Вуелта а Еспања 2012 - етапа 1 до етапа 11

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Преглед на етапите; црвените линии ги означуваат растојание поминати на самите етапи, додека црните испрекинати линии ги означуваат растојанијата поминати во префрлувања помеѓу етапите.

Вуелта а Еспања 2012 започнала на 18 август, а етапата 11 ќе се случи на 29 август. Изданието во 2012 започнало со екипен хронометар - каде сите членови на екипата започнале заедно да возат на патеката во борба против часовникот - во Памплона, Навара и трката ќе остане во Шпанија, с до завршницата на осмата етапа, кога се оди на врвот Колада де ла Галина во Андора. По деветтата етапа следува првиот ден за одмор и се од Барселона до Пуентеареас; друмската етапа е следена од единствениот индивидуален хронометар на трката, кога секој член на екипата ќе вози сам на патеката во борба со часовникот.

Мувистар Тим биле победници на воведниот екипен хронометар, забележувајќи време за десет секунди побрзо од другите екипи; нивниот прв возач кој ја поминал целта, Џонатан Кастровјехо, станал првиот водач на трката. Го одржал неговото водство на првата друмска етапа следниот ден - првата од четирите етапни победи за германскиот спринтер Џон Дегенколб, кој исто така победи на етапите 5, 7 и 10 – но го загубил водството на првата етапа со завршница на нагорнина на етапата. Меѓутоа црвената маичка останала во рамките на екипата, бидејќи Алехандро Валверде избил во генералниот пласман откако го победил Хоаким Родригез со фотофиниш на крајот на етапата. Валверде го изгубил водството следниот ден, откако учествувал во пад со неколку други членови од неговата екипа, додека темпото на групата било зголемено од екипата Тим Скај. Како последица, Валверде ги обвинил Тим Скај, додека неговиот тимски менаџер водел расправии со членовите на екипата Тим Скај. Потоа Родригез го преземал водството на трката, но држел мала предност од една секунда пред Крис Фрум.

Немало никакви промени во пласманот до втората завршница на нагорнина на шестата етапа, кога Родригез и Фрум биле двајцата кандидати за етапна победа. Фрум нападнал, но го следел Родригез, кој со вториот напад се одвоил од Фрум и се временските бонуси на целта, го зголемил своето водство за десет секунди. Во Андора, повторно борба меѓу главните ривали за трката; едно време, Алберто Контадор нападнал на чело на групата и држел предност од десет секунди – гледајќи кон неговата прва победа по неговото враќање по завршувањето на суспензијата – пред да ја намали брзината и Валверде и Родригез да го победат на целта, додека Фрум доцнел многу зад нив. Родригез додал нови дваесет секунди предност на неговото водство следниот ден, откако нападнал на последното искачување и неговата предност од околу една мунута пред индивидуалниот хронометар било сосема доволна за него да го одржи водството по етапата; го имал седмото најбрзо време на етапата и ја зачувал црвената маичка, со само една секунда пред Контадор, кој го поместил Фрум во пласманот. Како последица на тоа, Родригез имал уште шанса за победа на трката во втората половина на Вуелта, каде имало повеќе планински етапи.

Легенда[N 1]
  A red jersey   Го означува предводникот во генералниот пласман   A bluedotted jersey   Го означува предводникот во планинскиот пласман
  A green jersey   Го означува предводникот во бодовниот пласман   A white jersey   Го означува предводникот во комбинираниот пласман
  A jersey with a white rider number on a red background   Го означува возачот, кој е одреден како најборбен на денот и.в. Возачот кој ја поминал целта во иста група како оној кој го добил времето над него и затоа му се доделува истото завршно време.

Етапа 1[уреди]

18 август 2012 — Памплона, 16,5 км, екипен хронометар (TTT)[1]

Трета година по ред, Вуелта започнала со екипен хронометар; овојпат, започнала во градот Памплона во Навара, првпат домаќин на Вуелта од 1994, кога Французинот Лорен Жалабер ја освоил тринаесеттата етапа на трката. Самата етапа била во и околу Памплона, додека последниот километар од етапата поминувал по патеката на познатата Трка со бикови, кога се одржала еден месец претходно на фестивалот Сан Фермин. Како и Трката со бикови, етапата завршила во средина на Плаза де Торос, главната арена за бикови во градот. Каха Рурал-Сегурос РГА била првата екипа од 22 кои започнале на етапата,[2] носејќи различен дрес на себе; откако добиле забрана од Меѓународниот велосипедистички сојуз, екипата носело бело-црвени дресови, наместо вообичаените зелени.[3] Меѓутоа, со време од 20' 18", екипата на крајот завршила на последното место.[4]

Екипите настапувале на патеката од 16,5 километри во временска меѓуразлика од 4 минути; Орика-ГринЕЏ била втората екипа, кои забележале време скоро една минута побрзо од дотогашното.[5] Гармин-Шарп, кои го освоиле екипниот хронометар на Џиро д’Италиа во мај, исто така поставиле добро време на патеката, пред да доживеат пад тројца од нивните возачи,[6] и задоцнил Ендру Талански, главниот кандидат за генерален пласман од екипата.[4] БМЦ Рејсинг Тим била следната екипа, која поставила време од 19' 01" на петаката,[5] кое се одржувало некое време. Рабобанк ја започнала етапата слабо, но со солидната втора половина од патеката се нашле на врвот на списокот најдобри екипи и на крајот ги надминале БМЦ Рејсинг Тим за мала разлика.[4] Тие биле бркани од Омега Парма-Квик Степ, кои исто така забележале време од 19' 01", и покрај тоа што членовите на екипата Тони Мартин и дебитантот на Гранд Тур Здењек Штибар биле попречени на патеката од мотор.[7] Меѓутоа, тие биле незначително побрзи отколку Рабобанк и БМЦ Рејсинг Тим.

Сè до последната екипа на етапата не било надминато тоа време и границата од 19 минути. Мувистар Тим ја имале честа да започнат последни поради Хуан Хосе Кобо – победникот од минатогодишното издание на трката за Геокс-ТМЦ – кој станал дел од нивните девет возачи. Екипата била само две секунди побавна од Тим Скај на мерната точка[5] и бидејќи британската екипа не ја издржала жештината од 35°С во Северна Шпанија,[8] Мувистар Тим го одржал нивното темпо и забележал време од 18' 51" на патеката,[5] со што ја забележал првата победа на екипен хронометар на некој Гранд Тур за шпанската екипа во последните девет години.[9] Како прв возач, кој ја поминал целта, Џонатан Кастровјехо ја добил првата црвена маичка на трката за предводник во генералниот пласман,[10] со дури четворица од неговите колеги во исто време и Кобо на шестото место, задоцнувајќи четири секунди во последните метри.[4]

Резултат од етапа 1
Екипа време
1 Мувистар Тим 18' 51"
2 Омега Парма-Квик Степ + 10"
3 Рабобанк + 10"
4 БМЦ Рејсинг Тим + 10"
5 Тим Скај + 12"
6 Лото-Белисол + 12"
7 Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 14"
8 Тим Катјуша + 15"
9 Еускалтел-Еускади + 28"
10 Орика-ГринЕЏ + 33"
Генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1  Џонатан Кастровјехо (ШПА) Jersey red.svg Мувистар Тим 18' 51"
2  Хавиер Морено (ШПА) Мувистар Тим + 0"
3  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 0"
4  Наиро Квинтана (КОЛ) Мувистар Тим + 0"
5  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 0"
6  Хуан Хосе Кобо (ШПА) Мувистар Тим + 4"
7  Ники Терпстра (ХОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 10"
8  Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 10"
9  Кевин де Верт (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 10"
10  Кристоф Вандевале (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 10"

