Паоло Тиралонго
Тиралонго на Тур де Романди 2011 |
|||
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Цело име | Паоло Тиралонго | ||
| Роден | 8 јули 1977 |
||
| Висина | 1,68 м | ||
| Маса | 56 кг | ||
| Податоци за клубот | |||
| Мом. клуб | Астана | ||
| Дисциплина | Друмски велосипедизам | ||
| Улога | Возач | ||
| Вид на возач | Специјалист за искачување | ||
| Професионални клубови | |||
| 2000–2002 2003–2005 2006–2009 2010– |
Фаса Бортоло Керамиче Панарија-Фјордо Лампре-Фондитал Астана |
||
| Значајни победи | |||
|
|||
| Последна промена 3 март 2013 |
|||
Паоло Тиралонго (роден на 8 јули 1977 во Авола) е италијански професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Астана.
Во 2009, додека возел за Лампре-НГЦ, Тиралонго го забележал најдобриот пласман на Гранд Тур, завршувајќи на Вуелта а Еспања на осмото место откако постојано возел добро на планинските етапи. Доцнел нешто помалку од девет минути во однос на победникот, Шпанецот Алехандро Валверде од Кејс д’Епарњ.[1] Се придружил на Астана за сезоната 2010 со двегодишен договор.[2] Во 2011, Тиралонго победил на етапата 19 на Џиро д’Италија, завршница на врв. Нападнал во последните километри и јасно се одвоил од водечката група, но бил придружен од Алберто Контадор (Саксо Банк-СанГард) во последните неколку метри. Прв дошол до целта, со што ја освоил првата победа по повеќе од десет години.[3]
Во 2012, ја освоил етапата 7 на Џиро д’Италија, која завршувала на врвот на Рока ди Камбио. На 500 метри пред крајот, возачот на Астана нападнал по воведниот напад од Микеле Скарпони од Лампре-ИСД и го поминал Скарпони во последните 100 метри, остварувајќи ја својата втора победа во кариерата на етапа на Џиро д’Италија.[4]
Достигнувања[уреди]
- 1999
- 1. Краен пласман Триптик Ардени
- 2001
- 2. Трофео дело Скалаторе 3
- 3. Краен пласман Трка околу Австрија
- 6. ГП Коста дели Етруки
- 8. Џиро Провинција ди Сиракуза
- 9. ГП Индустрија - Ларчано
- 10. Трофео дело Скалаторе 2
- 2002
- 2. Краен пласман Медитеранска трка
- 6. Краен пласман Трка Бриксија
- 8. Копа Агостони
- 10. Трофео Панталика
- 2003
- 8. Краен пласман Сетимана Копи е Бартали
- 10. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 2004
- 1. Планински пласман Тур Даун Андер
- 2. Трофео Мелинда
- 2. ГП Сита ди Реио Саличето
- 2. Краен пласман Трка Бриксија
- 5. Џиро Медио Брента
- 7. Тре Вали Варезине
- 7. Џиро дела Ромања
- 8. Џиро дел Венето
- 2005
- 3. Милано-Торино
- 3. Трофео Лагвелија
- 6. ГП Фред Менгони
- 6. Краен пласман Сетимана Копи е Бартали
- 8. Џиро д’Оро
- 2008
- 6. Класика Примавера
- 2009
- 8. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 10. Џиро дел’Емилија
- 2011
- 1. Етапа 19 Џиро д’Италија
- 2012
- 1. Етапа 7 Џиро д’Италија
Наводи[уреди]
- ↑ „Вуелта а Еспања 2009 - Етапа 21, Крајни резултати“, „Bike World News“, Disqus, 20 септември 2009 (консултирано на 11 декември 2012).
- ↑ „Тиралонго потпишува со Астана“ (консултирано на 20 октомври 2009).
- ↑ Сајмон Мекмајкл. „Џиро д’Италија Етапа 19: Тиралонго од Астана ја освоил првата победа по 12 години како професионалец“, „RoadCC“, Farrelly Atkinson Ltd, 27 мај 2011 (консултирано на 11 декември 2012).
- ↑ Вестемајер, Сузан. „Џиро д’Италија: Тиралонго победи на Рока ди Камбио“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 12 мај 2012 (консултирано на 12 мај 2012).
Надворешни врски[уреди]
- Профил на Паоло Тиралонго на Cycling Archives
- Профил на Cycling Base
- Профил на официјалната страница на Лампре
- Паоло Тиралонго на Trap-Friis.dk
|
|||||
| Оваа биографска статија поврзана со италијанскиот велосипедизам е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |