостиг на резултати на влошување на неговото заболување; земал антибиотици поради настинка и инфекција на градите.[8] Поради ова, генералниот менаџер на Тим Скај Дејв Брејлсфорд изјавил дека екипата сега ќе се насочи на Ригоберто Уран, кој се наоѓал на третото место во генералниот пласман,[9] како нивна најголема надеж за освојување на трката.[10]

Резултат од етапа 12
Возач Екипа Време
1  Марк Кевендиш (ВБР) Омега Парма-Квик Степ 3ч 01' 47"
2  Насер Буани (ФРА) ФДЖ и.в.
3  Лука Мезгец (СЛО) Аргос-Шимано и.в.
4  Џакомо Ницоло (ИТА) РадиоШек-Леопард и.в.
5  Брет Ланкастер (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
6  Мануел Белети (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
7  Роберто Ферари (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
8  Сака Модоло (ИТА) Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс и.в.
9  Јоанис Тамуридис (ГРЦ) Еускалтел-Еускади и.в.
10  Франсиско Вентосо (ШПА) Мувистар Тим и.в.
Генерален пласман по етапата 12
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Астана 46ч 28' 14"
2  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 42"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 2' 04"
4  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 2' 12"
5  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 2' 13"
6  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 2' 55"
7  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 3' 35"
8  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 4' 05"
9  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 4' 17"
10  Рафал Мајка (ПОЛ) Бела маичка Тим Саксо-Тинкоф + 4' 21"

Етапа 13[уреди]

17 мај 2013 — Бусето до Кераско, 254 км[11]

Со 254 километри, тринаесеттата етапа била најдолга етапа на овогодинешното издание на Џиро д’Италија. Патеката, која водела низ шест различни региони, била рамна од почетокот до ознаката за 175. километар. Оттука имало неколку некатегоризирани искачувања поминувајќи низ двата средни спринта, пред да се дојде до единственото категоризирано искачување на етапата. Тре Куни од трета категорија било сметано како можна опасност за спринтерите пред завршницата во Кераско со постепено искачување од околу 5% на растојание од 10 километри. Оттука возачите се спуштале кон завршницата со неколку ридови помеѓу; очекувањата биле дека ќе има спринтерска завршница, но не со сигурност. Пред почетокот на етапата, поранешните кандидати за генералниот пласман, Бредли Вигинс (Тим Скај) и Рајдер Хесједал (Гармин-Шарп) се повлекле од трката.[12][13]

Група од седум возачи се одвоила од главната група по околу 20 километри, во која немало можен ривал во генералниот пласман, поради што им било дозволено да се одвојат и да направат предност од четиринаесет минути во еден момент од етапата. Бидејќи главните фаворити не сакале да ја намалат разликата, тоа им било препуштено на екипите на спринтерите, кои требало да постават темпо; тие успеале постепно да ја намалуваат предноста на водечките и тие имале само една минута пред искачувањето во Тре Куни, околу 40 километри пред крајот. На искачувањето возачот на Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс Никола Боем го започнал првиот напад и бил придружен од Пабло Ластрас од екипата Мувистар Тим и Ларс Бак (Лото-Белисол), со што тројката се одвоила од преостанатите четворица членови на водечката група.[14] Позади мала група нападнала од главната група, но по неколку километри групата била достигната, оставајќи ги тројцата водечки со околу 30 секунди напред.

Омега Парма-Квик Степ, работејќи за Марк Кевендиш за четврта негова етапна победа на трката, се придвижиле кон челото на групата и го забавиле темпото и му дозволиле на водечкото трио да добие неколку секунди предност, препуштајќи го водството да порасне скоро на една минута. Кратко потоа Боем отпаднал, додека на Ластрас и Бак им се приклучила друга група на возачи, кои се одвоиле од главната група. Од групата, Џампаоло Карузо (Тим Катјуша) нападнал на околу 6,5 километри пред целта, но неговиот соло обид бил спречен на еден и пол километар. Канондејл ја предводела групата во последниот километар за Елија Вивијани, но Кевендиш бил првиот кој го започнал својот спринт и успеал да се одржи пред другите, поминувајќи го Џакомо Ницоло од РадиоШек-Леопард на целта.[14] Со неговата четврта победа на трката,[15] Кевендиш станал шести возачи кој победил на 40 Гранд Тур етапи и прв возач кој освоил последователни етапи на Џиро по Алесандро Петаки во 2009.

Резултат од етапа 13
Возач Екипа Време
1  Марк Кевендиш (ВБР) Црвена маичка Омега Парма-Квик Степ 6ч 09' 55"
2  Џакомо Ницоло (ИТА) РадиоШек-Леопард и.в.
3  Лука Мезгец (СЛО) Аргос-Шимано и.в.
4  Брет Ланкастер (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
5  Елија Вивијани (ИТА) Канондејл и.в.
6  Мануел Белети (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
7  Даниеле Бенати (ИТА) Тим Саксо-Тинкоф и.в.
8  Филипо Поцато (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
9  Антони Ру (ФРА) ФДЖ и.в.
10  Мигел Анхел Рубијано (КОЛ) Андрони Џокатоли-Венецуела и.в.
Генерален пласман по етапата 13
Возач Екиоа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Астана 52ч 38' 09"
2  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 42"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 2' 04"
4  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 2' 12"
5  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 2' 13"
6  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 2' 55"
7  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 3' 35"
8  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 4' 05"
9  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 4' 17"
10  Рафал Мајка (ПОЛ) Бела маичка Тим Саксо-Тинкоф + 4' 21"

Етапа 14[уреди]

18 мај 2013 — Червере до Бардонекија, 180 км[16]

Првично требало да се одржи на 168 километри,[17] но четиринаесеттата етапа била променета на самото утро поради лошото време, кое исто така го оневозможил телевизискиот пренос на трката во целост освен последните неколку стотина метри. Првично наведеното искачување до Сестриере, искачување од втора категорија, била повлечено од патеката и групата била пренасочена долж долината Суза до Улкс. Трката се вратила на првичната патека во Улкс; вкупно 12 километри биле додадени на растојанието на етапата.[18] Оттука, патеката се искачувала стрмно кон средниот спринт во Бардонекија пред искачувањето кон завршницата. Искачувањето од прва категорија било возено по трет пат на Џиро[19] и имал просечен наклон од 9% на растојание од 7,3%, но на одредени места наклонот се движел до 14% и се возело по неасфалтирани патишта.

