Џиро д’Италија 2012
| Светска турнеја UCI 2012, трка 15 од 28 | |||
| Детали за трката | |||
|---|---|---|---|
| Датум | 5–27 мај | ||
| Етапи | 21 | ||
| Должина | 3.502,1 km (2,176 mi) | ||
| Време | 91ч 39' 02" (24 mph/39 км/ч) | ||
| Добитници на наградите | |||
| Победник | (Гармин-Баракуда) | ||
| Втор | (Тим Катјуша) | ||
| Трет | (Вакансолел-ДКМ) | ||
|
|
|||
| Бодови | (Тим Катјуша) | ||
| Планини | (Фарнезе Вини-Селе Италија) | ||
| Млад | (Тим Скај) | ||
| Екипа | Лампре-ИСД | ||
| Екипни бодови | Гармин-Баракуда | ||
|
← 2011
2013 →
|
|||
Џиро д’Италија 2012 било 95. издание на Џиро д’Италија. Оваа година започнала во данскиот град Хернинг,[1] а завршила во Милано. Целосната рута на Џиро д’Италија 2012 била објавена во средината на октомври. По првпат од изданието во 2007 немало да има планински хронометар. Бојата на маичката за планинскиот пласман била променета за овогодишното издание од зелена во сина. Потегот дошол, како знак на добра волја за спонзорот Банка Медиоланум, која ја продолжила соработката со Џиро во делот на планинскиот пласман во наредните четири години.[2]
Трката била освоена од канадскиот велосипедист Рајдер Хесједал од Гармин-Баракуда,[3] станувајќи прв возач од неговата држава, кој освоил Гранд Тур трка; тој исто така станал само втор возач, кој ја презел водечката маичка од друг возач на последниот ден, по Франческо Мозер во 1984.[4] Хесједал го освоил генералниот пласман со 16 секунди пред неговиот ривал Хоаким Родригез од Шпанија, претставувајќи ја Тим Катјуша – најблиска разлика помеѓу победникот и вицешампион откога Еди Меркс го победил Џанбатиста Барончели за 12 секунди во изданието од 1974[5] – кој исто така освоил две етапи и бодовниот пласман,[6] победувајќи го спринтерот од Тим Скај Марк Кевендиш за еден бод. Третото место му припаднало на возачот на Вакансолел-ДКМ Томас де Гент од Белгија, откако се покажал особено силен на последните две етапи на трки; ја освоил кралската етапа на трката, завршувајќи на највисоката точка на рутата, на Пасо дело Стелвио и исто така завршил во првите пет на хронометарот.[7] Со тоа, тој добил значително време да се помести од деветтото на третото место на овие етапи, станувајќи првиот белгиски возач, кој зазел подиум на Гранд Тур по Јохан Брујнел, кој завршил трет на Вуелта а Еспања 1995.[8]
Во другите пласмани на трката, возачот на Тим Скај Ригоберто Уран од Колумбија, завршил како најдобар возач со возраст 25 или помалку во пласманот за млад возач,[9] завршувајќи како седми во крајниот пласман; планинскиот пласман бил освоен од Италијанецот Матео Работини од екипата Фарнезе Вини-Селе Италија, постигнувајќи речиси двојно повеќе бодови од најблискиот конкурент во пласманот. Работини бил единствениот Италијанец, кој се искачил на подиум, бидејќи по првпат од 1995,[10] ниеден италијански возач на завршил во првите тројца во генералниот пласман, па така возачот на Лампре-ИСД Микеле Скарпони – шампионот од минатата година – успеал да го заземе само четвртото место.
