Г8

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Група на Осумте
Карта на земјите од Г8 и Европската Унија
 Канада
Премиер Стивер Харпер
 Франција
Претседател Франсоа Оланд
 Германија
Канцелар Ангела Меркел
 Италија
Премиер Енрико Лета
 Јапонија
Премиер Шинзо Абе
 Русија
Претседател Владимир Путин
 Велика Британија
Премиер Дејвид Камерон
Претседател на Г8 за 2013
 САД
Претседател Барак Обама

Исто претставена

 Европска Унија
Претседател на Советот Херман ван Ромпуј
Претседател на Комисијата Жозе Мануел Барозо

Групата од осум (Г-8, порано Г-6 или група од шест и Г-7 или група од седум) претставува форум формиран во 1975 година од страна на Франција, за владите на шесте најбогатите земји во светот: Франција, Германија, Италија , Јапонија, Обединетото Кралство, и Соединетите Американски Држави. Во 1976 година, Канада се приклучува на групата (со што се создава Г-7). Во 1997 година се приклучува и Русија, со што се создава Г-8. Иако Европската унија е претставена во рамките на Г-8, таа не може да биде домаќин или претседавач. "Г-8" може да се однесува на земјите-членки или на годишниот Самит на шефовите на владите членки на Г-8. Поранешниот назив Г-6 сега најчесто се однесува на шесте најгусто населени земји во рамките на Европската унија (види Г-6 (ЕУ)).Министрите на Г-8 исто така се состануваат во текот на годината, како на пример министрите за финансии на Г-7 / 8 (кои се состануваат четири пати годишно), министрите за надворешни работи и министрите за животна средина на Г-8. Секоја календарска година, одговорноста за претседавање со Г-8 ротира помеѓу земјите-членки и тоа во следниов редослед: Франција, САД, Велика Британија, Русија, Германија, Јапонија, Италија и Канада. Председавачот го прави планот, управува со самитот таа година и одредува кои состаноци на ниво на министри ќе се одржат. Во последно време, Франција и Велика Британија изразија желба за проширување на групата со вклучување на пет земји во развој, и тоа : Бразил, Кина, Индија, Мексико и Јужна Африка. На претходни состаноци овие земји учествувале како гости, при што состаноците понекогаш се нарекувале Г-8 + 5. Со зголемувањето на Г-20 после самитот во Вашингтон во 2008 година,светските лидери од групата на нивниот самитот во Пистсбург одржан на 25 септември 2009 год., изјавија дека групата ќе го постави Г-8 како главен економски совет на богатите народи.

Историја[уреди]

Концептот за постоење на форум составен од водечките светски индустриски демократии се појави по нафтената криза во 1973 година и последователната глобална рецесија. Во 1974 година САД ја создадоа Конгресната група,како неформален собир на високи финансиски функционери од САД, Велика Британија, Западна Германија, Јапонија и Франција. Во 1975 година, францускиот претседател Valéry Giscard d'Estaing ги покани шефовите на владите од Западна Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД да присувствуваат на самитот во Рамбуе. Шестмината лидери се согласија да се одржува годишен состанок кој ќе се организира под ротирачко претседателство, со што се формира групата од шест (Г-6). Следната година Канада се приклучи на групата по барање на Германскиот канцелар Хелмут Шмит и претседателот на САД, Гералд Форд со што групата Г-6 стана "група од седум" или Г-7. Европската унија е претставена од претседателот на Европската комисија и од лидерот на земјата која претседава со Претседателството на Советот на Европската унија. По поканата од страна на Обединетото Кралство во 1977 година, Претседателот на Европската комисија присувствува на сите состаноци,а сега исто така редовно е присутен и Претседателот на Советот. По самитот на Г-7 во Неапол во 1994 година , руски официјални претставници одржаа одвоени средби со лидерите на Г-7 по одржувањето на редовниот самит. Овој неформален аранжман беше наречен Политичките 8 (P8) - или, колоквијално, Г-7 + 1. На покана на премиерот на Обединетото Кралство,Тони Блер и американскиот претседател Бил Клинтон, Русија формално и се приклучи на групата во 1997 година, со што се создаде групата од осум, или Г-8.