Група од седум возачи се одвоила на 14. километар,[20] но брзо била намалена на четворица, откако тројца возачи паднале на влажните патишта. Кога се вратиле во главната група, водечката група започнала да го зголемува своето водство. Сеиталијанската група, поранешниот предводник на трката Лука Паолини (Тим Катјуша), Даниеле Пјетрополи од Лампре-Мерида, возачот на Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс Сони Колбрели и возачот на Омега Парма-Квик Степ Матео Трентин[21], успеала да ја зголеми својата предност на скоро десет минути на една точка од етапата, пред главната група да започне да ги достигнува. Бидејќи трката се движела кон Јаферау, Тим Скај го преземала темпото во свои раце, намалувајќи го бројот на возачи во главната група.[22] Пред последното искачување, Трентин отпаднал од водечката група и набрзо бил достигнат од главната група на искачувањето.[21]

Водечките имале предност од околу четири минути на подножјето,[23] кога Колбрели започнал напад. Само Паолини можел да остане со него. Серхио Енао (Тим Скај) нападнал на половина од искачувањето, кога му се приклучил и Диего роза од Андрони Џокатоли-Венецуела; потегот на Роза бил претходник на нападот од неговиот екипен водач Франко Пелицоти.[21] Пелицоти го достигнал дуото[24] и набрзо продолжил сам по водечките. Паолини се одвоил од Колбрели на околу 1,5 километри пред целта и држел 43 секунди предност пред блиските ривали. Откако Паолини бил достигнат, носителот на розевата маичка Винченцо Нибали нападнал за Астана, повлекувајќи го возачот на Вини Фантини-Селе Италија Мауро Сантамброџо со него.[25] Двајцата останале до крајот и Сантамброџо ја освоил етапата, негова прва на Гранд Тур.[21] Нибали завршил зад него и го зголемил своето водство на 1' 26" пред возачот на БМЦ Рејсинг Тим Кедел Еванс,[20] а Сантамброџо се поместил на четвртото место во генералниот пласман, една секунда зад Ригоберто Уран од Тим Скај.

Резултат од етапа 14
Возач Екипа Време
1  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија 4ч 42' 55"
2  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Астана и.в.
3  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 9"
4  Самуел Санчез (ШПА) Еускалтел-Еускади + 26"
5  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 30"
6  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 33"
7  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 33"
8  Роберт Кишерловски (ХРВ) РадиоШек-Леопард + 33"
9  Сони Колбрели (ИТА) Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс + 55"
10  Дамијано Карузо (ИТА) Канондејл + 58"
Генерален пласман по етапата 14
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Астана 57ч 20' 52"
2  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 26"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 2' 46"
4  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 2' 47"
5  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 3' 53"
6  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 4' 55"
7  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 5' 02"
8  Рафал Мајка (ПОЛ) Бела маичка Тим Саксо-Тинкоф + 5' 32"
9  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 5' 39"
10  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 5' 41"

Етапа 15[уреди]

19 мај 2013 — Чезана Торинезе до Кол ду ГалибиеВалоар (Франција), 145 км[26]

Првично требало да се одржи на патека од 149 километри,[27] етапата била малку скратена поради снег на Кол ду Галибие. Снегот ги приморал организаторите да го пренесат подиумот за завршување на етапата подолу на искачувањето, до споменикот во чест на Марко Пантани.[28] Пантани стигнал сам до етапна победа откако нападнал на Кол ду Галибие на Тур де Франс 1998,[29] пред да победи во Ле Ду Алп; клучната точка во освојување на целата трка. Едно време, обете искачувања Кол ду Галибие и воведното искачување на етапата Кол ду Мон Сенис, биле повлечени од патеката поради временските услови,[30] но на крајот биле искачувани на етапата. Искачувањето од прва категорија Кол ду Мон Сенис започнало во Италија и преминало во Франција со постепено искачување на растојание од 25,7 километри со просечен наклон од 6,2%,[26] пред трката да се спушти до Сен Мишел де Морин и почетокот на искачувањето од втора категорија Кол ду Телеграф. Кол ду Телеграф имал просечен наклон од 7,2% на околу 12 километри,[31] иако достигнувало 11% на одредени места. По краткиот спуст до Валоар започнал Кол ду Галибие на околу 14 километри пред целта.

Со постојаната неизвесност поради безбедноста на Кол ду Мон Сенис, етапата била неутрализирана до врвот на искачувањето, каде предводникот во планинскиот пласман Стефано Пираци (Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс) нападнал со возачот на Колумбија Робинсон Чалапуд.[32] На двојката на спустот им се приклучиле уште пет возачи, откако главната група им допуштила водство од над две минути. Возачот на Орика-ГринЕЏ Питер Венинг наскоро се одвоил од групата, но не можел да издржи и набрзо се вратил до другите членови на бегството.[32] Групата држела максимално водство од над шест минути,[33] но се спуштило на две минути кога стигнале на Кол ду Телеграф. Пираци и Венинг биле најсилни во првите километри, пред Џовани Висконти (Мувистар Тим) и возачот на Вини Фантини-Селе Италија Матео Работини да се доближат до нив. Висконти тргнал во напад на околу 23 километри пред целта. Работини се обидел да замине по него на спустот од Телеграф, но на крајот Висконти стигнал до првата етапна победа на Гранд Тур. Потерата на Работини траела до последниот километар, кога се откажал и група од четворица возачи го поминала, кои се бореле за второто место.[32] Возачот на Аг2р-Ла Мондијал Карлос Бетанкур го освоил спринтот за второто место пред возачот на Лампре-Мерида Пшемислав Њемјец,[34] и Рафал Мајка од Тим Саксо-Тинкоф; со 12. бонус секунди за второто место, Бетанкур се искачил на првото место во пласманот за млад возач, пред Мајка.[35] Главните фаворити стигнале на целта 54 секунди зад Висконти.

Резултат од етапа 15
Возач Екипа Време
1  Џовани Висконти (ИТА) Мувистар Тим 4ч 40' 48"
2  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 42"
3  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 42"
4  Рафал Мајка (ПОЛ) Бела маичка Тим Саксо-Тинкоф + 42"
5  Фабио Дуарте (КОЛ) Колумбија + 47"
6  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 54"
7  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Астана + 54"
8  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 54"
9  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 54"
10  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 54"
Генерален пласман по етапата 15
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Астана 62ч 02' 34"
2  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 26"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 2' 46"
4  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 2' 47"
5  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 3' 53"
6  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 4' 35"
7  Карлос Бетанкур (КОЛ) Бела маичка Аг2р-Ла Мондијал + 5' 15"
8  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 5' 20"
9  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 5' 57"
10  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 6' 21"

Етапа 16[уреди]

21 мај 2013 — Валоар (Франција) до Ивреа, 238 км[36]

