Оливер Цауг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оливер Цауг

Цауг на Тур де Романди 2011
Лични податоци
Цело име Оливер Цауг
Роден 9 мај 1981 (1981-05-09) (33 г.)
Лахен, Швајцарија
Висина 1,70 м
Маса 56 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Тинкоф-Саксо
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2004–2006
2007–2008
2009–2010
2011–2012
2013–
Соние Дувал-Продир
Геролштајнер
Ликвигас
Леопард Трек
Тим Саксо-Тинкоф
Значајни победи
Џиро ди Ломбардија (2011)
Последна промена
22 јуни 2014

Оливер Цауг (германски: Oliver Zaugg; р. 9 мај 1981) — швајцарски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Тинкоф-Саксо.[1]

Цауг ја освоил првата поголема трка во 2011, Џиро ди Ломбардија.[2] Нападнал на искачувањето Вила Вергано на 10 километри пред целта, упатувајќи се сам кон победа. Бил следен неумоливо од водечката група, но не го достигнале. Ја поминал целта со предност од 15 секунди пред најблискиот ривал, Даниел Мартин од Гармин-Сервело.[3] Во 2012 се обидел да ја обрани титулата на Џиро ди Ломбардија и покажал добар резултат, завршувајќи во групата зад победникот на осмото место, откако Хоаким Родригез (Тим Катјуша) ја освоил трката.[4]

Цауг го напуштил РадиоШек-Нисан на крајот на сезоната 2012 и потпишал со Тим Саксо-Тинкоф за сезоната 2013.[1]

Достигнувања[уреди]

2006
7. Краен пласман Рута дел Сол
8. Тур д’Емилија
2008
8. ГП Кантон Аргау
2010
1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
2011
1. Џиро ди Ломбардија
8. ГП Бруно Бегели
9. Тур д’Емилија
2012
8. Џиро ди Ломбардија

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Победникот на Џиро ди Ломбардија 2011 во Саксо Банк-Тинкоф Банк“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 20 септември 2012 (конс. 20 септември 2012).
  2. Оливер Цауг ја заработи својата прва голема победа во Џиро ди Ломбардија“, „Universal Sports“, Associated Press, 15 октомври 2011 (конс. 15 октомври 2011).
  3. Даниел Фрибе. „Цауг сам до победа во Ломбардија“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 15 октомври 2011 (конс. 17 август 2012).
  4. Даниел Бенсон. „Родригез победи на Џиро ди Ломбардија“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 29 септември 2012 (конс. 1 октомври 2012).

Надворешни врски[уреди]