Хавиер Арамендија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хавиер Арамендија

Арамендија на Енеко Тур 2008
Лични податоци
Цело име Франсиско Хавиер Арамендија Љоренте
Роден 5 декември 1986 (1986-12-05) (28 г.)
Памплона, Шпанија
Висина 1,87 м
Маса 70 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Каха Рурал-Сегурос РГА
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за бегства
Аматерски клубови
2007 Орбеа-Орека СДА
Професионални клубови
2008–2011
2012–
Еускалтел-Еускади
Каха Рурал-Сегурос РГА
Последна промена
8 септември 2014

Франсиско Хавиер Арамендија Љоренте (шпански: Francisco Javier Aramendia Llorente; р. 5 декември 1986 во Памплона) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Каха Рурал-Сегурос РГА.[1]

Професионална кариера[уреди]

На Вуелта а Еспања 2012, Арамендија се појавувал во голем дел од долгите бегства,[2] освојувајќи ја наградата за борбеност четирипати во текот на трката, рекорд за Вуелта во таа година.[3] Се чинело дека има големи шанси да ја добие титулата најборбен возач на крајот на трката, но го победил Алберто Контадор.[4]

Арамендија бил именуван за најборбен возач на целата трка на Вуелта а Еспања 2013, откако на три пати бил прогласен за најборбен возач на индивидуалните етапи.

Достигнувања[уреди]

2006
1. Етапа 2 Бизкаико Бира
2012
Вуелта а Еспања
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапите 2, 7, 8 и 10
2013
Вуелта а Еспања
Jersey red number.svg Награда за борбеноста на етапите 7, 9, 17 и на цела трка
2014
Вуелта а Еспања
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапите 2, 8 и 15

Наводи[уреди]

  1. „Каха Рурал-Сегурос РГА (CJR) - ШПА“. „UCI Continental Circuits“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(uxddm1cd0ye0s5qoo5za0nie))/Teams/detail/en/ROA/3014. конс. 19 јануари 2014. 
  2. Кајл Мур. „Вуелта а Еспања: Четири победи за Дегенколб по етапата 10“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 28 август 2012 (конс. 14 септември 2012).
  3. Арамендија повторно - Етапа 10 Вуелта а Еспања“, „Cycling Components“, Blogger, 28 август 2012 (конс. 14 септември 2012).
  4. La Vuelta“, „La Vuelta“, Mastercom (конс. 15 септември 2012).

Надворешни врски[уреди]