Етапа 2[уреди]

19 август 2012 — Памплона до Вијана, 181,4 км[11]

Првата друмска етапа на Вуелта 2012 се случила надвор од Памплона и продолжила кон југ, преку круг околу Тафала - каде се одржал првиот среден спринт на трката – и првото категоризирано искачување, Алто де ла Чапела од трета категорија, пред да се упатат кон Вијана. Во самата Вијана имало среден спринт на првото поминување низ градот, пред да се случи самата завршница вториот пат. Бидејќи поголемиот дел од патеката од 181,4 километри била рамна, на крајот се очекувало да има масовен спринт и борба меѓу спринтерите за етапна победа.[12] Тројца возачи - шпанскиот двоец Хавиер Арамендија од Каха Рурал-Сегурос РГА и возачот на Андалусија Хавиер Чакон, заедно со Михаил Игнатиев (Тим Катјуша) – се одвоиле на околу 6 километри од почетокот на етапата, правејќи рано бегство на етапата и триото успеало да ја зголеми својата предност пред главната група на околу пет минути.[13] Ники Терпстра исто така бил дел од бегството во едно време, но бидејќи го загрозувал предвоникот во генералниот пласман Џонатан Кастровјехо од Мувистар Тим за само десет секунди, на бегството не му било дозволено да стекне значајна преднот.[14] На крајот, Терпстра отпаднал од тројцата возачи и се вратил во главната група.[13]

Помеѓу водечкото трио, тие ги освоиле најголемиот број на бодови на двата средни спринта, додека Чакон ја освоил првата бело-сина точкаста маичка за планинскиот пласман, но само откако Арамендија бил казнет за неправилно преминување на врвот Алто де ла Чапела од трета категорија.[14] Потврдувајќи ја маичката до крајот на денот, Чакон отпаднал на околу 20 километри пред целта,[13] кога разликата пред главната група била околу минута; Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) освоил бонус од две секунди за третото место на средниот спринт во Вијана,[15] приближувајќи му се на неговиот главен ривал за генералниот пласман Крис Фрум, од Тим Скај. Игнатиев и Арамендија биле достигнати во последните километри на етапата и и покрај неколкуте мали напади, очекуваната спринтерска завршница се случила, каде спринтерот на Аргос-Шимано Џон Дегенколб ја освоил својата прва етапна победа на некој Гранд Тур,[16] победувајќи ги возачот на Орика-ГринЕЏ Алан Дејвис и колегата на Фрум Бен Свифт на самата линија.[17] Кастровјехо го одржал неговото водство во генералниот пласман завршувајќи во главната група,[14] иако не бил сигурен дека може да ја задржи,[18] додека Чакон ја додал белата маичка за комбинираниот пласман на таа од планинскиот пласман, а Дегенколб повел во бодовниот пласман со неговата етапна победа.[19][20]

Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Џон Дегенколб (ГЕР) Аргос-Шимано 4ч 38' 40"
2  Алан Дејвис (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
3  Бен Свифт (ВБР) Тим Скај и.в.
4  Елија Вивијани (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в.
5  Клас Лодевик (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
6  Висенте Рејнес (ШПА) Лото-Белисол и.в.
7  Давиде Чимолаи (ИТА) Лампре-ИСД и.в.
8  Џани Мерсман (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
9  Мануел Антонио Кардозо (ПОР) Каха Рурал-Сегурос РГА и.в.
10  Даниеле Бенати (ИТА) РадиоШек-Нисан и.в.
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Џонатан Кастровјехо (ШПА) Jersey red.svg Мувистар Тим 4ч 57' 31"
2  Наиро Квинтана (КОЛ) Мувистар Тим + 0"
3  Хавиер Морено (ШПА) Мувистар Тим + 0"
4  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 0"
5  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 0"
6  Хуан Хосе Кобо (ШПА) Мувистар Тим + 4"
7  Денис ван Винден (ХОЛ) Рабобанк + 10"
8  Ники Терпстра (ХОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 10"
9  Кевин де Верт (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 10"
10  Алесандро Балан (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 10"

Етапа 3[уреди]

20 август 2012 — Ојон до Ејбар, 155,3 км[21]

Иако имало четири категоризирани искачувања на патеката од 155,3 километри, последното искачување на денот - Алто де Арате од прва категорија - била клучната точка на патеката. Често возено на етапната трка Трка околу Баскија на пролет, искачувањето Алто де Арате со наклон на одредени места над 11%,[22] завршувало на околу 2 километри до целта, пред да се заврши етапата на рамен терен. Бидејќи трикратниот победник на Арате Самуел Санчез не учествувал на Вуелта,[23] Возачот на Тим Катјуша Хоаким Родригез – втор во Ејбар, во 2012 – бил сметан како еден од фаворитите на етапата заедно со возачот на Мувистар Тим Алехандро Валверде и Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк.

Бегството на денот било составено од осум возачи,[24] кои се одвоиле од главната група во првите 10 километри на етапата. Октетот успеал да направи предност од скоро четири и пол минути,[25] и покрај тоа што еден од членовите – возачот на БМЦ Рејсинг Тим Филип Жилбер, сè уште без победа во 2012[26] – бил само десет секунди зад предводникот во генералниот пласман, колегата на Валверде Џонатан Кастровјехо.[25] На секое од трите категоризирани искачување пред последното искачување, Пим Лигтхарт од Вакансолел-ДКМ ги зел максималните бодови, поведувајќи пред Жилбер на два од нив, додека Нико Сејмен (Кофидис) поминал на третото искачување, Пуерто де Кампазар, зад Лигтхарт и пред Жилбер. Водечката група започнала да се дели на околу 20 километри пред целта, кога темпото на главната група била поставувано од екипите Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк и Омега Парма-Квик Степ, намалувајќи ја разликата на само една минута.[25]

Ники Терпстра од Омега Парма-Квик Степ бил првиот кој се одвоил на Алто де Арате,[24] но брзо бил достигнат пред да може да направи некоја значајна разлика пред главната група. Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк ја одржувал нивната позиција на чело на групата, поставувајќи темпо за Контадор, каде биле придружени од Тим Скај.[25] Валверде бил првиот од фаворитите кој нападнал од главната група, но Контадор брзо стигнал до него, со Родригез и возачот на Тим Скај Крис Фрум на крајот да стигнат до нив.[24] Потоа Контадор започнал неколку напади - вкупно седум[27] – како водечкиот квартет се искачувал до врвот, но секојпат, останатите тројца возачи биле способни да го стигнат. Валверде и Родригез се натпреварувале во спринт на крајот на етапата до самата линија,[24] кога Валверде ја освоил својата шеста етапна победа н Вуелта со фотофиниш, откако Родригез не ги свртел педалите во последните метри; потег кој многу го налутил по етапата.[28] Валверде го презел водството во генералниот, бодовниот и комбинираниот пласман,[29] додека Лигтхарт го презел водството во планинскиот пласман.[30]

Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим 3ч 49' 37"
2  Хоаким Родригез (ШПА) Тим Катјуша и.в.
3  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај и.в.
4  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк и.в.
5  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 6"
6  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 6"
7  Ерос Капеки (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 6"
8  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 6"
9  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 6"
10  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 6"
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Алехандро Валверде (ШПА) Jersey red.svg Jersey green.svg Jersey white.svg Мувистар Тим 8ч 46' 56"
2  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 18"
3  Хоаким Родригез (ШПА) Тим Катјуша + 19"
4  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 20"
5  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 24"
6  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 28"
7  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 28"
8  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 30"
9  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 33"
10  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 46"

Етапа 4[уреди]

21 август 2012 — Баракаљдо до Валдезкарај, 160,6 км[31]

Свежи по завршницата на нагорнина во Ејбар претходниот ден, трката заминала надвор од Баскија и се упатила кон скијачкиот центар Валдезкарај; самата етапа завршувала во подножјето на центарот - доаѓајќи на 1.540 метри надморска височина - преку искачувањето од прва категорија во должина од 13,4 километри и со просечен наклон од 5,2%, иако достигнувало 9% на одредени места во почетните делови на искачувањето.[32] Првичното бегство било создадено рано на етапата, кога бран од пет возачи се одвоил.[33] Сајмон Кларк (Орика-ГринЕЏ) бил придружен во бегството од возачот на Омега Парма-Квик Степ Тони Мартин и Асан Базајев од Астана, како и двајца возачи од професионалните континентални екипи; Луис Анхел Мате за Кофидис и возачот на Андалусија Хесус Росендо, така квинтетот брзо се здобил со значајна предност над главната група, кога имале предност од над девет минути по 28 километри на етапата и на крај достигнале максимална предност од 14 минути.[34]

Бидејќи водечката група го зголемила своето водство до недостижна разлика, ривалите во генералниот пласман се насочиле кон избегнување на некој проблем во текот на патеката од 160,6 километри. Меѓутоа, само што го поминале градот Харо, спротивните ветришта на патеката биле голем фактор при падот, кој настанал подоцна. Како што Хуан Антонио Флеча забрзал на чело на групата за Тим Скај,[33] поголемиот дел од екипата Мувистар Тим паднале на асфалтот, вклучувајќи го и лидерот на трката Алехандро Валверде.[34] По етапата, Валверде ги критикувал Тим Скај и ги обвинил нив за инцидентот.[35][36] Едно време, екипниот менаџер на Валверде Еузебио Унзуе се доближил до автомобилот на Тим Скај за дискусија со нивниот спортски директор Николас Портал.[37]

Ветрот и различното темпо ја поделило групата на повеќе делови по патеката, со повеќе од пет дијагонални линии на возачи наредени еден до друг. Светскиот хронометарски првак Мартин ги нападнал членовите на бегството на почетокот на последното искачување[34] и го зел Кларк со него, бидејќи останатите тројца возачи не можеле да го пратат посилното темпо. Како и се очекувало, Кларк имал посилен крај и на крајот ја освоил својата прва професионална победа на целта.[38] Базајев завршил трет,[33] додека групата стигнала една минута зад Кларк; Валверде загубил скоро една минута зад нив[34] и го загубил водството во генералниот пласман од возачот на Тим Катјуша Хоаким Родригез,[33] кој одржувал предност од една секунда пред колегата на Флеча, Крис Фрум.[39] Кларк го преземал водството во обата пласмани, бодовниот и планинскиот пласман.[40]

Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Сајмон Кларк (АВС) Орика-ГринЕЏ 4ч 30' 26"
2  Тони Мартин (ГЕР) Омега Парма-Квик Степ + 2"
3  Асан Базајев (КАЗ) Астана + 22"
4  Маркос Гарсија (ШПА) Каха Рурал-Сегурос РГА + 55"
5  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 55"
6  Линус Гердеман (ГЕР) РадиоШек-Нисан + 57"
7  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 57"
8  Андреј Зајтс (КАЗ) Астана + 1' 01"
9  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 1' 04"
10  Јан Бакелант (БЕЛ) РадиоШек-Нисан + 1' 04"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Jersey white.svg Тим Катјуша 13ч 18' 45"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 1"
3  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 5"
4  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 9"
5  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 9"
6  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 11"
7  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 14"
8  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 24"
9  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 36"
10  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 46"

Етапа 5[уреди]

22 август 2012 — Логроњо до Логроњо, 168 км[41]

По двете етапи со завршници на нагорнина и пред уште една таква етапа на трката, петтата етапа на трката била кружна трка околу градот Логроњо во Риоха. На патеката од 168 километри биле предвидени осум кругови од 21 километар,[42] со среден спринт одржан на Авенида де ла Паз во самиот град. Бодовите од спринтот биле одржани на 400 метри[43] пред завршувањето на третиот и петтиот круг, иако било очекувано дека и самата етапа ќе заврши во спринтерска завршница.[44] Возачот на Андалусија Хавиер Чакон се одвоил од остатокот на групата уште на самиот почеток на етапата и успеал да опстане напред без ниеден друг возач.[43] Главната група одлучила да не го следи веднаш, бидејќи не претставувал закана за генералниот пласман; имајќи 26 минути задоцнување лидерот Хоаким Родригез од Тим Катјуша.

По четвртина од етапата, Чакон имал максимална предност од 12 минути пред остатокот од групата,[42] но Аргос-Шимано започнал да го зголемува темпото во групата со цел да се достигне Чакон. Со додадената помош од колегите на Родригез,[42] групата успеала да ја намали разликата на Чакон на околу четири и пол минути кон средината на етапата.[43] На крајот бил достигнат од главната група на 30 километри пред целта.[42] Во последниот круг на етапата се појавиле познатите спринтерски „возови“ на различните екипи; најпрвин бил РадиоШек-Нисан – за Даниеле Бенати и Џани Мерсман од Лото-Белисол, кои биле на чело на групата, со Аргос-Шимано зад нив. Бенати го започнал неговиот спринт прв,[45] но со помошта од колегата Зимон Гешке,[43] Џон Дегенколб го следел Бенати пред да го помине спринтајќи и да ја освои втората етапа на трката со околу половина должина на тркало.[46] Мерсман бил трет на крај на етапата,[47] додека Родригез го одржал своето водство во генералниот пласман.[48]

Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Џон Дегенколб (ГЕР) Аргос-Шимано 4ч 10' 37"
2  Даниеле Бенати (ИТА) РадиоШек-Нисан и.в.
3  Џани Мерсман (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
4  Насер Буани (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
5  Елија Вивијани (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в.
6  Рајмонд Кредер (ХОЛ) Гармин-Шарп и.в.
7  Алан Дејвис (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
8  Лојд Мондори (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
9  Леонардо Дуке (КОЛ) Кофидис и.в.
10  Пим Лигтхарт (ХОЛ) Вакансолел-ДКМ и.в.
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Jersey white.svg Тим Катјуша 17ч 29' 22"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 1"
3  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 5"
4  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 9"
5  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 9"
6  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 11"
7  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 14"
8  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 24"
9  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 36"
10  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 46"

Етапа 6[уреди]

23 август 2012 — Тарасона до Хака, 175,4 км[49]