Структура и активности[уреди]

Замислено е Г-8 да биде неформален форум, поради кој ќе се намалува административна структура, како на пример онаа за меѓународни организации, како што се Обединетите Нации или Светската банка. Групата нема постојан секретаријат, или канцеларии за своите членови. Во 2008 година, претседателот на Комисијата на Европската унија рамноправно учествуваше во текот на целиот самит. Претседателството на групата ротира секоја година меѓу земјите-членки, со тоа што секој нов мандат почнува на 1 јануари од годината. Државата која претседателствува е одговорна за планирање и организирање на бројни состаноци на ниво на министри,кои водат до самит кој се одржува на средина од годината и на кој присуствуваат шефовите на владите. Јапонија беше претседавач на Г-8 во 2008 година, Италија во 2009 година, а Канада ќе биде во 2010 година. Состаноците на ниво на министри ги собраа на едно место министрите одговорни за бројни портфолија, да разговараат за прашања од заеднички или глобален интерес. Темите се однесуваат на здравјето, спроведување на законот, трудот, економскиот и социјалниот развој, енергијата, животната средина, надворешните работи, правдата и внатрешните работи, тероризмот и трговијата. Исто така постојат и одделни средби познати како Г-8+ 5, создадени за време на Самитот во Глинагл, Шкотска во 2005 година, на кој присуствуваа министрите за финансии и енергија од сите осум земји-членки плус петте "Аутрич Земји": Бразил, Кина , Индија, Мексико и Јужна Африка. Во јуни 2005 година, министрите за правда и внатрешни работи од земјите на Г-8 се согласија да се создаде меѓународната база на податоци за педофилија. Претставниците на Г-8 исто така се согласија да се создаде и база на податоци за тероризам, која ќе биде предмет на ограничувања од страна на законите за приватност и безбедност во поединечни земји.

Глобална енергија[уреди]

На самитот во Хајлигендам одржан во 2007 година, Г-8 го прифати предлог на ЕУ за светска иницијатива за енергетската ефикасност . Тие се согласија да се истражува најефективниот начин за промовирање на енергетската ефикасност на меѓународно ниво, заедно со Меѓународната агенција за енергија. Една година подоцна, на 8 јуни 2008 година на состанокот на министрите за енергетика под раководство на Јапонија во Аомори, Г-8 заедно со Кина, Индија, Јужна Кореја и Европската заедница, го основаа меѓународно партнерство за ефикасна енергетска соработка. Министрите за финансии на Г-8, во рамките на подготовките за 34-от самит на Г-8 на шефовите за државите и владите,кој ќе се одржи во Тојако,Хокаидо се сретна на 13 и 14 јуни 2008 година, во Осака, Јапонија. Тие се согласија околу "Г-8 акциониот план за климатските промени со кој ќе зголеми учеството на приватни и јавни финансиски институции." На затворањето, министрите го подржаа лансирањето на новите климатски инвестициски фондови (CIFs) од страна на Светската банка, која ќе ги поддржи постоечките напори, додека да се имплементира нова рамка под покровителство на UNFCCC во 2012 година.

Годишниот самит[уреди]

