Грчко-турски односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грчко-турски односи
Flag of Turkey.svg Flag of Greece.svg
Greece Turkey Locator.png

Турско-грчките односи во текот низ историјата се проследени со меѓусебни непријателства и помирувања уште во времето кога Грција добила независност во 1821 година од Османлиската империја. Од тогаш, двете земји меѓусебно војувале дури четири пати, и тоа во Грчко-турската војна од 1897 година, Балканските војни, Првата светска војна и Грчко-турската војна во периодот од 1919 до 1922 година.

Отоманска ера[уреди]

Грчката држава својата независност од Османлиската империја ја прогласила во 1821 година. Нејзинит почетни граници биле признати во 1832 година. Границата започнувала од Арта кон Волос плус Еубеја и Киклади во Егејското Море. Остатокот од територијата каде што живееше грчко население, вклучувајќи ги: Крит, Кипар, остатокот од островите на Егејското Море, Епир, Тесалија, Македонија и Тракија, останале под турска власт. Во минатото, повеќе од еден милион Грци живееле на територијата на денешна Турција, главно во егејскиот регион околу Измир и во регионот на Понт на Црното море.

Грчките политичари од 19 век биле решени во својата држава да ги вклучат сите овие територии во составот на грчката држава, врз основа на византиската карта и градот Цариград односно Константинопол да стане престолнина на новата земја на Балканскиот полуостров. Причината за ова било тоа што и тогашните, како и денешните грчки политичари ја сметаат Грција за наследник на Византија.[1] Оваа идеја била позната како Голема Идеја (Мегали Идеја). Константинопол бил главниот град на Источото Римското Царство сѐ до неговото заземање од страна на Османлиите во 1453 година. Османлиите од своја страна направиле големи напори за да се спротиват на овие планови.

За време на Кримската војна (1854-1856), Велика Британија и Франција биле во сојуз со Османлиската империја против Руската. Повторно, за време на Руско-турската војна од 1877 година, Грците биле заинтересирани да се приклучат во офанзиватa, но земјата сепак не била во состојба да ги ефективно да учествува во војната. Сепак, по Берлинскиот конгрес, во 1881 година, кон територијата на Грција се приклучиле Тесалија и дел од Епир.

Во 1897 година, на Крит избувнале големи немири кои довеле до Грчко-турска војна. Неподготвеноста на грчката армија довела до нејзин пораз. Грција била принудена да ѝ исплати на Османлиската империја репарација, а Крит добил автономија под протекторат на големите европски сили.[2]

По крајот на Младотурската револуција и доаѓањето на Младотурците на власт во Отоманската империја во 1908 година, администрацијата во империјата започнала да биде управувана од страна на големи централно-националистички дејци. Состојбата на христијанските малцинства во империјата уште повеќе се влошила. Следувале Балканските војни кои траеле од 1912 до 1913 година. По крајот на двете балкански војни, Грција излегла во голема корист бидејќи кон нејзината територија се приклучиле Крит, голем број на острови, остатокот од Тесалија и Епир, како и делови од Македонија. Со ова, Грција која до ртогаш била претежно планинска земја ги добила плодните полиња од северот (меѓу кои и Солунското) што ќе допринесе за нејзин забзан развој.

Првата светска и меѓусебната војна[уреди]

Грција во Првата светска војна влегла во 1917 година. Како главна и крајна цел на Грција била зазимањето на Цариград (Истанбул) и Смирна (Измир) од Османлиите, преку помошта на Франција и Велика Британија. Исто така, на Грција и било ветено дека и Кипар ќе влезе во составот на нејзината територија. Иако имало мала директна борба помеѓу Грците и Турците, сепак кон 1918 година започнало распаѓањето на Османлиската империја и Грција сметала дека нејзините планови скоро ќе бидат остварени. Во 1920 година и договорот од Северес, Грција ги добила Источна Тракија и површина од околу 17.000 km² во Западна Анадолија околу Измир. Овој договор бил потпишан од страна на турската влада, но никогаш не стапил во сила бидејќи никогаш не бил ратификуван од страна на парламентот.