Шестата етапа на трката била враќање на планините и борбата се префрлила од спринтерите на кандидатите за генерален пласман, во светло на две впечатливи категоризирани искачувања во рамките на последните 30 километри на етапата.[50] По долгиот спуст од искачувањето од трета категорија Пуерто дел Ороел, возачите морале да се соочат со Фуерте дел Рапитан во Хака; иако релативно кратко со само 3,8 километри, искачувањето имало просечен наклон од 5,4%.[51] По вообичаениот тек на настаните, на почетокот на етапата било создадено бегство од пет члена.[52] Возачите во бегството биле или Холанѓани или Белгијци; возачот на Гармин-Шарп Мартејн Маскант, Јост ван Лејен од Лото-Белисол и возачот на Орика-ГринЕЏ Питер Венинг од Холандија и возачот на Омега Парма-Квик Степ Кристоф Вандевале и Томас де Гент (Вакансолел-ДКМ) претставувајќи ја Белгија.[53]

Де Гент, кој бил трет на мајскиот Џиро д’Италиа,[54] бил најдобро пласиран возач од квинтетот на 60. место во генералниот пласман, но доцнел зад лидерот Хоаким Родригез над седум минути.[52] И покрај ова, водечката група успеала да одржува предност од над четири и пол минути на две третини од етапата,[53] пред екипата на Родригез Тим Катјуша, како и Мувистар Тим за поддршка на нивниот тимски водач Алехандро Валверде да започнат да ги ловат. Откако Ван Лејен отпаднал на околу 25 километри пред крајот,[52] Де Гент наскоро го отпочнал сопствениот напад за соло победа; на крај, бил достигнат пред последното искачување, откако била елиминирана неговата предност од 50 секунди.[53] Темпото поставено од Мувистар Тим значајно ја раздвижило групата на Фуерте дел Рапитан пред Тим Скај да отиде напред со Колумбијците Ригоберто Уран и Серхио Енао да го заштитат Крис Фрум.[55] Откако Уран излегол на чело во последниот километар, Фрум бил првиот кој нападнал[52] и единствено Родригез можел да одговори; Родригез отпочнал свој напад на 200 метри пред целта,[56] и без никаков одговор од Фрум, тој се одвоил и ја освоил својата петта етапа на Вуелта - предвидувајќи претходниот ден дека на искачувањето „ќе летаат искри“[57] – и го зголемил своето водство за десет секунди во однос на Фрум.[53][58]

Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Тим Катјуша 4ч 35' 22"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 5"
3  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 10"
4  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 19"
5  Ерос Капеки (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 19"
6  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 19"
7  Риналдо Ночентини (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 25"
8  Мауро Сантамброџо (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 28"
9  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 28"
10  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 33"
Генерален пласман по етапа 6
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Jersey white.svg Тим Катјуша 21ч 45' 06"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 10"
3  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 35"
4  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 43"
5  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 53"
6  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 54"
7  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 04"
8  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 1' 12"
9  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 1' 17"
10  Хуан Хосе Кобо (ШПА) Мувистар Тим + 1' 34"

Етапа 7[уреди]

24 август 2012 — Хуеска до АлкањизМоторленд Арагон, 164,2 км[59]

Целокупната патека на етапата била сместена во автономната покраина Арагон,[60] започнувајќи во градот Хуеска, пред да се упати јужно кон предградијата на Алкањиз и патеката Моторленд Арагон, која била домаќин на неколку трки во мото првенството откако била отворена во 2009. Самата завршница на етапата се наоѓала на стартно целната рамнина на патеката, притоа завршувајќи еден круг на патеката од 5.078 метри. И покрај тоа што етапата од 164,2 километри била со нерамен терен, сепак немало ниедно категоризирано искачување на патеката,[61] но имало два средни спринта за бодови и бонус секунди во последните 50 километри на етапата. Поради овие карактеристики етапата била повторно погодна за спринтерите, особено со широката завршница.[60][62]

Четворица возачи – Хавиер Арамендија (Каха Рурал-Сегурос РГА), возачот на Андалусија Пабло Лечуга, Берт-Јан Линдеман од Вакансолел-ДКМ и возачот на Омега Парма-Квик Степ Франтишек Рабоњ[63] – го создале бегството на етапата, одвојувајќи се од остатокот од групата по само 2 километри на патеката.[61] Тие достигнале максимално водство од околу пет минути во првата половина на етапата,[61] не претставувајќи никаква опасност за водството на Хоаким Родригез (Тим Катјуша), бидејќи Лечуга кој бил најдобро пласиран во групата доцнел 26 минути зад него.[63] Меѓутоа, Лечуга бил првиот од водечкиот квартет, кој отпаднал кога групата започнала да ги лови лидерите на околу 30 километри пред целта.[64] На крајот, бегството било достигнато и етапата завршила во спринтерска завршница на патеката, и покрај тоа што Тим Скај се обиделе да се одвојат од групата, со Крис Фрум, Ијан Станард и Бен Свифт напред во шестчлената група на чело пред групата.[61][63] На крајот, бодовниот лидер Џон Дегенколб ја продолжува неговата добра форма на спринтерските завршници, освојувајќи ја својата трета победа во првата недела,[65] откако бил совршено доведен напред од колегата Кун де Корт од Аргос-Шимано.[66] Родригез го одржал неговото водство на трката од десет секунди пред Фрум.[63]

Резултат од етапа 7
Возач Екипа Време
1  Џон Дегенколб (ГЕР) Jersey green.svg Аргос-Шимано 3ч 48' 30"
2  Елија Вивијани (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в.
3  Алан Дејвис (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
4  Насер Буани (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
5  Даниеле Бенати (ИТА) РадиоШек-Нисан и.в.
6  Џани Мерсман (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
7  Денис ван Винден (ХОЛ) Рабобанк и.в.
8  Хосе Хоакин Рохас (ШПА) Мувистар Тим и.в.
9  Лојд Мондори (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
10  Бен Свифт (ВБР) Тим Скај и.в.
Генерален пласман по етапа 7
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Jersey white.svg Тим Катјуша 25ч 53' 04"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 10"
3  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 36"
4  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 54"
5  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 54"
6  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 04"
7  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 1' 12"
8  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 1' 17"
9  Хуан Хосе Кобо (ШПА) Мувистар Тим + 1' 34"
10  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 1' 39"

Етапа 8[уреди]

25 август 2012 — Љеида до Андора-Колјада де ла Галина (Андора), 174,7 км[67]

Единствената етапа со завршница надвор од Шпанија на овогодинешната Вуелта, осмата етапа се упатила на север од градор Љеида во Каталонија кон малата држава Андора. Се направил круг околу главниот град Андора ла Велја, преку вториот среден спринт - првиот бил пред границата помеѓу Шпанија и Андора – и искачувањето Алто де ла Комелја. По неколку километри спуст, возачите ги чекало искачувањето од прва категорија Колјада де ла Галина; искачување од 7,2 километри со просечен наклон од 8%[68] – со наклон до 15% кој бил присутен на одредени места во искачуањето - исто така имало 18 серпентини на самото искачување,[69] повлекувајќи споредби со Алп д’Ез,[70] каде има 21 таква кривина.

