Бернхард Ајзел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бернхард Ајзел

Бернхард Ајзел на Шелдепрејс 2012
Лични податоци
Цело име Бернхард Ајзел
Роден 17 февруари 1981 (1981-02-17) (33 г.)
Фојтсберг, Австрија
Висина 1,83 м
Маса 76 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за класици
Аматерски клубови
Ринаскита Ормеле
Гли Амичи Пјаве
Професионални клубови
2001–2002
2003–2006
2007–2011
2012–
Мапеи-Квик Степ
FDJeux.com
Т-Мобајл Тим
Тим Скај
Значајни победи
Вуелта а Еспања, 1 етапа ТТТ
Тур де Свис, 2 етапи
Волта ао Алгарве, 4 етапи
Гент-Вевелгем (2010)
Париз-Бург (2008)
Меѓународно првенство Филаделфија (2007)
Последна промена
6 јануари 2013

Бернхард Ајзел (германски: Bernhard Eisel; р. 17 февруари 1981 во Фојтсберг) — австриски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.[1]

Кариера[уреди]

Тој ја освоил неговата прва трка, кога имал 11 години. Оттогаш тој освоил многу трки. Кога имал 17 години се преселил во Италија да се трка за екипата Ринаскита Ормеле, со седиште во Тревизо. Потоа, се преместил во Гли Амичи Пјаве, екипата на Морено-Аргентин. Во 2001 ѝ се приклучил на екипата Мапеи-Квик Степ и станал професионален велосипедист, од 2003 се придружил на FDJeux.com.

Во 2007, Ајзел се приклучил на Т-Мобајл Тим. Ајзел имал успеси во првата сезона со неговата главна победа на втората етапа на Волта ао Алгарве. Ајзел се доживува себеси како помогач на спринтерот и колегата Марк Кевендиш, заштитувајќи го низ рамните и планинските етапи[2] и го создава делот на водечкиот воз на ХТЦ, кој му донел многу победи на Кевендиш на Тур де Франс и на други трки. Ајзел исто така гледа можности да вози за себе, главно на класиците. Тој го освоил Париз-Бурж во 2008 и Гент-Вевелгем во 2010, а во 2011, Ајзел го забележал неговиот најдобар пласман на монументот Париз-Рубе завршувајќи седми.

По најавата, дека ХТЦ-Хајроад би се распуштил на крајот на 2011, Ајзел му се придружил на Марк Кевендиш во преселбата во Тим Скај.[3] Откако Кевендиш објавил дека сака да го раскине тригодишниот договор со екипата пред истекот и да се префрли во Омега Парма-Квик Степ, Ајзел објавил дека ќе остане со Тим Скај до крајот на сезоната 2015.[4]

Достигнувања[уреди]

2002
1. Радкласик-Глајсдорф
2. Краен пласман Париз-Корез
2003
1. Етапа 4 Тур ду Лимузин
3. Краен пласман ГП Ерик Бројкинк
1. Етапа 2
7. Краен пласман Сиркут Франко Белж
2004
1. Етапа 3 Критериум де Еспоар
1. Бад Ишл
2005
Волта ао Алгарве
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 1 Тур де Свис
1. Етапа 4 Гран Премио Интернационал да Коста Азул
2006
1. Етапа 4 Трка околу Катар
1. Етапа 2 Волта ао Алгарве
1. Грацер Алтштат Критериум
1. Мајрхофен Европа-Критериум
2. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Етапа 2a
5. Париз-Рубе
2007
1. Етапа 2 Волта ао Алгарве
1. Класик Ланкастер
1. Класик Рединг
1. Критериум Линц
3. Меѓународно првенство Филаделфија
2008
1. Етапа 5 Волта ао Алгарве
1. Париз-Бург
3. Класик Рединг
2009
1. Етапа 2 Тур де Свис
1. Велзер Шпаркасен Иненштат-Критериум
2. Курне-Брисел-Курне
3. Национални друмски првенства
9. Шелдепрејс Вландерен
2010
1. Гент-Вевелгем
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
7. Париз-Бурж
8. Омлоп хет Ниувсблад
9. Париз-Тур
2011
7. Париз-Рубе
7. Гент-Вевелгем
8. Краен пласман Трка околу Катар
2012
3. Е3 Харелбеке
2013
5. Краен пласман Трка околу Катар
7. Гент-Вевелгем
10. Милано-Сан Ремо

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 63  —  —  —  —  —  —  —  — 152  —
Jersey yellow.svg Тур 131 143 107 121 144 150 148 155 160 146  —
Jersey red.svg Вуелта  — СО СО  —  —  —  — СО  —  —  —

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. Тим Скај (SKY) – ВБР“, „Светска турнеја UCI“, Меѓународен велосипедистички сојуз (конс. 4 јануари 2014).
  2. Мекграт, Енди (11 октомври 2011). „Ајзел го следи Кевендиш во Тим Скај“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/530430/eisel-follows-cavendish-to-team-sky.html. конс. 11 октомври 2011. 
  3. Кевендиш, Ајзел им се придружуваат на Тим Скај“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 11 октомври 2011 (конс. 6 јануари 2012).
  4. „Ајзел останува со Скај до 2015“. „Cyclingnews.com“. Future Publishing Limited. 19 октомври 2012. http://www.cyclingnews.com/news/eisel-extends-with-sky-until-2015. конс. 21 октомври 2012. 

Надворешни врски[уреди]