Последната недела на тркањето продолжила по вториот ден за одмор претходниот ден; шеснаесеттата етапа била преодна етапа, враќајќи се во Италија по завршницата на Кол ду Галибие на претходната етапа. Почнувајќи во Валоар, патеката од 238 километри започнала со спуст од Кол ду Телеграф, одејќи во спротивна насока по падот по кој групата се искачила претходно. Стигнувајќи во Сен Мишел де Морин, патеката повторно се искачувала до Модан и натаму кон Мон Сенис, но овој пат обратно,[37] враќајќи се во Италија. Од подножјето на искачувањето имало уште 100 километри на релативно рамен терен пред да се стигне во завршниот град Ивреа по прв пат.[36] Оттука се започнувал круг од 40 километри, каде се наоѓало и искачување од трета категорија. Искачувањето Андрете со просечен наклон од 8%, достигнувајќи 13% на одредени места,[36] и се очекувало да ги десеткува спринтерите, одземајќи им ја приликата за победа. Дневното бегство било создадено пред Мон Сенис,[38] кое започнало со напад на возачот на Бланко Про Сајклинг Вилко Келдерман на кого му се приклучиле уште петснаесет возачи, додека шест други возачи успеале да дојдат до нив пред искачувањето.

Водечката група од 22 возачи имала предност од околу три минути на врвот[39] и водството продолжило да се зголеми на спустот кон Италија. Астана биле сместени на чело на групата и подоцна придружени од Тим Катјуша и РадиоШек-Леопард со цел подигнување на темпото,[40] кога предноста на водечките достигнала пет минути; оваа разлика ги ставала највисоко пласираните возачи меѓу овие екипи, Јуриј Трофимов и Роберт Кишерловски, во опасност од возачот на Канондејл Дамијано Карузо, кој бил во бегство. Разликата на водечките била намалена за половина кога групата стигнала на првиот среден спринт на околу 54 километри пред целта.[39] Противнападите биле клучот при влезот во Ивреа; по неколку мали напади, возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Емануеле Села бил првиот кој добил солидна предност пред бегството.

Подоцна му се приклучил Келдерман и возачот на Тим Скај Дени Пејт[40] и имале предност од околу дваесет секунди кога влегле во Ивреа.[39] Групата од пет возачи го започнало последното искачување, меѓу нив и предводникот во планинскиот пласман Стефано Пираци (Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс), кој продолжил да го зголемува своето водство.[41] Остатокот од главната група ги достигнала водечките и најдобриот млад возач Карлос Бетанкур од Аг2р-Ла Мондијал го поминал Пираци на врвот.[39] Сите главни фаворити на трката биле напред, освен возачот на Вини Фантини-Селе Италија Мауро Сантамброџо, кој на крајот изгубил над две минути.[42] Група од тројца возачи успеала да се одвои во последните метри, каде Бењат Инчаусти (Мувистар Тим) го освоил спринтот пред возачот на Астана Танел Кангерт и Пшемислав Њемјец од Лампре-Мерида.[43] Инчаусти му отпоздравил на неговиот поранешен колега Хавиер Тондо додека поминувал низ целта; прекрстувајќи ги прстите во форма на Х,[44] во чест на Тондо, кој загинал пред тренирање со Инчаусти во мај 2011.[45]

Резултат од етапа 16
Возач Екипа Време
1  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим 5ч 52' 48"
2  Танел Кангерт (ЕСТ) Астана и.в.
3  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида и.в.
4  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Гармин-Шарп + 14"
5  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 14"
6  Франко Пелицоти (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела + 14"
7  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 14"
8  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 14"
9  Хосе Ерада (ШПА) Мувистар Тим + 14"
10  Карлос Бетанкур (КОЛ) Бела маичка Аг2р-Ла Мондијал + 14"
Генерален пласман по етапата 16
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Астана 67ч 55' 36"
2  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 26"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 2' 46"
4  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 3' 53"
5  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 4' 13"
6  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 4' 57"
7  Карлос Бетанкур (КОЛ) Бела маичка Аг2р-Ла Мондијал + 5' 15"
8  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 5' 20"
9  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 5' 47"
10  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 7' 34"

Етапа 17[уреди]

22 мај 2013 — Караваџо до Виченца, 214 км[46]

Со исклучок на последната етапа од трката кон Бреша, седумнаесеттата етапа била обележана како една од последните можности за спринтерите на Џиро д’Италија 2013. Започнувајќи во Караваџо, патеката од 214 километри во должина била главно рамна, преодна етапа,[47] освен едно искачување од четврта категорија кон крајот на етапата. По двата средни спринта,[46] искачувањето Крозара било тесно и техничко; со просечен наклон од 6,8% на растојание од 5,3 километри, на делови на искачувањето имало наклон и до 12%,[48] означувајќи дека екипите требало да вложат поголем напор за да ги сочуваат нивниот спринтери пред спустот и завршницата во Виченца.

Во првите километри било создадено дневното бегство од Лук Дарбриџ (Орика-ГринЕЏ), Максим Белков од Тим Катјуша, возачот на Лото-Белисол Герт Докс и возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Мигел Анхел Рубијано.[49] Водството на четворката достигнало максимум околу пет минути на средината на етапата, но оттогаш тоа било постепено намалувано. Омега Парма-Квик Степ го преземал челото на групата,[50] со цел да го одржи предводникот во бодовниот пласман Марк Кевендиш во борба за етапната победа; другите спринтерски екипи исто така помогнале во намалување на разликата. Белков бил првиот кој отпаднал, откако имал проблеми на околу 30 километри пред крајот. Другите тројца возачи од водечката група одржувале предност од околу една минута кога стигнале во подножјето на Крозара.[50] Кевендиш имал проблеми на искачување, но сепак останал како предводник во бодовниот пласман.[51]

Рубијано го забрзал темпото, поради што Докс отпаднал, додека вториот бран на забрзување довел да отпадне и другиот член на бегството, Дарбриџ.[50] Вини Фантини-Селе Италија отпочнал два напади преку Алесандро Прони и Данило ди Лука, кога Ди Лука започнал потера за Рубијано; го достигнал на помалку од 20 километри пред целта, кога Џовани Висконти (Мувистар Тим) нападнал од главната група, приклучувајќи им се откако ја поминал разликата од 30 секунди.[50] Висконти нападнал сам на врвот на искачувањето,[52] здобивајќи се со максимална предност од 35 секунди, но успеал да ја одржи и покрај тоа што за малку ќе доживеел пад,[53] стигнувајќи до втора етапна победа за четири дена, трета последователна за неговата екипа,[54] по победата на Бењат Инчаусти на етапата 16. Возачот на Гармин-Шарп Рамунас Навардаускас ја довел главната група низ целта со 19 секунди зад победникот, но по поверувал дека победил на етапата,[55] додека главните фаворити биле во групата, оставајќи го генералниот пласман непроменет.[49]