Помогната со ветрот, главната група поминала 52 километри во првиот час од тркањето,[71] и сè до половина пат на етапата не било создадено бегство. Шест возали – возачот на Каха Рурал-Сегурос РГА Хавиер Арамендија (втор ден по ред), возачот на Вакансолел-ДКМ Мартејн Кезер, Камерон Мајер од Орика-ГринЕЏ, возачот на Андалусија Хавиер Рамирез, возачот на БМЦ Рејсинг Тим Амаел Моанар и Микаел Бифаз од Кофидис[72] – се одвоиле и достигнале максимално водство од околу девет и пол минути, но во подножјето на Колјада де ла Галина, без Кезер и Арамендија кои отпаднале,[73] имале предност од околу две и пол минути во однос на главната група, предводена од екипата Тим Скај.[71] Моанар отпаднал во почетните метри на искачувањето, додека Мајер започнал свој напад.[72] На крајот, Мајер бил достигнат од првите четворица во генералниот пласман и Даниел Морено (Тим Катјуша), кои се одвоиле од главната група.[72]

Морено и Мајер не можеле да го поднесат темпото на групата и тие го напуштиле квартетот. Фрум започнал напад во последниот километар,[71] но брзо бил достигнат од тројцата негови шпански ривали; меѓутоа, Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк отпочнал свој напад, кој Фрум не можел да го испрати. Тој имал предност од неколку секунди во последните метри, но започнал да ја намалува брзината како се доближувал до целта.[74] Фрум доцнел зад другите двајца возачи – водачот на трката од Тим Катјуша Хоаким Родригез и Алехандро Валверде од Мувистар Тим – кога двоецот го достигнал Контадор на последната кривина и Валверде ја однел својата втора етапна победа на трката,[72] пред Родригез и Контадор.[71] Фрум ја поминал целта петнаесет секунди подоцна,[75] придружено со осумте секунди бонус на целта добиено за Родригез, му донело водство на Родригез од 33 секунди во однос на Фрум; иако Родригез останал песимистичен околу неговите шанси за победа на трката.[76] Валверде ја преземал сината точкаста маичка како предводник во планинскиот пласман со освојување на етапата.[77]

Резултат од етапа 8
Возач Екипа Време
1  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим 4ч 06' 39"
2  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Тим Катјуша и.в.
3  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк и.в.
4  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 15"
5  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 23"
6  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 33"
7  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 33"
8  Винер Анакона (КОЛ) Лампре-ИСД + 39"
9  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 39"
10  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-ИСД + 42"
Генерален пласман по етапа 8
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Jersey white.svg Тим Катјуша 29ч 59' 35"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 33"
3  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 40"
4  Алехандро Валверде (ШПА) Jersey blue dotted.png Мувистар Тим + 50"
5  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 1' 41"
6  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 1' 48"
7  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 2' 14"
8  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 2' 47"
9  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 2' 58"
10  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 3' 07"

Етапа 9[уреди]

26 август 2012 — Андора (Андора) до Барселона, 196,3 км[78]

Последната етапа пред првиот ден за одмор ги одвела возачите повторно на шпанска територија, откако етапата завршила во Андора претходниот ден. Патеката од 196,3 километри - најдолга етапа во изданието 2012 на трката[79] – бил постепен спуст од самиот почеток, освен за две искачувања од трета категорија долж патеката; второто од нив било сместено во последните 5 километри на етапата. Со етапната завршница во Барселона, трката се вратила во градот, првпат по 1999, кога незадоволството на возачите поради условите на патеката ја намалило должината на етапата за 50 километри.[80][81] Самиот крај се наоѓал на Монжуик – во близина на Олимпискиот стадион на Барселона - кој бил користен како завршница на етапа на последниот Гранд Тур кој го посетил градот, кога Тор Хушовд ја освоил шестата етапа на Тур де Франс 2009.[82]

Скоро веднаш откако групата ја започнала етапата, се создало бегство од четворица возачи.[83] Втор ден по ред, возачот на Кофидис Микаел Бифаз бил меѓу водечките, каде бил придружен од возачот на Вакансолел-ДКМ Берт-Јан Линдеман, Мартејн Маскант од Гармин-Шарп и по трет пат на овогодинешната Вуелта, возачот Андалусија Хавиер Чакон. Тие успеале да остварат максимална предност од скоро пет и пол минути во првите километри на етапата, пред постепено да започне нивното достигнување од главната група. И покрај најдобрите напори од водечките да го продолжат нивниот престој на чело, сепак биле достигнати на околу 25 километри пред целта.[84] Колегата на Чакон Хесус Росендо се обидел со противнапад по нивното достигнување, но не можел да се одвои од групата.[85] На крај, Росендо доживеал механички проблем откако бил достигнат од групата и морал да чека замена за неговото предно тркало.[83]

Назад во групата, таа останала заедно со влезот во Барселона, кога екипите на кандидатите за генерален пласман – Тим Катјуша, Тим Скај и Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк – се упатиле на чело на групата. Алберто Контадор нападнал пред Алто де Монжуик,[84] но не можел да се одвоил доволно од самата група. Меѓутоа, планираниот[86] напад од возачот на БМЦ Рејсинг Тим Алесандро Балан успеал во тоа, што предизвикало водачот на трката Хоаким Родригез да започне потера по него.[83] Колегата на Балан Филип Жилбер тргнал по Родригез и тие двајцата се сретнале заедно пред врвот на искачување.[84] Жилбер и Родригез успеале да останат пред самата главна група со разлика од неколку секунди, а Жилбер ги зел почестите на етапата како негова прва победа во сезоната, пред Родригез.[87] Со осум секунди бонус добиени на целта,[84] Родригез добил нови дваесет секунди предност пред неговите ривали,[88] додека неговото водство пред Крис Фрум се зголемило на педесет и три секунди,[83] пред првиот ден за одмор.

Резултат од етапа 9
Возач Екипа Време
1  Филип Жилбер (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим 4ч 45' 28"
2  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Тим Катјуша и.в.
3  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 7"
4  Томаш Марчињски (ПОЛ) Вакансолел-ДКМ + 9"
5  Даниеле Бенати (ИТА) РадиоШек-Нисан + 9"
6  Алехандро Валверде (ШПА) Jersey blue dotted.png Мувистар Тим + 9"
7  Насер Буани (ФРА) ФДЖ-БигМет + 9"
8  Горка Вердуго (ШПА) Еускалтел-Еускади + 12"
9  Џани Мерсман (БЕЛ) Лото-Белисол + 12"
10  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 12"
Генерален пласман по етапа 9
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Jersey green.svg Jersey white.svg Тим Катјуша 34ч 44' 55"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 53"
3  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 1' 00"
4  Алехандро Валверде (ШПА) Jersey blue dotted.png Мувистар Тим + 1' 07"
5  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 2' 01"
6  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 2' 08"
7  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 2' 34"
8  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 3' 07"
9  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 3' 18"
10  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 3' 27"

Етапа 10[уреди]

28 август 2012 — Пуентеареас до Санхенхо, 190 км[89]

Преместувајќи се од најисточната точка на трката, во Барселона, Вуелта по денот за одмор започнала во градор Пуентеареас на западот во Шпанија – претходно поминувајќи над 1.200 километри пат во растојание,[90][91] трет најдолг трансфер во историјата на трката - со скоро рамна патека од 190 километри. Имало само едно категоризирано искачување во текот на етапата, кое се наоѓало по само 14,5 километри од почетокот,[92] додека неговиот врв се наоѓал на 400 метри надморска височина. Возачите исто така морале да направат круг од 40 километри пред да се најдет на целта во Санхенхо.[93] Рамната патека ја направило етапата совршено за уште еден масовен спринт на крајот, каде возачот на Аргос-Шимано Џон Дегенколб ја гледал својата шанса за преземање на бодовниот пласман од лидерот на трката Хоаким Родригез од Тим Катјуша.

Возачот на Каха Рурал-Сегурос РГА Хавиер Арамендија уште еднаш се нашол во бегството на етапата, каде бил придружен од најборбениот возач од минатогодишното издание на трката, Адријан Паломарес,[94] претставувајќи ја екипата Андалусија.[92] Двоецот успеал да оствари максимална предност од околу седум минита во текот на етапата, пред остатокот од групата да започне да ја намалува временската разлика.[93] Тие успеале да се одржат пред групата во текот на последниот круг,[92] но биле достигнати на околу четвртина пред последниот круг. Спринтерските екипи се поместиле напред кон крајот на круг, кога Вакансолел-ДКМ, Тим Скај и Аргос-Шимано сакале да ги постават своите возачи на добра позиција.[93] На крајот, Дегенколб бил во можност повторно да ги отспринта неговите ривали - и покрај тоа што го започнал својот спринт порано отколку што сакал[95] – и да ја однесе четвртата етапна победа на трката,[92] станувајќи првиот возач, кој успеал во тој подвиг по неговиот сонародник Андре Грајпел во 2009.[96] Дегенколб завршил пред возачот на ФДЖ-БигМет Насер Буани и возачот на РадиоШек-Нисан Даниеле Бенати.[93]

Резултат од етапа 10
Возач Екипа Време
1  Џон Дегенколб (ГЕР) Аргос-Шимано 4ч 47' 24"
2  Насер Буани (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
3  Даниеле Бенати (ИТА) РадиоШек-Нисан и.в.
4  Џани Мерсман (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
5  Мануел Антонио Кардосо (ПОР) Каха Рурал-Сегурос РГА и.в.
6  Лојд Мондори (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
7  Пим Лигтхарт (ХОЛ) Вакансолел-ДКМ и.в.
8  Давиде Вигано (ИТА) Лампре-ИСД и.в.
9  Бен Свифт (ВБР) Тим Скај и.в.
10  Елија Вивијани (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в.
Генерален пласман по етапа 10
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Jersey white.svg Тим Катјуша 39h 32' 33"
2  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 53"
3  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 1' 00"
4  Алехандро Валверде (ШПА) Jersey bluedots.svg Мувистар Тим + 1' 07"
5  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 2' 01"
6  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 2' 08"
7  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 2' 34"
8  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 3' 07"
9  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 3' 18"
10  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 3' 27"

Етапа 11[уреди]

29 август 2012 — Камбадос до Понтеведра, 39,4 км, индивидуален хронометар (ITT)[97]

Единствениот индивидуален хронометар на Вуелта, буквално на половина пат на самата трка со патека од 39,4 километри, која била поделена на три дела; првиот дел бил релативно рамен од почетокот во Камбадос до средната мерна точка на 13,5 километри на етапата, на излезот од градот Барантес. Вториот бил долг 10 километри, имал искачување од трета категорија со наклон од 4,4%[98][99] наречено Алто Монте Кастрове,[100] каде имало бодови за планинскиот пласман за најдобрите тројца на таа точка, пред да се спуштат кон Понтеведра. Како што е вообичаено на хронометарските етапи, возачите настапиле во обратен редослед од оној како што се рангирани во генералниот пласман на крајот на претходната етапа. Така, Јост ван Лејен од Лото-Белисол, кој бил 193.[92] – од вкупно 198 возачи кои стартувале на трката – доцнел зад водачот во генералниот пласман Хоаким Родригез (Тим Катјуша) со еден час, триесет и осум минути и педесет и седум секунди, бил првиот возач кој настапил на етапата.[101]

Меѓутоа, Ван Лејен не бил првиот возач кој ја завршил патеката, бидејќи колегата на Родригез Михаил Игнатиев бил првиот кој го направил тоа. Игнатиев, кој стартувал три минути по Ван Лејен, по едноминутни интервали, на крајот забележал време од 58' 55" на патеката, време кое се задржал околу десет минути до возачот на Гармин-Шарп Мартејн Маскант да го намали најдоброто време за една минута. Возачот на Мувистар Тим Џонатан Кастровјехо бил следниот на патеката,[102] надминувајќи го времето на Маскант за над три минути, кога ја завршил патеката за време од 54' 10". Времето не било подобрено до стартот на Камерон Мајер, кој излегол на патеката 45 минути подоцна, од Орика-ГринЕЏ, која поранешниот велодромски светски првак на крајот забележал време од 53' 53".[103] Времето на Мајер било доволно добро да не биде поразено од моменталниот светски првак Тони Мартин (Омега Парма-Квик Степ), но неговиот сонародник Ричи Порт успеал малку да го намали тоа време, поместувајќи го најбрзото време за две секунди за Тим Скај,[103] пред да дојде победничкото време на етапата од возачот на Астана Фредрик Кесијакоф. Кесијакоф, хронометарски победник на Тур де Свис во јуни,[104] надминувајќи го времето на Порт на соодветните мерни точки и на крајот победувајќи го неговото време за минута и 25 секунди.[103]

Времето на Кесијакоф од 52' 36" не било загрозено од никого потоа, кој стартувал на етапата и му овозможило да дојде до втората хронометарска победа во сезоната.[102] Во борбата за генералниот пласман, Родригез успеал да го задржи водството во поредокот и покрај тоа што загубил време од сите ривали. Алехандро Валверде (Мувистар Тим) бил првиот од кандидатите за генералниот пласман кој настапил и кој исто така постигнал солиден резултат со време од 53' 44", време кое на крајот било доволно добро за четвртото место по етапата.[102] Крис Фрум (Тим Скај) се очекувало да победи на етапата, но тој забележал време од 53' 15"; на крајот, го загубил второто место во генералниот пласман од возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Алберто Контадор, кој, освен Кесијакоф, бил единствениот друг возач, кој забележал возење под 53 минути на патеката со време од 52' 53", 17 секунди поспоро од Кесијакоф.[102] Родригез, за кој се мислело дека ќе го загуби водството на трката по етапата, успеал да задржи со една секунда[105] по завршувањето на патеката со седмото најбрзо време од 53' 52",[103] означувајќи го неговиот резултат како „голем чекор напред“.[106]

Резултат од етапа 11
Возач Екипа Време
1  Фредрик Кесијакоф (ШВЕ) Астана 52' 36"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 17"
3  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 39"
4  Алехандро Валверде (ШПА) Jersey blue dotted.png Мувистар Тим + 1' 08"
5  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 1' 09"
6  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 1' 15"
7  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Тим Катјуша + 1' 16"
8  Камерон Мајер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 1' 17"
9  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 1' 24"
10  Џонатан Кастровјехо (ШПА) Мувистар Тим + 1' 34"
Генерален пласман по етапа 11
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Jersey white.svg Тим Катјуша 40ч 26' 15"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 1"
3  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 16"
4  Алехандро Валверде (ШПА) Jersey bluedots.svg Мувистар Тим + 59"
5  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 2' 27"
6  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 2' 54"
7  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 3' 39"
8  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 4' 08"
9  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 4' 22"
10  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 5' 10"

Забелешки[уреди]

  1. Маичките кои се појавуваат во табелата на левата страна на страницата означуваат дека се носени од велосипедистот на дадената етапа, додека оние кои се појавуваат во табелата на десната страна на страница означуваат дека на велосипедистот му се доделени по етапата.