Грција на 15 мај 1919 година ја окупирал Смирна (односно Измир), додека Мустафа Кемал Паша (подоцна Ататурк), кој бил лидер на турската опозиција, се стационирал во Самсун на 19 Мај 1919. Оваа акција се смета за почеток на турската војна за независност. Неговата прва цел била создавање на организирано национално движење против окупаторските сили. Во јуни 1919 година, тој и неговите блиски соработници изјавиле дека независноста на земјата е во опасност. Мустафа Кемал побарал национални избори за да се воспостави нов турски парламент, кој ќе има свое седиште во Анкара. На 12 февруари 1920 последниот отомански парламент се собрал во главниот град. Парламентот бил распуштен од страна на британските сили, откако бил прогласен Misak-i Milli („Национален пакт“). Мустафа Кемал ја искористил оваа можност за воспоставување на „Големото национално собрание“. На 23 април 1920 година Собранието се започнало со работа, а Мустафа Кемал претседавал. На 10 август 1920 година, отоманскиот големиот везир Дамат Ферид Паша го потпишал Договорот од Севр. Со тој договор се завршиле плановите за поделба на Отоманската империја.

Турската војска влегла во Измир на 9 септември 1922. Ова го означило крајот на војната. Грчката војска и администрацијата заминале од морското крајбрежје. Во 1923 година бил потпишан Лозанскиот договор. Договорот од Лозана предвидел размена на населението меѓу Грција и Турција што започнал пред крајниот потпишувањето на договорот во јули 1923 година. На ваков начин околу 1.500.000 Грци морале да заминат од новата турска држава, а околу 500.000 Турци се иселиле од Грција. Исклучоци се направиле само за градот Истанбул и делови на Западна Тракија, островите Имброс и Тенедос, вклучително и Вселенскиот Патриарх.

Доколку се има предив дека Грци на овие простори живееле во претходните 3000 години, може да се каже дека губењето на Анадолија и текот на Првата светска војна за Грција биле катастрофални. Наводните злосторства извршени од страна на грчката армија за време на грчката окупација на Западна Анадолија (1919-1922) оставиле траен белег во турската свест.[се бара извор] Грчките обвинувања, од друга страна пак, се темелат на големиот пожар во Смирна, и за нив е посебно заслужна книгата издадена од страна на Џорџ Хортон - генерален конзул на САД во градот во периодот од 1919 до 1922 година[3] Во оваа книга конзулот ја опишува асимилацијата на немуслиманското население во градот и околината. [4][5]

Меѓусебни конфликти[уреди]

Пост-воените лидери на Грција и Турција, Кемал Ататурк и Елефтериос Венизелос биле решени да воспостават нормални односи помеѓу двете држави. По неколку години преговори, конечно во 1930 година биле воспоставени дипломатски односи помеѓу Грција и Турција. Венизелос бил во официјална посета на Истанбул и на Анкара. Грција се откажала од сите свои претензии кон турската територија. Ова било проследено со потпишувањето на Балканскиот Пакт во 1934 година, во која освен Грција и Турција се приклучиле и Кралството Југославија и Романија. Договорот предвидувал меѓусебна помош и соработка (Бугарија се обидела да се приклучи, но сепак таа сѐ уште имала територијални претензии кон своите соседи). Обете држави признале дека имаат потреба од мир, а тоа резултирало со повеќе средби и со пријателски односи. Претставниците на двете земји биле нминирани за Нобеловата награда за мир.

