Џон Гадре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џон Гадре

Гадре на Џиро д’Италија 2011
Лични податоци
Цело име Џон Гадре
Роден 22 април 1979 (1979-04-22) (35 г.)
Еперне, Франција
Висина 1,70 м
Маса 58 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Мувистар Тим
Дисциплина Друмски и велокрос велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Аматерски клубови
2003 Кофидис (стажант)
Професионални клубови
2004–2005
2006–2013
2014–
Вландерен-Т Интерим
Аг2р Превојанс
Мувистар Тим
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2011)

Етапни трки

Тур де л’Ен (2007)

Други

Национален велокрос првак (2004, 2006)
Последна промена
24 јануари 2014

Џон Гадре (француски: John Gadret; р. 22 април 1979) — француски професионален велосипедист во велокрос и друмските дисциплини, кој вози за UCI World Tour екипата Мувистар Тим.[1] Станал стажант за Кофидис во 2003 пред да стане професионалец со екипата Вландерен-Т Интерим во 2004.

Кариера[уреди]

Во 2004 станал национален велокрос првак на Франција по прв пат. Бил специјализиран во велокрос дисциплините, но почнал да настапува и на друмски етапни трки, како што биле Трката околу Германија.[2] Гадре повторно го освоил националното велокрос првенство во 2006. На Џиро д’Италија 2006 Гадре покажал голем потенцијал на планините, кога завршил како седми, шести и петти на трите планински етапи. Доживеал пад на 18. етапа и бил приморан да ја напушти трката со скршена клучна коска.[3] И покрај овие ветувачки резултати на друмскиот велосипедизам, Гадре се вратил во велокрос сезоната 2006-2007[4] и завршил осми на Светското велокрос првенство UCI.[5] Потоа се вратил на друмскиот велосипедизам со цел да настапи на неговиот прв Тур де Франс. Гадре ја освоил првата друмска победа на ГП Кантон Аргау.[6] По Тур де Франс 2007 Гадре ја освоил третата етапа и ја презел водечката маичка на Тур де л’Ен, каде и победил следниот ден.[7]

На етапата 15 на Тур де Франс 2010 Гадре предизвикал контроверзи кога одбил да му го даде неговиот велосипед на неговиот водач, Николас Роуш, откако нему му се дупнала гумата на последното искачување на етапата и потоа започнал да ја напаѓа групата пред Роуш.[8] На крајот завршил на 19. место во генералниот пласман.

На Џиро д’Италија 2011, Гадре завршил трет во генералниот пласман со победа на етапата 11. Завршил три минути и 54 секунди зад победникот на трката Микеле Скарпони.

По осум сезони со Аг2р-Ла Мондијал, Гадре ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Мувистар Тим за сезоната 2014.[1]

Достигнувања[уреди]

2004
13. Краен пласман Трка околу Британија
2005
3. Гран при де Вилерс-Котеретс
4. Тро-Бро Леон
9. ГП Валони
2006
11. Џиро д’Емилија
14. Краен пласман Тур де Романди
2007
1. ГП Кантон Аргау
1. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Етапа
7. Краен пласман Волта а Каталуња
8. Флеш Валон
11. Краен пласман Тур де Романди
15. Лиеж-Бастон-Лиеж
2008
1 етапа Тур де л’Ен
8. Краен пласман Тур де Романди
10. Флеш Валон
18. Краен пласман Вуелта а Еспања
2010
13. Краен пласман Џиро д’Италија
19. Краен пласман Тур де Франс
2011
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 11
2012
11. Краен пласман Џиро д’Италија
2013
3. Краен пласман Рут ду Суд
3. Краен пласман Тур де л’Ен
10. Краен пласман Трка околу Баскија
10. Краен пласман Критериум Интернасионал

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро СО СО 13 3 11
Jersey yellow.svg Тур 54 СО 18 СО 22
Jersey red.svg Вуелта 18 СО

СО = се откажал

Велокрос достигнувања[уреди]

  • 1. Национално велокрос првенство (2004–2005, 2006–2007)
    • 2. Национално велокрос првенство (2003–2004, 2005–2006, 2007–2008, 2011–2012)
1999
5. Светско првенство
2002
3. Национално првенство
9. Светски куп
2003
1. Национално првенство
2. Манш ду Челинџ
10. Светски куп
2004
1. Национално првенство
1. Манш ду Челинџ
10. Светски куп
2005
1. Манш ду Челинџ
12. Светско првенство
2006
1. Манш ду Челинџ
2007
8. Светско првенство
10. Суперпрестиж
2008
9. Светско првенство

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Гадре се надева на нов почеток во Мувистар“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 18 октомври 2013 (конс. 5 ноември 2013).
  2. „Достигнува на Џон Гадре“. Ag2r prevoyance cyclisme. http://www.ag2r-cyclisme.com/fiche-john-gadret.asp. конс. 15 август 2007. 
  3. „Резултати од етапа 18 на Џиро д’Италија 2006“. Cyclingnews. http://autobus.cyclingnews.com/road/2006/giro06/?id=results/giro0618. конс. 15 август 2007. 
  4. „Koppenberg cross 2006 results, report and photos“. cyclingnews. http://autobus.cyclingnews.com/cross.php?id=cross/2006/nov06/koppenberg06. конс. 15 август 2007. 
  5. „Светски велокрос првенства UCI 2006–2007“. Cyclingnews. http://autobus.cyclingnews.com/cross/2007/jan07/CXworlds07a/?id=results/CXworlds074. конс. 15 август 2007. 
  6. „Резултати и извештај од ГП Кантон Аргау 2007“. Cyclingnews. http://autobus.cyclingnews.com/road.php?id=road/2007/jun07/gippingen07. конс. 15 август 2007. 
  7. „Гадре победи и води на Тур де л’Ен“. Cyclingpost. http://www.cyclingpost.com/other/article_005284.shtml. конс. 15 август 2007. 
  8. Роуш, Николас. „I wanted to smash his head in. I couldn't stand to be near him“, Independent.ie, 20 јули 2010 (конс. 20 јули 2010).

Надворешни врски[уреди]