Наводи[уреди]

  1. „Памплона-Памплона“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=1. конс. 17 август 2012. 
  2. Фотерингем, Аласдер. „Pamplona locks into final countdown for Vuelta start“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  3. Објавени стартните времиња за екипниот хронометар на Вуелта“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Бенсон, Даниел. „Мувистар го освоил воведниот хронометар на Вуелта а Еспања“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Аткинс, Бен. „Мувистар изненади на воведниот екипен хронометар“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 18 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  6. Худ, Ендру. „Среќата на Гармин-Шарп конечно ја снема на екипниот хронометар на Вуелта“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 18 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  7. Аткинс, бен. „Омега Парма-Квик Степ попречено од можна победа на Вуелта од мотор“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 18 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  8. Лов, Феликс. „Кастровјехо во црвено по победата на Мувистар на екипниот хронометар“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 18 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  9. Фотерингем, Аласдер. „Castroviejo celebrates breakthrough lead in Vuelta“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  10. Прајд, Кени. „Мувиста победил на воведниот екипен хронометар на Вуелта“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 18 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  11. „Памплона-Вијана“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=2. конс. 17 август 2012. 
  12. „The Spin: Vuelta Stage 2 preview“. „The Inner Ring“. WordPress. 19 август 2012. http://inrng.com/2012/08/vuelta-stage-2-preview/. конс. 19 август 2012. 
  13. 13,0 13,1 13,2 Аткинс, Бен. „Џон Дегенколб тесно ја освоил етапата, со спринт на нагорнина“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 19 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  14. 14,0 14,1 14,2 Вестемајер, Сузан. „Дегенколб спринтал за победа на етапата 2 на Вуелта а Еспања“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  15. Fotheringham, Alasdair. „Contador explains bonus sprint ambush“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  16. Фотерингем, Аласдер. „Дегенколб ја освоил првата етапна победа на Гранд Тур“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  17. Прајд, Кени. „Дегенколб спринтал за етапна победа на Вуелта; Свифт трет“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 19 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  18. Џон Дегенколб ја освоил етапата 2 на Вуелта а Еспања 2012“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 19 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  19. Lowe, Felix. „Дегенколб победоносно на етапата два на Вуелта“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 19 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  20. Дегенколб победи на втората етапа на Вуелта а Еспања“, „Аргос-Шимано“, Project 1t4i, 19 август 2012 (конс. 19 август 2012).
  21. „Фаустино-Ејбар“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=3. конс. 17 август 2012. 
  22. „The Spin: Vuelta Stage 3“. „The Inner Ring“. WordPress. 20 август 2012. http://inrng.com/2012/08/vuelta-stage-3-preview/. конс. 21 август 2012. 
  23. Фотерингем, Аласдер. „Самуел Санчез повторно потпишал тригодишен договор со Еускалтел“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 14 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  24. 24,0 24,1 24,2 24,3 Бенсон, Даниел. „Валверде победил со фотофинис во Ејбар“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 Аткинс, Бен. „Алехандро Валверде спринтал за водство на етапата три низ планините“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 20 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  26. Hood, Andrew. „Winless Philippe Gilbert gives it another go in stage 3 at the 2012 Vuelta a Espana“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 20 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  27. Фотерингем, Аласдер. „Фрум задоволен со првиот резултат на планините“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  28. Родригез втор, Морено петти на првата планинска етапа“, „Тим Катјуша“, Katusha Management SA, 20 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  29. Valverde extends the dream atop Arrate“, „Мувистар Тим“, Movistar, 20 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  30. Алберто Контадор ја придвижил трката, додека Алехандро Валверде ја освоил етапата 3, преземајќи го водството на Вуелта а Еспања 2012“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 20 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  31. „Баракаљдо-Валдезкарај“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=4. конс. 17 август 2012. 
  32. „The Spin: Vuelta Stage 4“. „The Inner Ring“. WordPress. 21 август 2012. http://inrng.com/2012/08/vuelta-stage-4-preview/. конс. 21 август 2012. 
  33. 33,0 33,1 33,2 33,3 Рајан, Бери. „Кларк ја освоил етапата 4 на Вуелта а Еспања“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 21 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  34. 34,0 34,1 34,2 34,3 Аткинс, Бен. „Сајмон Кларк победил на етапата четири, додека Валверде изгубил време по падот“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 21 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  35. Фотерингем, Аласдер. „Кларк победил на етапата 4 на Вуелта а Еспања“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 21 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  36. Аткинс, Бен. „Valverde angry at Team Sky as it accelerates in crosswind crash“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 21 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  37. Худ, Ендру. „Да чекаш или да не чекаш? Скај нападна, Валверде падна и јазиците се одврзаа“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 21 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  38. Фотерингем, Аласдер. „Simon Clarke hits jackpot in Vuelta stage“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 21 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  39. Гладстон, Хју. „Родригез го преземал водството по падор на Валверде“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 21 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  40. Lowe, Felix. „Clarke wins stage as Rodriguez takes lead“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 21 август 2012 (конс. 21 август 2012).
  41. „Логроњо-Логроњо“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=5. конс. 17 август 2012. 
  42. 42,0 42,1 42,2 42,3 Бенсон, Даниел. „Дегенколб освоил уште една етапа на Вуелта“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 22 август 2012 (конс. 22 август 2012).
  43. 43,0 43,1 43,2 43,3 Аткинс, Бен. „Џон Дегенколб спринтал за втора победа во кружната трка во Логроњо“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 22 август 2012 (конс. 22 август 2012).
  44. „The Spin: Vuelta Stage 5“. „The Inner Ring“. WordPress. 22 август 2012. http://inrng.com/2012/08/vuelta-stage-5-preview/. конс. 22 август 2012. 
  45. Бенати покажал стил во завршницата за втото место“, „РадиоШек-Нисан“, Leopard SA, 22 август 2012 (конс. 22 август 2012).
  46. Lowe, Felix. „Degenkolb doubles up in Vuelta stage five“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 22 август 2012 (конс. 22 август 2012).
  47. Дегенколб победил повторно како Вуелта се вратила во рамнините“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 22 август 2012 (конс. 22 август 2012).
  48. John Degenkolb wins a lackluster stage 5 at the 2012 Vuelta a España“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 22 август 2012 (конс. 22 август 2012).
  49. „Тарасона-Хака“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=6. конс. 17 август 2012. 
  50. „The Spin: Vuelta Stage 6“. „The Inner Ring“. WordPress. 23 август 2012. http://inrng.com/2012/08/vuelta-stage-6-preview/. конс. 24 август 2012. 