Во 1941 година Турција била првата земја која испратила хуманитарна помош за Грција по окупацијата на Атина од страна на Силите на Оската. Турскиот претседател Мустафа Исмет Инени ја потпишал одлуката за да им се помогне на луѓето кои се бореле против војската со која тој самиот се борел пред деветнаесет години. Голема количина на прехрамбени производи биле обезбедени од страна на од страна на Турската Црвена полумесечина и истите биле испратени од пристаништето на Истанбул до Грција. Помошта била транспортирана со бродот СС Куртулуш, со големи симболи на Црвената полумесечина насликани од двете страни.

Во исто време, Турција го потпишала „Договорот за пријателство и соработка“ со нацистичка Германија во јуни 1941 година.[6] Наредната година, 1942 година, Турција го вовела посебен данок наречен Варлик Вергиси, кој голем број на етнички Грци во Турција ги довел до економски колапс.

Почетокот на Студената војна го означило дополнителното зближување на двете земји и во 1954 година Грција, Турција и Југославија формирале нов Балкански Пакт за меѓусебна одбрана против Советскиот Сојуз.[се бара извор]

И покрај зближувањата на двете земји, сепак и Грција и Турција воделе се обидувале да го намалат влијанието на другата земја во сопствената политика. Турската политика главно се однесувала кон напорите да се намали економското присуство на Грците во Турција. Во септември 1955 година се случил т.н. Септемвриски Погром кој бил директно насочен кон грчкото малцинство во Истанбул. Конфликтот се смета дека започнал кога пристигнале гласините дека куќата во Солун во која живеел Кемал Ататурк била уништена од страна на грчките терористи.

Во период од 9 часа, етничките Грци биле подложени на големи притисоци. Така, помеѓу 13 и 16 Грци биле убиени, како и најмалку еден Ерменец како последица од насилство. Помеѓу жртвите имало и двајца свештеници. 32 Грци биле тешко ранети. Покрај ова, околу десетина девојки од грчка националност биле силувани. Повеќе од илјада грчки куќи, училишта, цркви, хотели и.т.н. биле уништени. Проценките за штетата се разликувале во зависност од изворот. Според турската влада, штетите изнесувале околу 69.5 милиони турски лири, според британските извори околу 100 милиони британски фунти, а според грчки околу 500 милиони долари. Немирите предизвикале брз процес на емиграција, а тоа довело до исчезнување на грчкото малцинство во Турција. Според пописот од 1924 година, во Турција живееле околу 200.000 Грци. Во 2005 година, нивниот број се намалил на само 5.000.

Кипарска криза, турската инвазија и колапсот на грчката воена хунта[уреди]

Главната причина за изладување на грчко-турските односни во текот на 20 век било кипарското прашање. Во времето кога островот бил под британски протекторат, грчкото население на островот броело вкупно 82% ов вкупниот процент на население.

Кипарските Турци до одреден степен се согласувале со формирање на една заедница, но сепак грчката влада во неколку наврати интервенирала кај Велика Британија, од која барала островот да се приклучи кон територијата на Грција. Во 1950-тите години, кипарското прашање повторно се отворено од страна на Грчките Турци, кога архиепископ Макариос III склучил сојуз со Грција и заедно со EOKA извршиле паравоени дејства на островот - воглавно против Англија, но исто така и нанеле колатерална штета и на другите заедници. Конечно, грчкиот премиер Александар Папагос кипарското прашање го поставил пред ООН.

Турските националистички страсти се зголемиле поради идејата Кипар да и се додели на на Грција. Како одговор на тоа, Грција ги прекинала дипломатските односи со Турција, а со тоа се распаднал и Балканскиот пакт. Во 1960 година било пронајдено компромисно решение околу кипарското прашање. Кипар станал независен. Грчките и турските војници се стационираниле на островот за да ги заштитат своите области. Грчкиот премиер Константин Караманлис бил главниот архитект на овој план, кој довел до итно подобрување на односите со Турција, особено откако Аднан Мендерес бил отстранет од власта во Турција.

