Вијана
Од Википедија, слободната енциклопедија
Вијана (шпан. Viana) е гратче и општина во покраината Навара во северна Шпанија. Местото е основано во 1219 г. од наварскиот крал Санчо VII. Денес населението брои 4.018 жители.[1]
Во Вијана е погребан италијанскиот војсководец и државник Чезаре Борџија (1475/76-1507). Градот е родно место на отецот Франциско Гонзалез де Ибара, мисионер во јужна Калифорнија во периодот помеѓу 1820 и 1840.
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Вијана“ |
Наводи [уреди]
- ↑ Население на Вијана (2011) - Национален статистички институт (англиски)
Надворешни врски [уреди]
- Вијана - Средновековна историја на Навара (шпански)
- Град Вијана (шпански)