На годишниот самит на лидерите на Г-8 присуствуваат осумте најмоќни шефови на влади во светот. Сепак, како што е констатирано од страна на коментаторите, Г-8 самитот не е место за разгледување на деталите за какви било сериозни или контроверзни политички прашања во контекст на тридневниот настан. Наместо тоа, намерата на состанокот е да се решат спектар на сложени а понекогаш и меѓусебно поврзани прашања. Самитот на Г-8 ги обединува лидерите на едно место , не за тие да сонуваат за брзи решенија,туку за да разговараат и размислуваат за нив заедно. Г-8 самитот е меѓународен настан којшто е надгледуван и пренесуван од страна на медиумите, но важността на Г-8 е нејасна. Земјата-членка која претседава со Г-8 е одговорна за организирање на годинашниот самит, кој се одржува три дена во средина на годината; и поради ова Тони Блер и Обединетото Кралство акумулираа лавовски дел од кредитот за она што ќе се одвива во вистинската насока (и во погрешната) во Глинагл во 2005 година. Слично на тоа, Јасуо Факуда и Јапонија на Хакаидо Самитот се надеваа дека ќе го земат поголемиот дел од кредитот за онаа што ќе се одвива добро (а и за тоа што нема). Секој од 35-те Г-8 самити може да се нарече успешен доколку настаните беа повторно врамени како места на кои може да се генерира дополнителен импулс за решавање на проблемите на други мултилатерални конференции кои се одржуваат во текот на годината. Самитот на Г-8 ја поставува сцената за она што треба да се направи како и за воспоставување идеја за тоа како тоа да биде направено, дури иако таа идеја во најдобар случај е груба и трнлива.Самитите, исто така, беа местото на бројни и големи анти-глобализациони протести.


Број дата домакин место Интернет-страна
1-ва 1975, 15 ноември-17 ноември Франција Рамбује
2-ра 1976, 27 јуни-28 јуни САД Сан Хуан, Пјерто Рико
3-та 1977, 7 мај-8 мај Велика Британија Лондон, Англија
4-та 1978, 16 јули-17 јули Германија Бон
5-та 1979, 28 јуни-29 јуни Јапонија Токио
6-та 1980, 22 јуни-23 јуни Италија Венеција
7-ма 1981, 20 јули-21 јули Канада Монтебело, Отава, Онтарио
8-ма 1982, 4 јуни-6 јуни Франција Версај
9-та 1983, 28 мај-30 мај САД Вилијамсберг, Вирџинија
10-та 1984, 7 јуни-9 јуни Велика Британија Лондон, Англија
11-та 1985, 2 мај-4 мај Германија Бон
12-та 1986, 4 мај-6 мај Јапонија Токио
13-та 1987, 8 јуни-10 јуни Италија Венеција
14-та 1988, 19 јуни-21 јуни Канада Торонто, Онтарио
15-та 1989, 14 јули-16 јули Франција Париз
16-та 1990, 9 јули-11 јули САД Хјустон, Тексас
17-та 1991, 15 јули-17 јули Велика Британија Лондон, Англија
18-та 1992, 6 јули-8 јули Германија Минхен, Баерн
19-та 1993, 7 јули-9 јули Јапонија Токио
20-та 1994, 8 јули-10 јули Италија Неапол
21-ва 1995, 15 јуни-17 јуни Канада Халифакс, Нова Шкотска
1996, 19 април-20 април Русија Москва
22-ра 1996, 27 јули-29 јули Франција Лион
23-та 1997, 20 јуни-22 јуни САД Денвер, Колорадо
24-та 1998, 15 мај-17 мај Велика Британија Бирмингем, Англија
(Първа официална среща на върха на Г-8)
25-та 1999, 18 јуни-20 јуни Германија Келн
26-та 2000, 21 јули-23 јули Јапонија Окинава
27-та 2001, 20 јули-22 јули Италија Џенова
28-та 2002, 26 јуни-27 јуни Канада Кананаскис, Алберта [1]
29-та 2003, 2 јуни-3 јуни Франција Евиан [2]
30-та 2004, 8 јуни-10 јуни САД Сиј Ајленд, Џорџија [3]
31-ва 2005, 6 јули-8 јули Велика Британија Портшир, Шкотска [4]
32-ра 2006, 15 јули-17 јули Русија Стрелна, Санкт Петербург [5]
33-та 2007, 6 јуни-8 јуни Германија Бад-Доберан, Мекленбург-Предна Померанија [6]
34-та 2008, 7 јули-9 јули Јапонија Тојако, Хокаидо [7]
35-та 2009 Италија Ла Мадалена [8]