Но во текот на 1963-1964 година, започнале нови немири на островот. Во 1963 година Макариос предложил 13 уставни амандмани, кои би го овозможиле нормалното функционирање на Кипар. Со тоа веднаш започнале немирите помеѓу Турците и Грците. На 21 декември 1964 година загинале двајца Турци и еден грчки полицаец. Во текот на конфликтот кој уследил починале 191 Турци и 133 Грци. Бидејќи полицијата била деблокирана, а Кипар немал своја сопствена војска, во конфликтот се вмешал ЕОКА кој им нанел големи штети на турските сили. По ова во преговорите за мир се вклучил Обединетото Кралство.

По воспоставувањето на примирје, Макариос до некој степан успеал да ги убеди Кипарските Грци дека би било подобро Кипар да остане независен од Грција. Но, од друга страна, Кипарските Турци не верувале во тие зборови на кипарските административни власти, па така и тие создале своја администрација. На таков начин во следните неколку години мирот се одржал. Но во 1967 година во Грција дошло до државен удар кој довел до промена на власта и доаѓање на грчката хунта. Во 1974 година, со помош на Грција, на островот Кипар на сличен начин како и во Грција се случил државен удар. Претседателот Макариос бил симнат од власта и тој побегнал во Лондон, а на власт дошла ЕОКА Б. Местото претседател го заземал Никос Сампсон, дотогашен член и главен уредник на кипарските весник. Во такви услови, за власта во Кипар не постоела некаква препрека да островот се приклучи односно обедини со Грција.

Поради тоа, Турција извршила инвазија на островот на 20 јули 1974 година, а како главна причина односно барање им било ситуацијата на островот да се врати онаква каква што била пред државниот удар. Таа инвазија се претворила во трајна окупација на околу 37% од вкупната територија на островот Кипар. Десантот бил извршен во градот Киренија. Турција по само три дена успеала да освои уште 3% од територијата на островот. Така, на 22 јули повторно била воведена демократијата на островот. На мировниот договор од 14 август истата година, Турција барала да се формира федерална држава и да Турците добијат 34% од територијата на островот.

По овој предлог, грчкиот преговарач најпрвин побарал 36 часови пауза, за да може да се консултира со државниот врв за да се заземе став. Но, турската страна не го дочекала одговорот, па на 15 август 1974 година тргнале кон втора инвазија кон поголемиот дел од островот, сè додека не освоиле 37% од Кипар. Американскиот секретар Хенри Кисинџер ставил вето на одлуката за да се забави турската инвазија. По ова, турската армија веќе без проблеми започнала да го освојува островот место по место, село по село. На териториите кои ги освојувале не останал ниту еден Грк бидејќи истите биле протерувани. Така, околу 200.000 Грци заминале принудено од островот.

Причината поради која турците толку лесно го заземале островот била веројатно фактот што грците не ни очекувале таков развој на настаните, а можеби и поради тоа што Кипар се наоѓал многу поблиску до Турција отколку до Грција. По неколку денови, Турција зазела една третина од островот, по кое престанале со нападите, но ги задржале своите позиции. Ова довело до повторен политички удар, овој пат врз грчката и кипарската хунта. Наскоро, од Лондон повторно се вратил Макариос, и повторно го зазел местото претседател на Кипар.

Војната завршила, но островот бил поделен со “зелена линија“ на турски и грчки дел и така останало до денес. Таа линија минува низ Никозија, која го дели градот на два дела. Оваа линија е под контрола на ООН, а на некои места таа е широка и до 10 километри. Во неговата внатрешност останале многу објекти, како никозискиот аеродром на пример. Околу 100.000 Грци останале без своите имоти, а околу 50.000 турски војници се наоѓаат на северниот дел од Кипар. Во Северен Кипар се насеиле голем број на Турци.

