Михаел Албасини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Михаел Албасини

Албасини на Трката околу Австрија 2009
Лични податоци
Цело име Михаел Албасини
Прекар Алба
Роден 20 декември 1980 (1980-12-20) (33 г.)
Мендрисио, Швајцарија
Висина 1,72 м
Маса 65 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Орика-ГринЕЏ
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
2001 Фаса Бортоло (стажант)
Професионални клубови
2003–2004
2005–2008
2009–2011
2012–
Фонак
Ликвигас-Бјанки
Тим Колумбија-Хај Роад
ГринЕЏ
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
1 ТТТ етапа (2013)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2011)

Етапни трки

Трка околу Австрија (2009)
Волта а Каталуња (2012)
Последна промена
25 април 2014

Михаел Албасини (германски: Michael Albasini; р. 20 декември 1980) — швајцарски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Орика-ГринЕЏ.[1] Албасини ја започнал неговата кариера во 2003 со Фонак, а се преселил во Ликвигас-Бјанки на почетокот на 2005, додека од сезоната 2009 возел за Тим Колумбија-Хај Роад. За оваа сезона потпишал со новата австралиска велосипедска екипа ГринЕЏ.[2]

Во 2012, Албасини постигнал огромен успех на трката од Светската турнеја Волта а Каталуња. Трката со шест етапи не содржела хронометри и Албасини го преземал водството преку победа на првата етапа пред Антони Делаплас од Сор-Сожасун, добивајќи 42 секунди во генералниот пласман.[3] На следната етапа, тој бил дел од некоја група од околу 20 возачи кои стигнале на целта со Бредли Вигинс по денот низ планините, а каде ги поминал неговите ривали, освојувајќи својата втора победа по ред.[4] Ја одржал неговата предност на следните планински етапи, освојувајќи го генералниот пласман со 1 минута и 30 секунди пред второпласираниот Самуел Санчез од Еускалтел-Еускади.[5]

Достигнувања[уреди]

1998
1. MaillotSuiza.PNG Друмски првак под 19 години
2001
4. Краен пласман Стер Електротур
2002
1. Европска Унија Друмски првак под 23 години
7. Џиро дел Лаго Маџоре
2004
5. Мајстершафт фон Цирих
9. Париз-Бурж
2005
Тур де Свис
1. Етапа 5
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
7. Краен пласман Три дена Де Пане
10. Џиро дела Ромања
2006
3. Гран при Фурмие
Тур де Свис
1. Jersey red.svg Планински пласман
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2007
5. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1. Етапа 4
2008
2. ГП Мигуел Индураин
2. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Етапа 3
3. Краен пласман Медитеранска трка
6. Тур ду Хаут Вар
7. Флеш Валон
8. Гран Премио ди Лугано
2009
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 2
1. Етапа 4 Вуелта ал Паис Васко
1. Етапа 5 Тур де Свис
9. Флеш Валон
2010
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Британија
1. Етапа 3
4. Краен пласман Трка околу Полска
10. Флеш Валон
2011
1. Етапа 13 Вуелта а Еспања
1. ГП Кантон Аргау
1. Jersey red.svg Планински пласман Трка околу Баскија
3. Краен пласман Трка околу Баварија
1. Етапа 3
4. Краен пласман Трка околу Оман
2012
1. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 8 Тур де Свис
2. Флеш Валон
2. Национално друмско првенство
4. ГП Кантон Аргау
2013
1. ГП Кантон Аргау
1. Етапа 4 Париз-Ница
1. Етапа 4 (ТТТ) Тур де Франс
2014
7. Трофео Муро-Порт д’Алкудија
7. Флеш Валон

Наводи[уреди]

  1. „Орика-ГринЕЏ (OGE) – AUS“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=NDA3Mw&RefDate=09.01.2013&MenuId=MTYzMDE&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTYzMDE%26LangId%3D1. конс. 9 јануари 2013. 
  2. Обри, Џејн. „Албасини му се придружи на ГринЕЏ по „лесната одлука““, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 5 септември 2011 (конс. 1 јануари 2012).
  3. Аткинс, Бен. „Михаел Албасини сам до победа на Волта а Каталуња“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 19 март 2012 (конс. 14 јануари 2013).
  4. Албасини победи втора етапа по ред на Каталуња“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 март 2012 (конс. 14 јануари 2013).
  5. Албасини победи во Каталуња“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 25 март 2012 (конс. 14 јануари 2013).

Надворешни врски[уреди]