  51. Хоаким Родригез го одбрани водството на Вуелта со победа на шестата етапа“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 23 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  52. 52,0 52,1 52,2 52,3 Аткинс, Бен. „Хоаким Родригез освои етапа на стрмното искачување кај Хака“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 23 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  53. 53,0 53,1 53,2 53,3 Вестемајер, Сузан. „Хоаким Родригез освои етапа на Вуелта“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 23 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  54. Lowe, Felix. „Red-hot Rodriguez wins stage six“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 23 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  55. Фотерингем, Аласдер. „Уран мисли дека Скај е на вистинскиот пат“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 23 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  56. Родригез победи и го зголеми своето водство“, „Тим Катјуша“, Katusha Management SA, 23 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  57. Fotheringham, Alasdair. „Rodríguez predicts sparks will fly on Vuelta’s third summit finish“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 22 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  58. Hood, Andrew. „‘Purito’ king of punch, but can he go the distance?“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 23 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  59. „Хуеска-Моторленд Арагон“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=7. конс. 17 август 2012. 
  60. 60,0 60,1 „Преглед на етапа 7“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. 14 август 2012. http://www.cyclingnews.com/vuelta-a-espana/stage-7. конс. 24 август 2012. 
  61. 61,0 61,1 61,2 61,3 Аткинс, Бен. „John Degenkolb motors to a hat-trick on Alcañiz race circuit“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 24 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  62. „The Spin: Vuelta Stage 7“. „The Inner Ring“. WordPress. 24 август 2012. http://inrng.com/2012/08/vuelta-stage-7/. конс. 24 август 2012. 
  63. 63,0 63,1 63,2 63,3 Вестемајер, Сузан. „Дегенколб спринтал за победа на етапата 7 на Вуелта а Еспања“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 24 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  64. Џон Дегенколб ја освоил етапата 7 на Вуелта а Еспања 2012“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 24 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  65. Фотерингем, Аласдер. „Дегенколб освоил трета етапа на Вуелта а Еспања“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 24 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  66. Lowe, Felix. „Hat-trick for Degenkolb after Vuelta stage 7 win“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 24 август 2012 (конс. 24 август 2012).
  67. „Љеида-Андора“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=8. конс. 17 август 2012. 
  68. „The Spin: Vuelta Stage 8“. „The Inner Ring“. WordPress. 25 август 2012. http://inrng.com/2012/08/vuelta-stage-8/. конс. 26 август 2012. 
  69. Алехандро Валверде победи на осмата етапа“, „BBC Sport“, BBC, 25 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  70. Santucci, Simone. „Spettacolo alla Vuelta: Valverde primo sul Col de la Gallina“, „CyclingWorld.it“, Cycling World, 25 август 2012 (конс. 26 август 2012). (на италијански)
  71. 71,0 71,1 71,2 71,3 Вестемајер, Сузан. „Валверде го спречи Контадор за етапен триумф на Вуелта“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  72. 72,0 72,1 72,2 72,3 Аткинс, Бен. „Алехандро Валверде победи повторно во Андора“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 25 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  73. Valverde reels in Contador to win stage eight“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 25 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  74. Контадор бил близу до првата победа по неговото враќање во велосипедизмот“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 25 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  75. Fotheringham, Alasdair. „Froome suffers but limits gap on Collada de la Gallina“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  76. Fotheringham, Alasdair. „Rodriguez: I can’t win the Vuelta unless Froome and Contador crack“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  77. Fotheringham, Alasdair. „Valverde continues Movistar’s strong Vuelta but says GC hopes are limited“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  78. „Андора-Барселона“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=9. конс. 17 август 2012. 
  79. Филип Жилбер ја заврши сушата со победа во Барселона; Хоаким Родригез води на Вуелта а Еспања“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 26 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  80. Фотерингем, Аласдер. „Барселона ја добила првата посета од Вуелта за 13 години“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 26 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  81. Aggresive riding from Roscioli finally pays off after riders protest delays start“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 септември 1999 (конс. 26 август 2012).
  82. Hushovd overhauls Millar for win“, „BBC Sport“, BBC, 9 јули 2009 (конс. 26 август 2012).
  83. 83,0 83,1 83,2 83,3 Аткинс, Бен. „Филип Жилбер победи во Барселона на чело на бегството од двајца“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 26 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  84. 84,0 84,1 84,2 84,3 Жилбер ја однесе победата на етапа на Вуелта во Барселона“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 26 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  85. Мекган, Колин. „Родригез го зголеми водството во Барселона, каде што победи Жилбер“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 26 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  86. Худ, Ендру. „Филип Жилбер виде можност додека Хоаким Родригез украде секунди“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 26 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  87. Fotheringham, Alasdair. „Gilbert delighted with comeback win“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 26 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  88. Фотерингем, Аласдер. „Родригез го зголемил водството на Вуелта во Барселона“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 26 август 2012 (конс. 26 август 2012).
  89. „Понтеареас-Санхенхо“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=10. конс. 17 август 2012. 
  90. Фотерингем, Аласдер. „Vuelta 2012 route leaves time triallists out in the cold“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 11 јануари 2012 (конс. 29 август 2012).
  91. Hood, Andrew. „2012 Vuelta a España serves up a mountainous, unpredictable course“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 16 август 2012 (конс. 29 август 2012).
  92. 92,0 92,1 92,2 92,3 92,4 Вестемајер, Сузан. „Дегенколб ја освоил својата четврта етапа на Вуелта“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 28 август 2012 (конс. 29 август 2012).
  93. 93,0 93,1 93,2 93,3 Moore, Kyle. „Quatro victorias for Degenkolb after stage 10 to Sanxenxo“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 28 август 2012 (конс. 29 август 2012).
  94. Лов, Феликс. „Дегенколб спринтал за четврта победа на Вуелта“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 28 август 2012 (конс. 29 август 2012).
  95. Фотерингем, Аласдер. „Дегенколб приморан да спринта порано, но сепак победил“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 28 август 2012 (конс. 29 август 2012).
  96. Бул, Ник. „Дегенколб го продолжува непобедливиот спринтерски рекорд во Шпанија“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 28 август 2012 (конс. 29 август 2012).
  97. „Камбадос-Понтеведра“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=11. конс. 17 август 2012. 
  98. Gladstone, Hugh. „Rodriguez hangs onto lead as Kessiakoff wins time trial“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 29 август 2012 (конс. 30 август 2012).
  99. Лов, Феликс. „Родригез се задржал во црвено, додека Кесијакоф победил на хронометарот“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 29 август 2012 (конс. 30 август 2012).
  100. Кесијакоф победил на хронометарот на Вуелта додека Родригез се задржал во црвено“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 29 август 2012 (конс. 30 август 2012).
  101. Rodríguez last off in Vuelta a España stage 11 time trial“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 30 август 2012 (конс. 29 август 2012).
  102. 102,0 102,1 102,2 102,3 Stokes, Shane. „Kessiakoff holds off Contador in Pontevedra“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 29 август 2012 (конс. 30 август 2012).
  103. 103,0 103,1 103,2 103,3 Cossins, Peter. „Kessiakoff wins TT as Purito clings on to lead“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 29 август 2012 (конс. 30 август 2012).
  104. Fotheringham, Alasdair. „Kessiakoff’s wait pays off in Vuelta time trial“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 29 август 2012 (конс. 30 август 2012).
  105. Fotheringham, Alasdair. „Contador has no complaints after missing Vuelta stage and race lead“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 29 август 2012 (конс. 30 август 2012).
  106. Fotheringham, Alasdair. „Rodríguez takes big step forward at Vuelta time trial“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 29 август 2012 (конс. 30 август 2012).