Резултат од етапа 17
Возач Екипа Време
1  Џовани Висконти (ИТА) Мувистар Тим 5ч 15' 34"
2  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Гармин-Шарп + 19"
3  Лука Мезгец (СЛО) Аргос-Шимано + 19"
4  Филипо Поцато (ИТА) Лампре-Мерида + 19"
5  Данило Хондо (ГЕР) РадиоШек-Леопард + 19"
6  Салваторе Пучо (ИТА) Тим Скај + 19"
7  Сака Модоло (ИТА) Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс + 19"
8  Фабио Фелине (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела + 19"
9  Франсиско Вентосо (ШПА) Мувистар Тим + 19"
10  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 19"
Генерален пласман по етапата 17
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Астана 73ч 11' 29"
2  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 26"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 2' 46"
4  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 3' 53"
5  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 4' 13"
6  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 4' 57"
7  Карлос Бетанкур (КОЛ) Бела маичка Аг2р-Ла Мондијал + 5' 15"
8  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 5' 20"
9  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 5' 47"
10  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 7' 24"

Етапа 18[уреди]

23 мај 2013 — Мори до Полза, 20,6 км, индивидуален хронометар (ITT)[56]

Вториот од двата индивидуални хронометри кои се одржале на Џиро д’Италија 2013, осумнаесеттата етапа била предвидена за планинскиот хронометар, вид на оваа дисциплина кој се враќа на трката по едногодишна пауза, во областа Трентино-Јужен Тирол, во северна Италија. Патеката од 20,6 километри била поделена на неколку различни делови; започнувајќи на велодромот во Мори,[57] воведниот километар на етапата бил делумно рамен, пред искачувањето долго осум километри со наклон од 6,6% кон средната мерна точка.[56] Потоа доаѓал променлив рамен терен, пред пострмното искачување во Полса; на одредени делови имало наклон од 10%,[58] но сепак имало просек од 6,6% на 6,5 километри.[56] Како што е вообичаено на хронометарските етапи, возачите настапувале во обратен редослед од тоа како биле пласирани во генералниот пласман на крајот на претходната етапа.

Така, Рафаел Андријато од Вини Фантини-Селе Италија, кој бил на 172. место,[49] доцнел три часа, педесет и шест минути и педесет секунди зад предводникот на трката Винченцо НИбали (Астана), бил првиот возач кој настапил на патеката.[59] Сепак, Андријато не бил првиот возач кој ја преминал целта, бидејќи возачот на Еускалтел-Еускади Мигел Мингез, кој започнал веднаш зад него по една минута, го поминал и забележал време од 48' 55" на патеката.[60] Времето на Мингез се задржало околу петнаесетина минути додека Стив Камингс не го презел водството за БМЦ Рејсинг Тим, кога забележал време на патеката од 47' 08". Ерос Капеки бил првиот кој поминал под 47 минути за Мувистар Тим, пред возачот на Тим Скај Дарио Каталдо, италијанскиот национален хронометарски првак, да го преземе врвот со време од 46' 10".[60] Возачот на Бланко Про Сајклинг Стеф Клемент бил следниот возач кој забележал најбрзо време, постигнувајќи време за пет секунди побрзо од Каталдо, односно 46' 05".[59]

Дамијано Карузо (Канондејл) ја преминал границата од 45 минути со следното најбрзо време на патеката,[59] кога временските услови се промениле, особено во завршниот дел. Наместо сонце сега на патеката врнело дожд, на одредени моменти со засилен карактер. На крајот времето на Карузо било доволно добро за трето место на етапата; првиот возач кој го надминал ова време бил возачот на Еускалтел-Еускади Самуел Санчез, кој постигнал време од 45' 27",[60] време кое му овозможило да влезе во првите десет во генералниот пласман.[61] Меѓутоа, најдобриот резултат бил постигнат од предводникот на трката, Нибали. Поставувајќи најдобро време на средната мерна точка, Нибали ја завршил патеката за 44' 29",[59][62] кој ја освоил третата етапна победа на Џиро.[63] Исто така успеал да дојде само 24 секунди зад неговиот главен ривал во генералниот пласман, возачот на БМЦ Рејсинг Тим Кедел Еванс, кој започнал три минути пред него.[60] Поради тоа, водството на Нибали пораснало на 4' 02" пред Еванс,[64] додека возачот на Тим Скај Ригоберто Уран десет секунди зад него на третото место.[65]

Резултат од етапа 18
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Астана 44' 29"
2  Самуел Санчез (ШПА) Еускалтел-Еускади + 58"
3  Дамијано Карузо (ИТА) Канондејл + 1' 20"
4  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 1' 21"
5  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 1' 25"
6  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 1' 26"
7  Карлос Бетанкур (КОЛ) Бела маичка Аг2р-Ла Мондијал + 1' 32"
8  Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 1' 36"
9  Дарио Каталдо (ИТА) Тим Скај + 1' 41"
10  Данило ди Лука (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 1' 52"
Генерален пласман по етапата 18
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Астана 73ч 55' 58"
2  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 4' 02"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 4' 12"
4  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 5' 14"
5  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 6' 09"
6  Рафал Мајка (ПОЛ) Бела маичка Тим Саксо-Тинкоф + 6' 45"
7  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 6' 47"
8  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 7' 30"
9  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 8' 36"
10  Самуел Санчез (ШПА) Еускалтел-Еускади + 9' 34"

Етапа 19[уреди]

24 мај 2013 — Понте ди Лењо до Вал Мартело-Мартелтал, 160 км[66]

Деветнаесеттата етапа била сметана за кралска етапа на Џиро д’Италија 2013, со предвидено растојание од 139 километри.[67] Меѓутоа, како на претходните етапи од викендот до Бардонекија и Кол ду Галибие, предвидената рута била зафатена од лоши временски услови; организаторите на трката очекувале да падне снег на клучните планински делови.[68] Поради тоа, двете главни искачувања на етапата, Пасо ди Гавија од 16,5 километри и Пасо ди Стелвио од 21,7 километри (предвидениот Чима Копи, највисок врв,[68] на Џиро), највисоките искачувања на трката, биле повлечени од патеката. Изменетата рута била објавена ноќта пред предвидениот почеток на етапата.[69]

Заедно со продолжувањето на етапата за 21 километар биле додадени и две нови искачувања. Искачувањето Пасо дел Тонале од втора категорија била предвидено да биде своевиден тест за возачите, со просечен наклон од 7,5% на 8,3 километри,[66] било предвидено во првите 20 километри од етапата, додека Хофмадјох од прва категорија со просечен наклон од 9,5% на 8,4 километри било предвидена на половина од етапата.[66] Понатамошните лоши услови преку ноќта донеле уште повеќе снег на предвидената патека и на крајот организаторите на трката ја откажале етапата поради сигурносни причини; ова било прво откажување на етапа на Џиро поради временските услови од 1989, кога шеснаесеттата етапа била откажана и прво откажување во секоја форма од 2001, кога главната група одбила да вози на осумнаесеттата етапа поради рациите.[70] Возачите и екипите ја поддржале одлуката на организаторите на трката во врска со етапата.[71]

