Кун де Корт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кун де Корт
де Корт на Три дена Западна Фландрија 2008
Лични податоци
Цело имеКун де Корт
Роден8 септември 1982(1982-09-08)(41 г.)
Гауда,  Холандија
Висина1,80 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЛидл-Трек
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
2002–2004
2005–2006
2007–2008
2009–2016
2017-
Рабобанк ГС3
ONCE
Астана
Скил-Шимано
Трек-Сегафредо
Последна промена
22 март 2018

Кун де Корт (холандски: Koen de Kort; р. 8 септември 1982) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.

Кариера[уреди | уреди извор]

Од 2002 до 2004 бил во развојната екипа на Рабобанк. Де Корт имал ветувачка аматерска кариера со победи на изданието до 23 години на трката Париз-Рубе. Во 2005 станал професионалец со екипата Либерти Сергурос-Вирт. Таа година освоил етапа на Тур де л’Авенир 2005.[1] Во 2007 му се приклучил на Астана. По позитивните тестови на допинг-тестовите на колегите Александар Винокуров и Андреј Кашечкин, Астана немала прилика да се натпреварува во 2007 и била ограничена во 2008. Зборувајќи за холандските медиуми, Де Корт го изразил своето незадоволство бидејќи немал шанса да настапува откако бил во слична ситуација во 2006 со екипата Либерти Сергурос. Ја напуштил Астана на крајот на сезоната 2008 и ѝ се приклучил на екипата Скил-Шимано.

Де Корт имал три успешни години во Скил-Шимано, кога бил петти на Три дена Западна Фландрија, 12. на Енеко Тур и 4. на Стер Електротур во 2008 година. Останал со екипата во 2012 година, кога била преименувана како Аргос-Шимано и завршил како трет на Три дена Западна Фландрија, како и на 16. место на Светското друмско првенство во 2012 година.

Од 2013 до 2016 година бил член на Џајант, настапувајќи со екипата на седум големи трки и на 12 класични трки.

Во 2017 година се приклучил на екипата Трек-Сегафредо. Во јуни 2017 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[2]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Оженет е со Австралијката, Кејтлин де Корт и времето го поминува помеѓу Европа и Австралија.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2004
1. Париз-Рубе под 23 години
1. ГП Еди Меркс
1. Краен пласман Ронде ван Вламс-Брабант
1. Етапа 1
2. Национално велокрос првенство под 23 години
3. Краен пласман Париз-Корез
2005
1. Етапа 4 Тур де л’Авенир
2008
3. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Стер Електротур
2009
1. Друмска трка Сузука
2010
9. Национално друмско првенство
9. Краен пласман Трка околу Британија
2012
3. Дварс дор Вландерен
7. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Де Корт триумфира“. Le Tour.fr. Посетено на 17 август 2007.
  2. „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]