Во 1983 година, Кипарските Турци прогласиле своја држава, под името Турска Република Северен Кипар, но истата освен од Турција до денеска не е признаена од никоја друга земја. Во 2004 година било предложено обединување на двете земји, според кој план Кипар би се состоил од две конфедерални единици. Во 2004 година, Кипар влегол во составот на ЕУ, и прашањето било дали и северниот дел на островот да се приклучи кон унијата. Но, спроведениот референдум не бил прифатен од страна на Грците.

Егејскиот спор[уреди]

Од 1970 година се отвориле орашањата за контролата на Егејското Море и островите во него. По Балканските војни од 1913 година, на Грција и биле дадени сите острови на Егејското Море, освен Имброс и Тенедос. Некои од остовите се наоѓале на само неколку километри од турскиот брег. Од крајот на Втората светска војна, турските власти инсистирале на одбележување на територијалните води, на воздушниот простор и на други слични зони. Конфликтот бил создаден пред се поради недоразбирањата околу некои воено-тактички предности и по прашањата за економската експлоатација на Егејското Море. Последното прашање станало особено значајно, бидејќи по 1970 година во морето биле пронајдени извори на нафта. Во 1987 година се случил т.н. Сисмикски инцидент, кога еден турски брод навлегол во грчките води чија цел му била да спроведе истражување на нафтата. Тогашниот грчки премиер, Андреас Папандреу, наредил доколку турскиот брод навлезе во грчките води, веднаш воено да се интервенира. Овој инцидент скоро прераснал во војна меѓу двете земји. Неколку дена подоцна настанал конфликт меѓу граничните патроли кои оставил и жртви на двете страни.

Така, биле создадени неколку зони на управување околу прашањата за:

  • Ширина на територијалните води. Двете страни во моментов поседуваат 6 наутички милји (11 км). Грција тврди дека има право на еднострано проширување до 12 наутички милји, врз основа на меѓународното право. Турција, која веќе ги има проширено своите територијални води до 12 милји на своите други предели, негира дека има зафатено 12 километри и дека ѝ се заканила на Грција со војна;
  • Должина на националниот воздушен простор. Грција тврди дека во моментов контролира 10 милји, а Турција само 6 милји;
  • Иднина маркација на континенталната зона во меѓународните делови на Егејското Море, кои ќе им даде на двете држави ексклузивни права на економска експлоатација;
  • Се гарантира правото на Грција да врши воени вежби на турска територија;
  • Од 1996 година, суверенитетот над некои мали ненаселени острови.

Поради овие нерешени проблеми, честопати помеѓу двете земји се доаѓа до тактички воени провокации. Турските авиони често пати летаат во зоните во кои Грција држи контрола, а грчките власти постојано интервенираат. Овие работи често предизвикуваат жртви на обете страни. Меѓу загинатите пилоти се Николаос Сиалмас, чиј авион се урнал во близина на островот Свети Еустратис, турски пилот на F-16 Наил Ердоган, кој веројатно бил соборен од грчкаиот Мираж 2000 во 1996,[7] и Костас Илиакис, кој се урнал по судир со турскиот Ф-16 во близина на островот Карпатос [8]

Фаќањето на Оџалан и оставката на грчките министри[уреди]

Во 1999 година, Абдулах Оџалан, лидер на Курдската милитарна организација, бил фатен од страна на турската разузнавачка служба во Најроби, Кенија, по напуштањето на грчката амбасада. Оџалан носел по два грчки и кипарски пасоши [9]. Стравувајќи од непријателска турска реакција, тројца грчки министри поднеле оставка (Теодорос Пангалос, министер за надворешни работи, задолжен за обидот да го сокрие Оџалан во грчката амбаса во Кенија; Министерот за внатрешни работи Алекос Пападопулос, кој бил на чело на грчката разузнавачка служба и кој бил директно вклучен во операцијата, како и министерот за јавниот ред Филипос Петсалникос, задолжен за грчките сили за безбедност кои не успееле да го сопрат превозот на Оџалан во Грција во јануари 1999 година. [10]

Тековни настани[уреди]

Дипломатија[уреди]

Во последниве неколку години односите помеѓу Грција и Турција го подобриле, главно поради односот на Грција кон поддршката на Турција во напорите за влез во ЕУ, иако некои прашања никогаш не целосно не биле решени. Обид на зближување, наречен Давос процес, бил направен во 1988 година. Пензионирањето на социјалистичкиот премиер на Грција Андреас Папандреу придонесе за подобрување на односите. Неговиот син, тогашниот министер за надворешни работи Јоргос Папандреу (моментален премиер), исто така направил значаен напредок во подобрувањето на односите.

