Етна

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Планината Етна (Aetna на латински), исто така позната како Muncibeddu (прекрасна планина) на сицилијански или Mongibello на италјански е стромболијански вулкан на источниот брег на Сицилија.

Нејзиното арапско име било Jebel Utlamat („Огнената планина“). Етна е најголемиот активен вулкан во Европа со височина од 3,329 метри, но тоа варира според ерупциите. Планината е пониска за 21 метар од 1981.

Таа е највисока планина во Италија јужно од Алпите. Етна зафаќа простор од 1,190 km² со основа на периметарот од 140 км. ,,

Етна е најголем од трите активни вулкани во Италија, со тоа што е два пати поголем од вториот најголем вулкан во Италија, Везув. Исто така Етна е и еден од најактивните вулкани во светот.

Плодната вулканска почва ја подржува агрокултурата, поволна е за одгледување лозје и разни видови овошје кои се распространети во долните делови на планината.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици