Игор Антон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Игор Антон

Антон на Еускал Бициклета 2008
Лични податоци
Цело име Игор Антон Ернандез
Прекар Фуџи
Роден 2 март 1983 (1983-03-02) (32 г.)
Галдакао, Баскија, Шпанија
Висина 1,73 м
Маса 59 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Мувистар Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Аматерски клубови
2002
2003-2004
Олара-Консултек
Орбеа-Олара-Консултек
Професионални клубови
2005–2013
2014–
Еускалтел-Еускади
Мувистар Тим
Значајни победи
Џиро д’Италија, 1 етапа
Вуелта а Еспања, 4 етапи
Тур де Романди, 2 етапи
Тур де Свис, 1 етапа
Последна промена
1 јануари 2015

Игор Антон Ернандез (шпански: Igor Antón Hernández; р. 2 март 1983) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мувистар Тим.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Откако станал професионалец во 2005, поголеми достигнување му е победата на шеснаесеттата етапа на Вуелта а Еспања 2006.[2]

Откако ги импресионирал директорите на неговата екипа во 2007, каде освоил етапа на Тур де Романди, Антон набрзо бил одбран како водач на екипата за генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2008, каде завршил како осми во генералниот пласман. Годината му започнала добро и во јуни бил втор на Еускал Бициклета. Подоцна истиот месец, Антон ја освоил втората етапа на UCI ProTour трката Тур де Свис. Во генералниот пласман завршил како трет. Во септември на Вуелта а Еспања, Антон бил во најдобрата форма во кариерата и го одржувал темпото на Алберто Контадор и Алехандро Валверде низ планините. Падот на етапата до Алто де Л’Англиру ставил крај на неговите амбиции на Вуелта. Падот предизвикал фрактура на клучната коска и сезоната ја завршил порано.

Сезоната 2009 започнала послабо за Антон. Започнал на Тур де Франс во јули, но потфрлил во однос на резултатите. Тур бил исполнет со лоша среќа за Антон, откако имал најмалку три пада на почетокот на тринеделната трка. Меѓутоа, Антон излегол со добра форма по Тур де Франс и ја освоил единствената победа во сезоната на 2 август, кога победил на Субида а Уркиола.

Во 2010, Антон се покажал како добра возач на класиците, завршувајќи 4. на Флеш Валон и 6. на Лиеж-Бастон-Лиеж. На Вуелта а Еспања, Антон ги освоил етапата 4 и 11, со што ја преземал водечката маичка. Меѓутоа на етапата 14, додека ја носел водечката маичка, Антон доживеал силен пад на спустот и бил приморан да се откаже од трката.

Во 2011, Антон освоил две етапи на Гранд Тур трките. Победил на етапата 14 на Џиро д’Италија и етапата 19 на Вуелта а Еспања, обете со завршници на нагорнина.

Во 2012, Антон бил насочен кон Вуелта а Еспања 2012, каде завршил како 9. во генералниот пласман по импресивните резултати на планините.

Антон му се приклучил на Мувистар Тим за сезоната 2014,[1] откако неговата претходна екипа, Еускалтел-Еускади, се распаднала на крајот на сезоната 2013.[3]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
1. Етапа 16 Вуелта а Еспања
1. Ескалада а Монжуик
2007
7. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 4
8. Краен пласман Вуелта а Еспања
2008
3. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 2
2009
1. Субида а Уркиола
2010
Вуелта а Еспања
1. Етапа 4
1. Етапа 11
2. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
1. Етапа 3
2. Класика Примавера
4. Флеш Валон
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
9. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 5
2011
1. Етапа 14 Џиро д’Италија
1. Етапа 19 Вуелта а Еспања
3. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
5. Флеш Валон
2012
3. Класика Примавера
9. Краен пласман Вуелта а Еспања
9. Краен пласман Вуелта а Бургос
2013
2. ГП Мигел Индураин
6. Вуелта а Мурсија
8. Флеш Валон
2014
4. Пруеба Вилјафранка де Ордизија

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро  83  —  —  —  —  — 17  —  — 37
Jersey yellow.svg Тур  —  — СО  — 66  —  —  — 23  —
Jersey red.svg Вуелта  — 15 8 СО 33 СО 33 9 20  —

СО = се откажал

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]