Подоцна било објавено дека возачот на Вини Фантини-Селе Италија Данило ди Лука имал позитивен тест на забранетиот гликобелковински хормон еритропоетин (ЕПО), кој го контролира производството на црвените крвни зрнца, на примерок земен една недела пред трката.[72] Откако добил известување за позитивниот тест на неговиот возач, менаџерот на екипата Анџело Читрака изјавил дека Ди Лука е отпуштен од екипата, по помалку од еден месец поминат со нив и дека ќе поведат правна постапка против Ди Лука.[73] Ди Лука, кој претходно служел петнаесетмесечна суспензија поради позитивен тест на еритропоетин на Џиро д’Италија 2009, го изразил своето „изненадување“ на позитивниот тест,[74] додека директорот на трката Микеле Аквароне луто изјавил за Ди Лука на конференција за печатот, опишувајќи го како „глуп“.[75]

Ист генерален пласман по етапата 19

Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Астана 73ч 55' 58"
2  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 4' 02"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 4' 12"
4  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 5' 14"
5  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 6' 09"
6  Рафал Мајка (ПОЛ) Бела маичка Тим Саксо-Тинкоф + 6' 45"
7  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 6' 47"
8  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 7' 30"
9  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 8' 36"
10  Самуел Санчез (ШПА) Еускалтел-Еускади + 9' 34"

Етапа 20[уреди]

25 мај 2013 — Силандро-Шландерс до Тре Чиме ди Лаваредо, 210 км[76]

Како неколку други етапи кои се одржале во втората половина на Џиро д’Италија, претпоследната етапа на трката била изменета поради лошите временски услови кои предизвикале опасни услови за возење. Првичната патека од 203 километри[77] била малку продолжена на 210 километри, но исто така значело дека трите од петте првично предвидени искачувања биле повлечени; Пасо Џау од прва категорија бил повлечен, заедно со Карер и Сан Пелегрино од втора категорија.[78] Со откажувањето на Пасо ди Стелвио од претходниот ден, искачувањето до Тре Чиме ди Лаваредо станало највисок врв на трката, односно Чима Копи.[79] Пасо Тре Крочи бил првиот дел од искачувањето со просечен наклон од 7,2% на 8 километри, пред да дојде до пократкото, но стрмно искачување Сант’Анџело. Последното искачување имало наклон над 11% во последните 4 километри, но достигнувало до 18% на одредени места.[80]

Бегството на денот било создадено по околу 25 километри, кога група од четворица возачи составена од претходниот етапен победник Адам Хансен (Лото-Белисол), Павел Брут од Тим Катјуша, возачот на РадиоШек-Леопард Јарослав Попович и возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Џаиро Ермети.[81] Четворката изградила предност од над осум минути во текот на етапата, пред главната група предводена од Еускалтел-Еускади, Колумбија и Канондејл да започне да ја намалува разликата. Кога водечките стигнале во Кортина д’Ампецо, нивната предност била околу три минути; на излезот од градот, Попович нападнал од групата. Брут и Хансен успеале да стигнат до него, пред Брут да нападне самиот. Брзо постигнал предност од околу една минути пред другите, кога возачот на Орика-ГринЕЏ Питер Венинг нападнал од групата следен од предводникот во планинскиот пласман Стефано Пираци (Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс) и Дарвин Атапума од Колумбија. Венинг го достигнал Хансен и двојката продолжила во потера за Брут, додека главната група била околу една минута зад лидерот и блиску до искачувањето.[81]

На врвот на Пасо Тре Крочи, Брут имал околу 30 секунди предност пред Венинг, кој се одвоил од Хансен, додека водечката група била 20 секунди зад него.[81] Во услови на снег, Брут бил достигнат на околу 9 километри пред крајот од страна на Венинг, Пираци, возачот на Омега Парма-Квик Степ Џанлука Брамбила и возачот на Мувистар Тим Ерос Капеки. Капеки отпочнал напад на почетокот на последното искачување,[82] стекнувајќи предност пред другите, но позади Винченцо Нибали во розевата маичка за Астана се одвоил од групата со неговиот колега Танел Кангерт.[83] На Нибали му се приклучило колумбиското дуо Ригоберто Уран (Тим Скај) и Карлос Бетанкур (Аг2р-Ла Мондијал) во еден момент и откако го достигнале Капеки, Нибали започнал друг напад, заминувајќи кон втора последователна етапна победа и обезбедувајќи го водството во генералниот пласман.[81] Возачот на Колумбија Фабио Дуарте стигнал до неговите сонародници и на крајот победил во спринтот за второто место, седумнаесет секунди зад Нибали, пред Уран и Бетанкур.[80] Во генералниот пласман, Нибало го зголемил вкупното водство на 4' 43" пред Уран, кој се поместил на второто место пред возачот на БМЦ Рејсинг Тим Кедел Еванс, кој имал потешкотии на искачувањето.[84] Бетанкур се поместил од седмото на петтото место во генералниот пласман и повторно го преземал пласманот за млад возач од возачот на Тим Саксо-Тинкоф Рафал Мајка.[85]

Резултат од етапа 20
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Астана 5ч 27' 41"
2  Фабио Дуарте (КОЛ) Колумбија + 17"
3  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 19"
4  Карлос Бетанкур (КОЛ) Аг2р-Ла Мондијал + 21"
5  Фабио Ару (ИТА) Астана + 44"
6  Франко Пелицоти (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела + 48"
7  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 54"
8  Дамијано Карузо (ИТА) Канондејл + 58"
9  Дарвин Атапума (КОЛ) Колумбија + 1' 00"
10  Рафал Мајка (ПОЛ) Бела маичка Тим Саксо-Тинкоф + 1' 04"
Генерален пласман по етапата 20
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Црвена маичка Астана 79ч 23' 19"
2  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 4' 43"
3  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 5' 52"
4  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 6' 48"
5  Карлос Бетанкур (КОЛ) Бела маичка Аг2р-Ла Мондијал + 7' 28"
6  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 7' 43"
7  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 8' 09"
8  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 10' 26"
9  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 10' 32"
10  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 10' 59"

Етапа 21[уреди]

26 мај 2013 — Ризе Пио X до Бреша, 197 км[86]