Факти за членките на Г-8[уреди]

Сите осум од десетте (10) TOП-рангирани водечки земји за извоз се членки на Г-8. Велика Британија, САД, Канада, Франција и Германија имаат номинален БДП по жител над 40.000 долари. Некои од дваесетте најголеми берзи во светот според пазарната вредност се наоѓаат во државите на Г-8 (САД, Јапонија, Велика Британија, Франција, Канада, Германија). Г-8 земјите претставуваат 7 од 9те најголеми економии според номиналниот БДП (Русија не е една од 9 те најголеми економии според номиналниот БДП, но го има 7от најголем вистински БДП; Канада беше 8 во 2006 година, но во 2007 година го загуби 8то место на кое се најде Шпанија, како што се случи во 2003 што ја поттикна претходната влада предводена од Хосе Мариа Азнар да побара влез на Шпанија во Г-8). Впрочем, Шпанија не е членка ни на Г-20. Вториот и третиот по големина нафтен производител (САД и Русија)како и земјата со најголеми резерви (Канада) се дел од Г-8. Седум од деветте најголеми производители на нуклеарната енергија се дел од Г-8(САД, Франција , Јапонија, Русија, Германија, Канада, Велика Британија). 7те најголеми донатори во буџетот на ОН за фискалната 2009 година се од Г-8(САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Канада). Се разбира, Г8 и Г8+ 5 ги сочинуваат некои од 14-нации " клуб од трилион долари на народите."

Кумулативно влијание на земјите-членки[уреди]

Oсумте земји кои се дел од Г-8 претставуваат околу 14% од светската популација и претставуваат околу 60% од светскиот бруто производ, пресметано според бруто-домашниот производ. Сите 8 народи се во рамките 12те водечки земји според Светската Книга на ЦИА(види во колоната на Светската Книга на ЦИА во листата на земји по БДП (номинален)), поголемиот дел од глобалната воена моќ (седум се наоѓаат на врвот на 8те најмоќни нации за воени расходи и речиси вкупното активно нуклеарно оружје. Во 2007 година, воените трошоци на Г-8 изнесуваа 850 милијарди долари. Ова претставува 72% од вкупните светски воени трошоци. (видете Листа на земји и федерации според воените трошоци) Четири од осумте членови на Г-8, Велика Британија, Соединетите Американски Држави, Франција и Русија, заедно бројат 96-99% од светското нуклеарно оружје (види листа на држави со нуклеарно оружје).

Критика и демонстрации[уреди]

Демонстрантите се обидуваат да ги спречат членките на Г-8 да присувствуваат на 27-от самит на Г-8 во Џенова, Италија ,со палење на возила на главниот пат кон Самитот. Според тоа што годишните самити се со екстремно висок профил, тие се предмет на обемно лобирање од страна на адвокатски групи и улични демонстранти. Најпознатиот центар за критики тврди дека членовите на Г-8 се одговорни за глобалните прашања како што се сиромаштијата во Африка и во земјите во развој, поради долговите и трговската политика, глобалното затоплување кое е резултат на емисијата на јаглерод диоксид, проблемот на СИДА поради строгата политика на медицински патенти и други прашања поврзани со глобализацијата. Во текот на 31-от самитот на Г-8 во Шкотска, 225.000 луѓе излегоа на улиците на Единбург, како дел од кампањата “Направете ја сиромаштијата минато”, повикувајќи на трговска правда, ослободување од долговите и подобра помош. Исто така,се одржаа и многу други демонстрации кои го оспорува легитимитетот на Г8. На протестите за анти-глобализација, се случи едно од најголемите и најпознатите насилства за 27-те членки Г-8 самитот. После овој Самит на Г-8 и после нападите врз Соединетите Американси Држави на 11 септември 2001 година, кои се случија во период од неколу месеци истата година, Г-8 се одржува на различни локации. Бомбашките напади во Лондон на 7 јули 2005 година биле темпирани да се случат истовремено со 31-от самит на Г-8 во Шкотска. Групата, исто така е критикувана за нејзиното членство, критики кои сега се нетипични за најмоќните светски економии. Поточно, Кина неодамна ја надмина секоја економија, освен онаа во САД и Јапонија. Канада во последниве години е надмината од Бразил и Шпанија според номиналниот БДП. Русија сега се наоѓа помеѓу првите 8 земји според номиналниот БДП според Меѓународниот монетарен фонд и Светската Книга на ЦИА за 2008 година (на 9-то место според Светската Банка).