Содржина |
Фаворити пред почетокот [уреди]
Победникот од 2011 Алберто Контадор добил двегодишна суспензија на 6 февруари за допинг во текот на Тур де Франс 2010 и затоа нема да учествува на Џиро. Иван Басо, победник на Џиро во 2006 и 2010, објавил на 13 ноември 2011, дека ќе цели кон трета розова маичка.[11] Во интервју, холандскиот специјалист за искачување Роберт Гесинк изјавил дека сака да вози на Џиро 2012, како подготовка за Тур де Франс.[12]
Јохан Брујнел, менаџер на новата споена екипа помеѓу Леопард-Трек и Тим Радиошек, изјавил дека ќе биде тешко за трикратниот вицешампион Енди Шлек и неговиот брат Френк Шлек за победа на Тур де Франс 2012, поради недостигот на поминати километри. Затоа, можно е еден од браќата да цели кон Џиро д’Италија.[13] На 19 ноември 2011, Френк првично објавил дека браќата Шлек нема да настапат на Џиро и дека ќе се насочат кон Тур де Франс, и покрај многуте хронометри.[14] На крај, на 29 април 2012, било објавено дека Френк Шлек ќе го замени повредениот Јакоб Фуглсанг, како екипен водач на трката.[15]
На 17 април, Микеле Скарпони, победник на изданието во 2011 по суспензијата на Контадор, објавил дека сака да го освои Џиро преку етапите, а не со суспензија на друг возач.[16] Скарпони ќе соработува со неговиот колега и победникот на Џиро д’Италија 2004, Дамијано Кунего. Кунего ќе цели кон висок пласман на Џиро и ќе го избегне Тур де Франс 2012, поради големиот број на хронометри.[17]
Други возачи кои се сметаат како главни кандидати за освојувачи на генералниот пласман се Џон Гадре од Аг2р Ла Мондијал (трет во генералниот пласман на Џиро д’Италија 2011), победникот на пласманот за млад возач во 2011 Роман Кројцигер од Астана, Хоаким Родригез од Катјуша (четврти во генералниот пласман на Џиро д’Италија 2011) и венецуелскиот специјалист за искачување Хосе Рухано од екипата Андрони Џокатоли.
Екипи [уреди]
Сите 18 UCI ProTeam екипи биле повикани автоматски и се обврзани да учествуваат. Дополнителни четири континентални екипи биле повикани во јануари 2012,[18] Целосниот список на екипи, кои учествуваат е:
Рута и етапи [уреди]
Првите три етапи биле најавени на 5 октомври 2011, додека преостанатите биле објавени на 16 октомври.[19][20] На 18 април 2012, било објавено дека текот на етапата 12, Серавеца до Сестри Леванте ќе биде изменет, поради лизгање на земјиштето на крајбрежниот пат низ Синке Тере, кој останал неупотреблив од 25 октомври минатата година. Новото растојание на етапата ќе биде 155 километри.[21]
| Етапа | Датум | Тек | Растојание | Вид | Победник | ||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 5 мај | 8,7 км | индивидуален хронометар | ||||
| 2 | 6 мај | 206 км | рамна етапа | ||||
| 3 | 7 мај | 190 км | рамна етапа | ||||
| 8 мај | ден за одмор | ||||||
| 4 | 9 мај | Верона | 32,2 км | екипен хронометар | Гармин-Баракуда | ||
| 5 | 10 мај | Модена до Фано | 199 км | рамна етапа | |||
| 6 | 11 мај | Урбино до Порто Сант’Елпидио | 207 км | умерено планинска | |||
| 7 | 12 мај | Реканати до Рока ди Камбио | 202 км | умерено планинска | |||
| 8 | 13 мај | Сулмона до Лаго Лачено | 229 км | умерено планинска | |||
| 9 | 14 мај | Сан Џорџо дел Санио до Фрозиноне | 171 км | рамна етапа | |||
| 10 | 15 мај | Чивитавекија до Асизи | 187 км | умерено планинска | |||
| 11 | 16 мај | Асизи до Монтечатини Терме | 243 км | рамна етапа | |||
| 12 | 17 мај | Серавеца до Сестри Леванте | 155 км | умерено планинска | |||
| 13 | 18 мај | Савона до Червере | 121 км | рамна етапа | |||
| 14 | 19 мај | Чераско до Червинија | 205 км | планинска етапа | |||
| 15 | 20 мај | Бусто Арзицио до Леко-Пијан деи Резинели | 172 км | планинска етапа | |||
| 21 мај | ден за одмор | ||||||
| 16 | 22 мај | Лимоне сул Гарда до Фалцес-Пфалцен | 174 км | умерено планинска | |||
| 17 | 23 мај | Фалцес-Пфалцен до Кортина Дампецо | 187 км | планинска етапа | |||
| 18 | 24 мај | Сан Вито ди Кадоре до Веделаго | 139 км | рамна етапа | |||
| 19 | 25 мај | Тревизо до Алпе ди Пампеаго | 197 км | планинска етапа | |||
| 20 | 26 мај | Калдес-Вал ди Соле до Пасо дело Стелвио | 218 км | планинска етапа | |||
| 21 | 27 мај | Милано | 28,2 км[22] | индивидуален хронометар | |||
Пласмани [уреди]
На Џиро д’Италија 2012 биле наградувани четири различни маички. За генералниот пласман се пресметувале завршните времиња на секој возач по секоја етапа и одредени бонус секунди на првите тројца возачи на крајот на етапата на сите етапи, освен хронометрите и оние кои завршувале на планини. Во овој пласман се носела розовата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Џиро д’Италија и победникот бил сметан како победник на целокупната трка.[23]
Дополнително, постоел и бодовниот пласман, на кој се доделувала црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови, доколку завршеле во првите 15 возачи на крајот на етапата. За разлика од попознатиот бодовен пласман на Тур де Франс, видот на етапата немала никаков ефект во бројот на бодовите - секоја етапа имала еднаков расположлив број на бодови. Победата носела 25 бода, второто место 20 бода, третото 16, четвртото 14, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку за секое место понатаму, сè до последниот еден бод за 15. место. Исто така, бодови можеле да се добијат и на средните спринтови.[23]
Исто така, постоел и планински пласман, водството во овој пласман било одбележано со сината маичка. Маичката била зелена откако започнала да се доделува, но со промената на спонзорот, бојата на маичката се променила во сина. Во планинскиот пласман, бодовите се добивале со доаѓањето меѓу првите возачи на некое искачување. Секое искачување било различно категоризирано; имало вкупно четири категории на искачувања. Чима Копи, највисоката точка на трката, носел повеќе бодови од другите искачувања од прва категорија.[23]
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, одбележана со белата боја. Овој пласман се пресметува како генералниот пласман, но учествуваат само возачи кои биле родени по 1 јануари 1986.[23]
Исто така, постоеле и два пласмани за екипите. Во Трофејот Брза Екипа, се пресметувале времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време; Трофејот Супер Екипа бил екипниот бодовен пласман, со најдобрите 20 најдобро пласирани возачи на секоја етапа по бројот на бодови (20 за првото место, 19 за второто, итн., сè до последниот еден бод за 20.) за нивната екипа.[23]
Колоните во следната табела се однесуваат на маичките, кои се доделувани по завршувањето на етапата.
Поредок [уреди]
| Легенда | |||
|---|---|---|---|
| |
Го означува предводникот во генералникот пласман | |
Го означува предводникот во планинскиот пласман |
| |
Го означува предводникот во бодовниот пласман | |
Го означува предводникот во пласманот за млад возач |
Генерален пласман [уреди]
| Возач | Екипа | Време | |
|---|---|---|---|
| 1 | Гармин-Баракуда | 91ч 39' 02" | |
| 2 | Тим Катјуша | + 16" | |
| 3 | Вакансолел-ДКМ | + 1' 39" | |
| 4 | Лампре-ИСД | + 2' 05" | |
| 5 | Ликвигас-Канондале | + 3' 44" | |
| 6 | Лампре-ИСД | + 4' 40" | |
| 7 | Тим Скај | + 5' 57" | |
| 8 | Колнаго-ЦСФ Бардијани | + 6' 28" | |
| 9 | Тим Скај | + 7' 50" | |
| 10 | Еускалтел-Еускади | + 8' 08" |
Бодовен пласман [уреди]
| Возач | Екипа | Бодови | |
|---|---|---|---|
| 1 | Тим Катјуша | 139 | |
| 2 | Тим Скај | 138 | |
| 3 | Гармин-Баракуда | 113 | |
| 4 | Лампре-ИСД | 81 | |
| 5 | Колнаго-ЦСФ Бардијани | 80 | |
| 6 | Вакансолел-ДКМ | 76 | |
| 7 | Ликвигас-Канондале | 58 | |
| 8 | Тим Катјуша | 58 | |
| 9 | Тим Скај | 53 | |
| 10 | Мувистар Тим | 52 |
Планински пласман [уреди]
| Возач | Екипа | Бодови | |
|---|---|---|---|
| 1 | Фарнезе Вини-Селе Италија | 84 | |
| 2 | Колнаго-ЦСФ Бардијани | 44 | |
| 3 | Мувистар Тим | 43 | |
| 4 | Омега Парма-Квик Степ | 34 | |
| 5 | Колнаго-ЦСФ Бардијани | 26 | |
| 6 | Тим НетАп | 24 | |
| 7 | Андрони Џокатоли-Венецуела | 24 | |
| 8 | Гармин-Баракуда | 24 | |
| 9 | Тим Катјуша | 23 | |
| 10 | Вакансолел-ДКМ | 21 |
Пласман за млад возач [уреди]
| Возач | Екипа | Време | |
|---|---|---|---|
| 1 | Тим Скај | 91ч 44′ 59″ | |
| 2 | Тим Скај | + 1' 53″ | |
| 3 | Колнаго-ЦСФ Бардијани | + 8' 23″ | |
| 4 | Лампре-ИСД | + 31' 20″ | |
| 5 | Ликвигас-Канондале | + 43' 48″ | |
| 6 | Астана | + 44' 52″ | |
| 7 | Гармин-Баракуда | + 48' 28″ | |
| 8 | Рабобанк | + 51' 27″ | |
| 9 | Колнаго-ЦСФ Бардијани | + 1h 35' 00″ | |
| 10 | Еускалтел-Еускади | + 1ч 42' 57″ |
Трофеј Брза Екипа [уреди]
| Место | Екипа | Време |
|---|---|---|
| 1 | Лампре-ИСД | 274ч 19′ 46″ |
| 2 | Мувистар Тим | + 10' 53″ |
| 3 | Тим Скај | + 37' 07″ |
| 4 | Астана | + 43' 12″ |
| 5 | Гармин-Баракуда | + 51' 52" |
| 6 | Ликвигас-Канондале | + 54' 09″ |
| 7 | Еускалтел-Еускади | + 56' 27″ |
| 8 | Колнаго-ЦСФ Бардијани | + 1ч 10' 25″ |
| 9 | Аг2р-Ла Мондијал | + 1ч 22' 12″ |
| 10 | Тим Катјуша | + 1ч 30' 51″ |
Трофеј Супер Екипа [уреди]
| Место | Екипа | Бодови |
|---|---|---|
| 1 | Гармин-Баракуда | 363 |
| 2 | Тим Скај | 345 |
| 3 | Тим Катјуша | 301 |
| 4 | Колнаго-ЦСФ Бардијани | 253 |
| 5 | Омега Парма-Квик Степ | 244 |
| 6 | Мувистар Тим | 239 |
| 7 | РадиоШек-Нисан | 234 |
| 8 | Ликвигас-Канондале | 221 |
| 9 | Орика-ГринЕЏ | 212 |
| 10 | ФДЖ-БигМет | 197 |
Наводи [уреди]
- ↑ „Обновено: Џиро д’Италија 2012 ќе започне во Данска“. cyclingnews.com. 2010-07-21. http://www.cyclingnews.com/news/updated-giro-ditalia-2012-start-in-denmark-confirmed. проверено на 2011-07-21.
- ↑ „Сина планинска маичка на Џиро 2012“. 17 април 2012. http://www.cyclingnews.com/news/blue-mountains-jersey-for-2012-giro-ditalia. проверено на 23 април 2012.
- ↑ Бел, Тери. „Рајдер Хесједал станал првиот канадски победник на Гранд Тур“, „The Montreal Gazette“, Alan Allnutt; Postmedia Network, 27 мај 2012 (проверено на 29 мај 2012).
- ↑ Кели, Малколм. „Рајдер Хесједал го освоил престижниот Џиро“, „CBC Sports“, Canadian Broadcasting Corporation, 27 мај 2012 (проверено на 29 мај 2012).
- ↑ Парфит, Бен. „Хесједал победил на една од најтесните трки на Џиро со само 16 секунди предност“, „The Independent“, Independent Print Limited, 27 мај 2012 (проверено на 29 мај 2012).