Откако претходните пет изданија на Џиро д’Италија завршиле со индивидуален хронометар, трката во 2013 завршила со друмска етапа. Без категоризирани искачувања на патеката и без многу нерамнини на патеката од 197 километри,[87] било очекувано етапата да заврши со масовен спринт во Бреша. Кога возачите ќе стигнат во Бреша, групата ја очекуваат осум круга од по 4,15 километри низ центарот на градот, додека последниот среден спринт се наоѓал при третиот премин низ завршната линија. На самата етапа се очекувало да се води борба за бодовниот пласман бидејќи предводникот на трката Винченцо Нибали (Астана) имал 11 бода предност пред возачот на Омега Парма-Квик Степ Марк Кевендиш,[88] додека на самата етапа можело да се освојат 41 бод. Поради церемонијалноста групата останала заедно сè до Бреша.[87]

Кевендиш ја намалил разликата во пласманот на три бода, откако поминал прв на воведниот среден спринт.[87] На возачот на Вини Фантини-Селе Италија Стефано Гарцели му било дозволено сам да се упати во Бреша на неговиот последен Џиро д’Италија,[89] пред Астана повторно да го преземе темпото. Џаиро Ермети (Андрони Џокатоли-Венецуела) нападнал втор ден по ред[88] и кога Кевендиш го достигнал и ја освоил втората борба за осум бода на другиот среден спринт, групата останала заедно со завршниот спринт.[87] Омега Парма-Квик Степ ја предводел групата во последниот километар за Кевендиш, заедно со Канондејл за Елија Вивијани; откако Матео Трентин забрзал, Кевендиш го отпочнал својот спринт и и покрај конкуренцијата од возачот на Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс Сака Модоло, стигнал до неговата петта етапна победа на трката,[90] станувајќи петти возачи кој ги освоил сите бодовни пласмани на сите Гранд Тур трки.[91] Нибали завршил со групата и го освоил генералниот пласман,[92] и негова втора победа на Гранд Тур,[93] по Вуелта а Еспања 2010.[94] Возачот на Аг2р-Ла Мондијал Карлос Бетанкур и Стефано Пираци (Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс) исто така ги потврдиле нивните победи во пласманот за млад возач и планинскиот пласман, соодветно.[95]

Резултат од етапа 21
Возач Екипа Време
1  Марк Кевендиш (ВБР) Омега Парма-Квик Степ 5ч 30' 09"
2  Сака Модоло (ИТА) Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс и.в.
3  Елија Вивијани (ИТА) Канондејл и.в.
4  Џакомо Ницоло (ИТА) РадиоШек-Леопард и.в.
5  Лука Мезгец (СЛО) Аргос-Шимано и.в.
6  Роберто Ферари (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
7  Кени Дехес (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
8  Мануел Белети (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
9  Џовани Висконти (ИТА) Мувистар Тим и.в.
10  Лука Паолини (ИТА) Тим Катјуша и.в.
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Винченцо Нибали (ИТА) Розева маичка Астана 84ч 53' 28"
2  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 4' 43"
3  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 5' 52"
4  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-Мерида + 6' 48"
5  Карлос Бетанкур (КОЛ) Бела маичка Аг2р-Ла Мондијал + 7' 28"
6  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-Мерида + 7' 43"
7  Рафал Мајка (ПОЛ) Тим Саксо-Тинкоф + 8' 09"
8  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 10' 26"
9  Мауро Сантамброџо (ИТА) Вини Фантини-Селе Италија + 10' 32"
10  Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 10' 59"

Забелешки[уреди]

