Фредрик Кесијакоф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фредрик Кесијакоф
Лични податоци
Цело име Фредрик Карл Вилхелм Кесијакоф
Роден 17 мај 1980 (1980-05-17) (33 г.)
 Шведска
Висина 1,75 м
Маса 62 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Астана
Дисциплина Друмски велосипедизам
Планински велосипедизам (порано)
Улога Возач
Професионални клубови
2000–2002
2004
2007
2008
2009
2010
2011–
Кресцент
Сименс-Канондале
Канондале-Вредестајн
Фул Динамикс-ИТ
Фуџи-Сервето
Гармин-Транзишанс
Астана
Значајни победи
Гранд Тур
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2012)

Етапни трки

Трка околу Австрија (2011)
Последна промена
1 февруари 2014

Фредрик Карл Вилхелм Кесијакоф (шведски: Fredrik Carl Wilhelm Kessiakoff; р. 17 мај 1980 во Нака) — шведски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана.[1] Кесијакоф се префрлил на друмски велосипедизам во 2009, откако имал успешна кариера како професионален планински велосипедист повеќе години, освојувајќи го шведското национално првенство 4 пати и завршувајќи трет на Светското првенство во планински велосипедизам. Тој двапати ја претставувал Шведска на Олимписките игри.

Достигнувања[уреди]

Планински велосипедизам[уреди]

2002
1. Шведско првенство под 23 години
1. Краен пласман Шведски куп
2003
2. Шведско првенство
2004
1. Шведско првенство
2005
1. Светски куп маратон
1. Куп Саншајн Кипар
4. Светско првенство
2006
1. Шведско првенство
1. Нордиско првенство
1. Краен пласман Бундеслига - Германија
1. Инт Италија Неапол
3. Европско првенство
3. Светско првенство
2007
1. Светски куп финале
1. Шведско првенство
3. Европско првенство
4. Светско првенство
2008
1. Трка Саншајн Кипар
1. Шведско првенство
5. Светско првенство
7. Европско првенство

Друмски велосипедизам[уреди]

2009
4. Краен пласман Тур де Лангкави
9. Краен пласман Тур де Романди
2011
1. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 2
2012
1. Етапа 11 ITT) Вуелта а Еспања
1. Етапа 7 (ITT) Тур де Свис
Тур де Франс
Ја носел Jersey polkadot.svg точкастата маичка од етапата 8 до 10 и етапата 12 до 16.
2. Џиро дел’Емилија
3. Милано-Торино
5. Светско хронометарско првенство
10. Џиро ди Ломбардија

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 50 90
Jersey yellow.svg Тур 40 СО
Jersey red.svg Вуелта 72 34 61

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. Грегор Браун (1 септември 2009). „Гармин објави за Хантер и Ван Сумерен“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/news/garmin-announces-hunter-and-van-summeren-in-2010-team. конс. 1 септември 2009. 

Надворешни врски[уреди]