- ↑ Вин, Најџел. „Хесједал победник во генералниот пласман на Џиро д’Италија 2012, Пиноти победи на завршниот хронометар“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 27 мај 2012 (проверено на 29 мај 2012).
- ↑ „Де Гент пресреќен со резултатот на Џиро“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 28 мај 2012 (проверено на 29 мај 2012).
- ↑ Аткинс, Бен. „„Јас сум сè уште истиот Томас де Гент, но со различни амбиции““, „VeloNation“, VeloNation LLC, 28 мај 2012 (проверено на 29 мај 2012).
- ↑ „Team end Giro on a high“, „Тим Скај“, BSkyB, 27 мај 2012 (проверено на 29 мај 2012).
- ↑ „Рајдер Хесједал победи на Џиро д’Италија“, „ESPN.com“, ESPN, 27 мај 2012 (проверено на 29 мај 2012).
- ↑ „Фокусот на Басо на Тур 2011 бил промашување“. cyclingnews.com. 13 ноември 2011. http://www.cyclingnews.com/news/bassos-focus-on-tour-in-2011-a-disappointment. проверено на 14 ноември 2011.
- ↑ „Giro lonkt voor Robert Gesink“. telegraaf.nl. 22 ноември 2011. http://www.telegraaf.nl/telesport/wielersport/10973965/__Giro_lonkt_voor_Robert_Gesink__.html?p=3,1. проверено на 24 ноември 2011.
- ↑ „Брујнел за рутата на Тур де Франс и браќата Шлек“. 19 октомври 2011. http://www.cyclingnews.com/news/video-bruyneel-on-tour-de-france-route-and-the-schlecks. проверено на 14 ноември 2011.
- ↑ „Нема Џиро за браќата Шлек“. 19 ноември 2011. http://www.cyclingnews.com/news/no-giro-ditalia-for-the-schleck-brothers. проверено на 24 ноември 2011.
- ↑ „Френк Шлек на чело на РадиоШек-Леопард-Трек на Џиро 2012“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/frank-schleck-to-head-up-radioshack-nissan-at-2012-giro-ditalia. проверено на 2012-04-29.
- ↑ „Скарпони го поврди учеството на Џиро д’Италиа“. 17 април 2012. http://www.cyclingnews.com/news/scarponi-confirms-giro-ditalia-participation. проверено на 23 април 2012.
- ↑ „Кунего на класиците со Џиро на ум“. 14 април 2012. http://www.cyclingnews.com/news/cunego-at-classics-with-giro-ditalia-in-mind. проверено на 23 април 2012.
- ↑ „Поделени дополнителните покани за Џиро 2012“. Cyclingnews.com. 2011-10-05. http://www.cyclingnews.com/news/2012-giro-ditalia-wildcards-named. проверено на 2012-01-10.
- ↑ „Почеток на Џиро 2012: првпат во Скандинавија“. gazzetta.it. 2011-10-05. http://www.gazzetta.it/Giroditalia/2011/10-2011-Comunicati/giro-d-italia-2012-start-first-time-ever-scandinavia-803170504280.shtml. проверено на 2011-10-05.
- ↑ 2012 Крајот на Џиро д’Италија во Милано
- ↑ „Синке Тере нема да се вози на Џиро д’Италија“. cyclingnews.com. 18 април 2012. http://www.cyclingnews.com/news/cinque-terre-roads-unusable-for-giro-ditalia. проверено на 23 април 2012.
- ↑ „Патеката за хронометарот на Џиро скратена“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. 27 мај 2012. http://www.cyclingnews.com/news/giro-ditalia-time-trial-course-shortened. проверено на 27 мај 2012.
- ↑ 23,0 23,1 23,2 23,3 23,4 Лаура Вајсло (13 мај 2008). „Објаснети пласманите на Џиро д’Италиа“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://autobus.cyclingnews.com/road/2008/giro08/?id=/features/2008/giro_classifications08. проверено на 27 август 2009.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Џиро д’Италија 2012“ |
- Официјална страница (англиски) (италијански)
|
|||||||||||
|
||||||||