Концептот за постоење на форум составен од водечките светски индустриски демократии се појави по нафтената криза во 1973 година и последователната глобална рецесија. Во 1974 година САД ја создадоа Конгресната група,како неформален собир на високи финансиски функционери од САД, Велика Британија, Западна Германија, Јапонија и Франција. Во 1975 година, францускиот претседател Valéry Giscard d'Estaing ги покани шефовите на владите од Западна Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД да присувствуваат на самитот во Рамбуе. Шестмината лидери се согласија да се одржува годишен состанок кој ќе се организира под ротирачко претседателство, со што се формира групата од шест (Г-6). Следната година Канада се приклучи на групата по барање на Германскиот канцелар Хелмут Шмит и претседателот на САД, Гералд Форд со што групата Г-6 стана "група од седум" или Г-7. Европската унија е претставена од претседателот на Европската комисија и од лидерот на земјата која претседава со Претседателството на Советот на Европската унија. По поканата од страна на Обединетото Кралство во 1977 година, Претседателот на Европската комисија присувствува на сите состаноци,а сега исто така редовно е присутен и Претседателот на Советот. По самитот на Г-7 во Неапол во 1994 година , руски официјални претставници одржаа одвоени средби со лидерите на Г-7 по одржувањето на редовниот самит. Овој неформален аранжман беше наречен Политичките 8 (P8) - или, колоквијално, Г-7 + 1. На покана на премиерот на Обединетото Кралство,Тони Блер и американскиот претседател Бил Клинтон, Русија формално и се приклучи на групата во 1997 година, со што се создаде групата од осум, или Г-8. Структура и активности

Замислено е Г-8 да биде неформален форум, поради кој ќе се намалува административна структура, како на пример онаа за меѓународни организации, како што се Обединетите Нации или Светската банка. Групата нема постојан секретаријат, или канцеларии за своите членови. Во 2008 година, претседателот на Комисијата на Европската унија рамноправно учествуваше во текот на целиот самит. Претседателството на групата ротира секоја година меѓу земјите-членки, со тоа што секој нов мандат почнува на 1 јануари од годината. Државата која претседателствува е одговорна за планирање и организирање на бројни состаноци на ниво на министри,кои водат до самит кој се одржува на средина од годината и на кој присуствуваат шефовите на владите. Јапонија беше претседавач на Г-8 во 2008 година, Италија во 2009 година, а Канада ќе биде во 2010 година. Состаноците на ниво на министри ги собраа на едно место министрите одговорни за бројни портфолија, да разговараат за прашања од заеднички или глобален интерес. Темите се однесуваат на здравјето, спроведување на законот, трудот, економскиот и социјалниот развој, енергијата, животната средина, надворешните работи, правдата и внатрешните работи, тероризмот и трговијата. Исто така постојат и одделни средби познати како Г-8+ 5, создадени за време на Самитот во Глинагл, Шкотска во 2005 година, на кој присуствуваа министрите за финансии и енергија од сите осум земји-членки плус петте "Аутрич Земји": Бразил, Кина , Индија, Мексико и Јужна Африка.

Во јуни 2005 година, министрите за правда и внатрешни работи од земјите на Г-8 се согласија да се создаде меѓународната база на податоци за педофилија. Претставниците на Г-8 исто така се согласија да се создаде и база на податоци за тероризам, која ќе биде предмет на ограничувања од страна на законите за приватност и безбедност во поединечни земји.

Наводи[уреди]