Матија Гаваци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Матија Гаваци
Лични податоци
Цело имеМатија Гаваци
Роден14 јуни 1983(1983-06-14)(40 г.)
Изео, Италија
Податоци за клубот
Мом. клубАморе & Вита
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Професионални клубови
2006
2006
2007
2008
2009
2010
2013
2014 - јуни 2014
јуни 2014-
Тим ЛРП
Аморе е Вита
Кио Ене-Тонаци-ДМТ
Прети Мангми
Диквиџовани-Андрони
Колнаго-ЦСФ Инокс
Андрони Џокатоли-Венецуела
Кристина Вочес-Дана
Аморе & Вита-Селе СМП
Последна промена
23 октомври 2014

Матија Гаваци (италијански: Mattia Gavazzi; р. 14 јуни 1983) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Аморе & Вита. Во април 2010, Гаваци бил суспендиран од Меѓународниот велосипедистички сојуз откако се покажал позитивен на тестирање за кокаин. Неговото враќање било на Тур де Сан Луис во 2013.[1] Се истакнува како спринтер.

Кариера[уреди | уреди извор]

Таткото на Матија Гаваци, Пјерино Гаваци бил исто така професионален возач.

Освоил етапа на Џиробио 2004, издание на Џиро д’Италија наменето за млади аматерски возачи. Станал професионалец во 2006 за екипата ЛПР, но се приклучил кон екипата Аморе е Вита на средина на сезоната. По неговите добри резултати потпишал за Кио Ене следната година. Со нив постигнал шест победи во 2007, вклучувајќи три на Тур де Норманди, покажувајќи го својот талент како спринтер.

Во 2008 останал со истата екипа, кој сега била позната како Прети Мангми. Во февруари го освоил второто место на етапа на Тур де ла Гросето, зад Данило Наполитано и пред Филипо Поцато. Следниот месец повторно бил втор на Копи е Бартали, каде бил победен од Франческо Кики. Во април освоил етапа на Сетимана Сиклиста Ломбарда, а во мај Џиро ди Тоскана, победувајќи го Кики.

Во 2009 потпишал за Сераменти ПВЦ Диквиџовани-Андрони Џокатоли. Освоил етапа на Тур де Сан Луис и доминирал на Тур де Лагкави, освојувајќи четири етапи и бодовниот пласман.

Во 2010 се префрлил во Колнаго-ЦСФ Инокс и ја забележал првата победа во годината на етапа на Сетимана Сиклиста Ломбарда во почетокот на април. Меѓутоа, примерокот на урина земен два дена претходно бил позитивен на присуство на кокаин и поради тоа добил суспензија. Претходно во 2004 како аматер веќе добил 14-месечна суспензија поради позитивен тест на кокаин.[2]

Гаваци се вратил на Тур де Сан Луис 2013, каде победил на последната етапа кога го победил Словакот Петер Саган (Канондејл).[3] Во април победил на Џиро ди Тоскана, ридеста трка каде ги победил Иван Ровни и Тејлор Фини во спринт.[4] На крајот на сезоната 2013, Гаваци го раскинал договорот со Андрони Џокатоли-Венецуела.[5] Менаџерот на Андрони Џани Савио тврдел дека раскинувањето на договорот со Гаваци бил поради неговото барање за загарантирано место на Џиро д’Италија 2014. Гаваци потпишал со екипата Кристина Вочес-Дана за сезоната 2014.[6]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2004
1. Етапа 10 Џиробио
2007
Јадранска магистрала
1. Етапа 2
1. Етапа 3
2. Краен пласман Тур де Норманди
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 2 Тур де Навара
2008
1. Етапа 2 Сетимана Сиклиста Ломбарда
1. Џиро ди Тоскана
1. Етапа 5 Сиркуит де Лорена
1. Етапа 5 Трка Бриксија
2009
1. Етапа 1 Тур де Сан Луис
Тур де Лангкави
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 3 Сетимана Сиклиста Ломбарда
Трка Бриксија
1. Етапа 1а
1. Етапа 5
Вуелта а Венецуела
1. Етапа 3а
1. Етапа 3b
1. Етапа 4
2010
1. Етапа 2 Сетимана Сиклиста Ломбарда
2013
1. Џиро ди Тоскана
1. Етапа 7 Тур де Сан Луис
1. Етапа 3b Сибиу
1. Етапа 3 Вуелта а Венецуела
2. Класик Шатору
2014
Трка околу езерото Ќингхај
1. Етапа 11
1. Етапа 13
1. Етапа 2 Трка околу Кина I
3. Бања Лука-Белград I

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бенсон, Даниел (22 јануари 2013). „Гаваци го започна неговото враќање на Тур де Сан Луис“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 25 јануари 2013.
  2. „Матија Гаваци позитивен на кокаин“. CyclingNews. Future Publishing Limited. 21 април 2010. Посетено на 13 февруари 2013.
  3. Бенсон, Даниел (27 јануари 2013). „Дијаз победи на Тур де Сан Луис“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2013-01-30. Посетено на 13 февруари 2013.
  4. „Гаваци победи на Џиро ди Тоскана“. Cyclingnews. Future plc. 28 април 2013. Посетено на 28 април 2013.
  5. Фаранд, Стивен (8 јануари 2014). „Gavazzi rescinds his contract with the Androni-Venezuela team“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 8 јануари 2014.
  6. Јоханесен, Јеспер (30 јануари 2014). „Christina Watches sign Gavazzi, Rossi, and Baliani“. CyclingQuotes. JJnet.dk A/S. Посетено на 23 април 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]