  1. Маичките кои се појавуваат во табелата на левата страна од страницата ги означуваат возачите кои ги носат на одредената етапа, додека оние кои се појавуваат на десната страна на страницата ги означуваат возачите на кои им се доделени по етапата.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Профил на етапата 12: Лонгароне - Тревизо“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2013/pdf/altimetria_12.pdf. конс. 4 мај 2013. 
  2. Кевендиш победи на етапата 12 на Џиро д’Италија 2013“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 16 мај 2013 (конс. 17 мај 2013).
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Atkins, Ben. „Mark Cavendish takes his 100th victory through the pouring rain in Treviso“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 16 мај 2013 (конс. 17 мај 2013).
  4. 4,0 4,1 Hymas, Peter. „Марк Кевендиш победи на етапата 12“, „Cyclingnews“, Future plc, 16 мај 2013 (конс. 17 мај 2013).
  5. Ryan, Barry. „Cavendish hits lines for 100th time“, „Cyclingnews“, Future plc, 16 мај 2013 (конс. 17 мај 2013).
  6. Smith, Sophie. „Mark Cavendish's 100th victory since turning professional“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 16 мај 2013 (конс. 17 мај 2013).
  7. Mark Cavendish wins Giro d'Italia stage but Wiggins struggles“, „BBC Sport“, BBC, 16 мај 2013 (конс. 17 мај 2013).
  8. Farrand, Stephen. „Wiggins out of overall contention at the Giro d'Italia“, „Cyclingnews“, Future plc, 16 мај 2013 (конс. 17 мај 2013).
  9. Bradley Wiggins could pull out of Giro d'Italia“, „The Independent“, Independent Digital News and Media Limited, 16 мај 2013 (конс. 17 мај 2013).
  10. Brailsford addresses Wiggins struggles“, „Тим Скај“, BSkyB, 16 мај 2013 (конс. 17 мај 2013).
  11. „Профил на етапата 13: Бусето - Кераско“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2013/pdf/altimetria_13.pdf. конс. 4 мај 2013. 
  12. Farrand, Stephen. „Wiggins pulls out of the Giro d'Italia“, „Cyclingnews“, Future plc, 17 мај 2013 (конс. 18 мај 2013).
  13. Hesjedal quits the Giro d'Italia“, „Cyclingnews“, Future plc, 17 мај 2013 (конс. 18 мај 2013).
  14. 14,0 14,1 Cossins, Peter. „Cavendish takes sprint victory in Cherasco“, „Cyclingnews“, Future plc, 17 мај 2013 (конс. 18 мај 2013).
  15. Farrand, Stephen. „Cavendish: "I can do miraculous things when a team believes in me"“, „Cyclingnews“, Future plc, 17 мај 2013 (конс. 18 мај 2013).
  16. „Червере - Бардонекија“. „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/Giroditalia/2013/classifiche/it/t_14_class.shtml?lang=it. конс. 19 мај 2013. 
  17. „Профил на етапата 14: Червере - Бардонекија“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2013/pdf/altimetria_14.pdf. конс. 4 мај 2013. 
  18. Breaking news: Sestriere cut from stage 14 Giro d'Italia route“, „Cyclingnews“, Future plc, 18 мај 2013 (конс. 19 мај 2013).
  19. And now for the mountains; weather permitting“, „La Gazzetta dello Sport“, RCS MediaGroup, 18 мај 2013 (конс. 19 мај 2013).
  20. 20,0 20,1 Westemeyer, Susan. „Santambrogio wins stage 14 of the Giro d'Italia“, „Cyclingnews“, Future plc, 18 мај 2013 (конс. 19 мај 2013).
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 Atkins, Ben. „Santambrogio climbs through the Bardonecchi mist as Nibali consolidates“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 18 мај 2013 (конс. 19 мај 2013).
  22. Hood, Andrew. „After padding his lead, the Giro is Nibali's to lose“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 18 мај 2013 (конс. 19 мај 2013).
  23. Vincenzo Nibali claims second to extend lead“, „BBC Sport“, BBC, 18 мај 2013 (конс. 19 мај 2013).
  24. Puddicombe, Stephen. „Mauro Santambrogio wins Giro d'Italia stage 14 as Nibali strengthens lead“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 18 мај 2013 (конс. 19 мај 2013).
  25. Santambrogio wins Giro stage 14 as Nibali extends GC lead“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 18 мај 2013 (конс. 19 мај 2013).
  26. 26,0 26,1 „Чезана Торинезе - Ле Гранж ду Галибие“. „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/Giroditalia/2013/it/percorso-tappe/tappe.shtml?t=15&lang=it. конс. 21 мај 2013. 
  27. „Профил на етапата 15: Чезана Торинезе - Кол ду Галибие“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2013/pdf/altimetria_15.pdf. конс. 4 мај 2013. 
  28. Farrand, Stephen. „Galibier stage of the Giro d'Italia to end at the Pantani monument“, „Cyclingnews“, Future plc, 18 мај 2013 (конс. 21 мај 2013).
  29. Stage 15 Brief“, „Cyclingnews“, Future plc, 27 јули 1998 (конс. 21 мај 2013).
  30. Hood, Andrew. „Altered route impacts the Giro's decisive weekend“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 18 мај 2013 (конс. 21 мај 2013).
  31. Explosive Finish on Snow Covered Galibier“, „Омега Парма-Квик Степ“, Decolef, 19 мај 2013 (конс. 21 мај 2013).
  32. 32,0 32,1 32,2 Atkins, Ben. „Giovanni Visconti conquers the Galibier snow on Pantani Memorial stage“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 19 мај 2013 (конс. 21 мај 2013).
  33. Visconti wins stage 15 of the Giro d'Italia“, „Cyclingnews“, Future plc, 19 мај 2013 (конс. 21 мај 2013).
  34. Ryan, Barry. „White jersey battle not a concern for Majka“, „Cyclingnews“, Future plc, 20 мај 2013 (конс. 21 мај 2013).
  35. Atkins, Ben. „Carlos Betancur: "The white jersey was a goal for me"“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 19 мај 2013 (конс. 21 мај 2013).
  36. 36,0 36,1 36,2 „Профил на етапата 16: Валоар - Ивреа“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2013/pdf/altimetria_16.pdf. конс. 4 мај 2013. 
  37. Lowe, Felix. „Intxausti surges to stage 16 victory“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 21 мај 2013 (конс. 22 мај 2013).
  38. Pryde, Kenny. „Benat Intxausti continues Movistar's successful Giro d'Italia with stage 16 win“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 21 мај 2013 (конс. 22 мај 2013).
  39. 39,0 39,1 39,2 39,3 Atkins, Ben. „More success for Beñat Intxausti as he takes stage 16 in three-up sprint“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 21 мај 2013 (конс. 22 мај 2013).
  40. 40,0 40,1 Benson, Daniel. „Intxausti wins stage 16“, „Cyclingnews“, Future plc, 21 мај 2013 (конс. 22 мај 2013).
  41. Atkins, Ben. „Stefano Pirazzi tightens grip on mountains jersey after another another day on the attack“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 21 мај 2013 (конс. 22 мај 2013).
  42. Farrand, Stephen. „Santambrogio has a bad day at the Giro d'Italia“, „Cyclingnews“, Future plc, 21 мај 2013 (конс. 22 мај 2013).
  43. Intxausti wins stage 16 of 2013 Giro d'Italia“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 21 мај 2013 (конс. 22 мај 2013).
  44. Farrand, Stephen. „Intxausti remembers Tondo with classy Giro d'Italia stage victory“, „Cyclingnews“, Future plc, 21 мај 2013 (конс. 22 мај 2013).
  45. Hood, Andrew. „Intxausti wins emotional Giro stage for Tondo“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 21 мај 2013 (конс. 22 мај 2013).
  46. 46,0 46,1 „Профил на етапата 17: Караваџо - Виченца“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2013/pdf/altimetria_17.pdf. конс. 4 мај 2013. 