Во 2002 година, Турција и Грција направиле неуспешен обид за заеднички домакин на Европското фудбалско првенство во 2008 година. Првенството се одржило во Австрија и Швајцарија.

Користена литература[уреди]

  • Ајдин, Мустафа и Костас Ifantis (уредници) (2004). Турски-грчки односи: Бегајќи од безбедносната дилема во Егејското Море. Routledge. ISBN 978-0-203-50191-7.
  • Бачели, Тозун (1987). Грчко-турски односи од 1955. Westview Press. ISBN 0-8133-7235-6.
  • Бревер, Давид (2003). Грчката Војна за Независност: Борбата за слобода од Отоманското угнетување и раѓањето на модерната грчка нација. Overlook Press. ISBN 978-1-84511-504-3.
  • Керидис, Димитрис (уредници) (2001). Грчко-турски односи: Во ерата на глобализацијата. Brassey's Inc. ISBN 1-57488-312-7.
  • Кер-Линдзи, Џејмс (2007). Криза и усогласување: Една Година зближување меѓу Грција и Турција. Tauris. ISBN 978-1-84511-504-3.
  • Кинрос, Патрик (2003). Ататурк: повторното раѓање на една нација. Phoenix Press. ISBN 1-84212-599-0.
  • Смит, Михаел Л. (1999). Јонска Визија: Грција во Мала Азија, 1919-1922. University of Michigan Press. ISBN 0-472-08569-7.

Надворешни врски[уреди]

Видете исто[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Ова поради фактот што по Големата шизма и посебно по основањето на Светото Римско Царство, на западот на Европа, Византија била сметана за грчко царство.
  2. Encyclopaedia Britannica Online: Greco-Turkish Wars, 18.07.2009
  3. The Blight of Asia: An Account of the Systematic Extermination of Christian Populations by Mohammedans and of the Culpability of Certain Great Powers; with the True Story of the Burning of Smyrna; George Horton, 1926 - Hellenic Resources Network
  4. [1] In an article published in Byzantine and Modern Greek Studies ("George Horton: The literary diplomat)", Brian Coleman describes his subject matter as follows: "George Horton was a man of letters and United States Consul in Greece and Turkey at a time of social and political change. He writes of the re-taking of Smyrna by the Turkish army in September 1922. His account, however, goes beyond the blame and events to a demonization of Muslims, in general, and of Turks, in particular. In several of his novels, written more than two decades before the events of September 1922, he had already identified the Turk as the stock-in-trade villain of Western civilization. In his account of Smyrna, he writes not as historian, but as publicist."
  5. [2] Proclamation issued by the New York State Governor George E. Pataki on "The Commemoration of the Burning of Smyrna and the Persecution of the Greeks of Asia Minor" citing George Horton.
  6. Jewish Virtual Library
  7. The incident was first described as an accident. In 2004, a Greek newspaper published claims that the Turkish plane had unintentionally been shot down by the Greek one. The shootdown was confirmed by the Turkish government but denied by the Greek one [3].
  8. The Greek defence minister E. Meimarakis stated at the Greek National Television (NET) and the morning programme 'Proti Grammi' that it was a a Turkish spying operation against the Greek island Crete.[4].
  9. Greek Cypriot passport of Abdullah Öcalan
  10. BBC News: Greek ministers resign over Ocalan (18 февруари, 1999)