Јанис Бутарис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јанис Бутарис
Γιάννης Μπουτάρης
Yiannis Boutaris Drasi.jpg

Градоначалник на Солун
Лични податоци
Роден(а) 6 јануари 1942
Солун, Грција
Образование Солунски универзитет
Занимање Бизнисмен
Струка Хемичар

Јанис Бутарис (грчки:Γιάννης Μπουτάρης; роден на 6 јануари 1942 година во Солун, Грција) е грчки бизнисмен и моментален градоначалник на Солун, по победата на изборите од 14 ноември 2010 година.

По потекло, Бутарис е од Крушево, а неговото семејство живее во Битола, Македонија.[1] Тој се школувал во родниот град на Солунскиот универзитет, завршувајќи факултет по хемија[2], како и на Анадолскиот колеџ.

Бутарис е основач на винската компанија Кир-Јани. Главно поради своите тетоважи, обетката на едното уво, спротивставените ставови со митрополитот Антимос, често предизвикувал големи реакции кај националистите во градот, но и во Северна Грција. Бутарис на чело на солунската општина дошол по подршката на ПАСОК. По победата, тој изјавил дека еден од првите чекори ќе му биде да изгради споменик на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, како и спомен обележје во чест на илјадниците Евреи кои биле убиени за време на германската окупација на градот[3].

Наводи[уреди]