  47. The race preview“, „Cyclingnews“, Future plc, 24 април 2013 (конс. 23 мај 2013).
  48. Crosara Thwarts Sprint Hopes“, „Омега Парма-Квик Степ“, Decolef, 22 мај 2013 (конс. 23 мај 2013).
  49. 49,0 49,1 49,2 Hymas, Peter. „Visconti wins stage 17“, „Cyclingnews“, Future plc, 22 мај 2013 (конс. 23 мај 2013).
  50. 50,0 50,1 50,2 50,3 Atkins, Ben. „Giovanni Visconti gives Campagnolo an 80th anniversary present on stage 17“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 22 мај 2013 (конс. 23 мај 2013).
  51. Giovanni Visconti wins stage 17 after solo break“, „BBC Sport“, BBC, 22 мај 2013 (конс. 23 мај 2013).
  52. Ryan, Barry. „Visconti looks to turn the page at Giro d'Italia“, „Cyclingnews“, Future plc, 22 мај 2013 (конс. 23 мај 2013).
  53. Giovanni Visconti takes 2nd solo victory at Giro“, „USA Today“, Larry Kramer; Gannett Company, 22 мај 2013 (конс. 23 мај 2013).
  54. Visconti wins stage 17 of the 2013 Giro d’Italia“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 22 мај 2013 (конс. 23 мај 2013).
  55. Farrand, Stephen. „Navardauskas mistakenly celebrates victory in Giro d'Italia stage 17“, „Cyclingnews“, Future plc, 22 мај 2013 (конс. 23 мај 2013).
  56. 56,0 56,1 56,2 „Профил на етапата 18: Мори - Полза“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2013/pdf/altimetria_18.pdf. конс. 4 мај 2013. 
  57. Nibali wins stage 18 time trial at 2013 Giro d'Italia“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 23 мај 2013 (конс. 24 мај 2013).
  58. TT firms up race lead in Giro“, „РадиоШек-Леопард“, Leopard SA, 23 мај 2013 (конс. 24 мај 2013).
  59. 59,0 59,1 59,2 59,3 Westemeyer, Susan. „Nibali wins mountain time trial to Polsa“, „Cyclingnews“, Future plc, 23 мај 2013 (конс. 24 мај 2013).
  60. 60,0 60,1 60,2 60,3 Atkins, Ben. „Vincenzo Nibali tightens his grip with stage 18 time trial victory“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 23 мај 2013 (конс. 24 мај 2013).
  61. Lowe, Felix. „Nibali wins stage 18 time trial to cement lead“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 23 мај 2013 (конс. 24 мај 2013).
  62. Vincenzo Nibali storms to victory in stage 18“, „BBC Sport“, BBC, 23 мај 2013 (конс. 24 мај 2013).
  63. Vincenzo Nibali tightens Giro d'Italia lead“, „The Australian“, News Limited, 24 мај 2013 (конс. 24 мај 2013).
  64. Ryan, Barry. „Nibali in a race of his own at Giro d'Italia“, „Cyclingnews“, Future plc, 23 мај 2013 (конс. 24 мај 2013).
  65. Farrand, Stephen. „Evans admits he had a bad time trial at the Giro d'Italia“, „Cyclingnews“, Future plc, 23 мај 2013 (конс. 24 мај 2013).
  66. 66,0 66,1 66,2 „Понте ди Лењо - Вал Мартело/Мартелтал“. „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/Giroditalia/2013/it/percorso-tappe/tappe.shtml?t=19&lang=it. конс. 24 мај 2013. 
  67. „Профил на етапата 19: Понте ди Лењо - Вал Мартело-Мартелтал“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2013/pdf/altimetria_19.pdf. конс. 4 мај 2013. 
  68. 68,0 68,1 Farrand, Stephen. „Race organisers RCS Sport expect to cut key climbs from mountain stages due to weather warnings“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 22 мај 2013 (конс. 25 мај 2013).
  69. Atkins, Ben. „Snow forces removal of Stelvio and Gavia from stage 19 route“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 23 мај 2013 (конс. 25 мај 2013).
  70. Stage 19 cancelled because of heavy snow“, „BBC Sport“, BBC, 24 мај 2013 (конс. 25 мај 2013).
  71. Reactions to the cancellation of stage 19“, „Cyclingnews“, Future plc, 24 мај 2013 (конс. 25 мај 2013).
  72. Fotheringham, William. „Danilo Di Luca faces lifetime ban after testing positive for EPO“, „The Guardian“, Guardian Media Group, 24 мај 2013 (конс. 25 мај 2013).
  73. Farrand, Stephen. „Di Luca sacked by Vini Fantini after EPO positive“, „Cyclingnews“, Future plc, 24 мај 2013 (конс. 25 мај 2013).
  74. Di Luca "surprised" by positive test for EPO“, „Cyclingnews“, Future plc, 24 мај 2013 (конс. 25 мај 2013).
  75. Farrand, Stephen. „Acquarone on Di Luca: How can a person of his age be so stupid?“, „Cyclingnews“, Future plc, 24 мај 2013 (конс. 25 мај 2013).
  76. „Понте ди Лењо - Вал Мартело/Мартелтал“. „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/Giroditalia/2013/it/percorso-tappe/tappe.shtml?t=20&lang=it. конс. 26 мај 2013. 
  77. „Профил на етапата 20: Силандро/Шландерс - Тре Чиме ди Лаваредо“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2013/pdf/altimetria_20.pdf. конс. 4 мај 2013. 
  78. Puddicombe, Stephen. „Vincenzo Nibali wins Giro d'Italia stage 20 to close in on overall win“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 25 мај 2013 (конс. 26 мај 2013).
  79. Ryan, Barry. „Giro d'Italia will reach Tre Cime di Lavaredo in spite of snow, says Vegni“, „Cyclingnews“, Future plc, 24 мај 2013 (конс. 26 мај 2013).
  80. 80,0 80,1 Fotheringham, Alasdair. „Nibali wins at Tre Cime di Lavaredo“, „Cyclingnews“, Future plc, 25 мај 2013 (конс. 26 мај 2013).
  81. 81,0 81,1 81,2 81,3 Atkins, Ben. „Vincenzo Nibali attacks through the stage 20 blizzard to win on the Tre Cime“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 25 мај 2013 (конс. 26 мај 2013).
  82. Vincenzo Nibali wins stage 20 to all-but secure title“, „BBC Sport“, BBC, 25 мај 2013 (конс. 26 мај 2013).
  83. Ryan, Barry. „Astana guard helps Nibali to Giro d'Italia victory“, „Cyclingnews“, Future plc, 25 мај 2013 (конс. 26 мај 2013).
  84. Ryan, Barry. „Nibali was untouchable, says Uran“, „Cyclingnews“, Future plc, 25 мај 2013 (конс. 26 мај 2013).
  85. Farrand, Stephen. „Betancur takes back the white jersey at the Giro d'Italia“, „Cyclingnews“, Future plc, 25 мај 2013 (конс. 26 мај 2013).
  86. „Профил на етапата 21: Ризе Пио X - Бреша“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2013/pdf/altimetria_21.pdf. конс. 4 мај 2013. 
  87. 87,0 87,1 87,2 87,3 Atkins, Ben. „Mark Cavendish's fifth stage crowns Vincenzo Nibali's final victory“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 26 мај 2013 (конс. 27 мај 2013).
  88. 88,0 88,1 Benson, Daniel. „Nibali wins 2013 Giro d'Italia“, „Cyclingnews“, Future plc, 26 мај 2013 (конс. 27 мај 2013).
  89. Atkins, Ben. „Vini Fantini-Selle Italia offering Giro d'Italia swan song to Garzelli and Di Luca“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 29 април 2013 (конс. 27 мај 2013).
  90. Farrand, Stephen. „Cavendish: I'm addicted to winning“, „Cyclingnews“, Future plc, 26 мај 2013 (конс. 27 мај 2013).
  91. Fotheringham, William. „Mark Cavendish takes Giro red points jersey to join grand tour greats“, „The Guardian“, Guardian Media Group, 26 мај 2013 (конс. 27 мај 2013).
  92. Cavendish wins Giro finale as Nibali clinches title“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 26 мај 2013 (конс. 27 мај 2013).
  93. Richardson, Simon. „Mark Cavendish wins final stage of Giro d'Italia, Nibali secure in pink“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 26 мај 2013 (конс. 27 мај 2013).
  94. Hood, Andrew. „What we learned from the 2013 Giro d'Italia“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 27 мај 2013 (конс. 27 мај 2013).
  95. Vincenzo Nibali wins as Mark Cavendish takes red“, „BBC Sport“, BBC, 26 мај 2013 (конс. 27 мај 2013).