Историја на Турција

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Турција

Историја на Турција

Türkiye arması.svg
Античка историја

Рана историја
Турска миграција
Селџуци

Среден век

Османлиска империја

Модерна Турција

Независност
Прва Светска војна
Република Турција

Портал:Турција

Рана историја[уреди]

Полуостровот Мала Азија е еден од најстарите населени делови во светот со одлична географска положба. Најраните населени места како Чаталхејук, Чајону, Невали Џори, Хаџилар, Гобекли Тепе и Мерсин се сметаат за едни од најрано населените места во светот.[1] Населувањето на Троја започнало во неолитскиот период и продолжил во железната доба. Староседелците на Анадолија зборувале на анадолски јазици и биле дел од индоевропските јазици.[2] Една од поголемите империи во таа област била Хетската Имеперија, од 18 век п.н.е. до 13 век п.н.е. Кралството постоело се до доаѓањето на Кимеранците во 7 век п.н.е. [3] Најмоќни држави биле Лидија, Карија и Ликија. Лидиците и ликиците зборувале индоевропски јазици. Почнувајќи од 1200 п.н.е. западното крајбрежје на Анадолија почнало да се населува од дојденци од соседните земји, најмногу еолци. Понатака, целата територија била освоена од персиската империја и подоцна од Македонската Империја на чело со македонскиот крал Александар Македонски. Во средината на 1 век п.н.е. Целата територија потпаднала под Римска контрола за да подоцна биде дел од Источното Римско Царство или Византија.[4]

Отомански период[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Отоманска Империја.
Карта на Отоманската Империја

Селџуците биле дел од к'н'к огуз турците што во 9 век се прошириле и одделиле од муслиманскиот свет во Централна Азија и се прошириле кон Касписко Езеро и Аралско Езеро.[5] Во 10 век, селџуците почнале да се населуваат кон Анадолија и со тоа Анадолија постанува татковина на турците- селџуци. Во 1071 година се одвива битката кај Малазгирт со победа на селџуците. Со самата победа, султанатот се проширува на цела Анадолија, а подоцна до Блискиот Исток, Северна Африка и Југоисточна Европа. [6] Во 1243, селџучката војска била поразена од монголската империја и селџучките сили видно ослабнале. Во таа ситуација, се појавува турскиот гувернер Осман I основајќи ја моќната и силна Османлиска Империја. Османлиската Империја се протегала на голема територија од Саудиска Арабија до Унгарија и Централна Азија до Сирија. Војската била моќна и немилосрдна а управувањето раководено од султан. Османлиската имеприја траела се до 1914 година, кога се симнува султанот од власт и државата се преуредува во Република на чело со таткото на турската нација- Кемал Ататурк.[7]

Модерна историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Помодерна историја на Турција.
Кемал Ататурк- татко на модерна Турција

Окупацијата на Истанбул и Измир од Алијансата за време на Првата Светска Војна беше добра основа за формирање на Турското Национално Движење (ТНД) [8]. Под водство на Мустафа Кемал Паша, турската војна за независност била базирана на принципите на договорот од Севрес. До 18 септември, војските на Алијансата ја напуштиле територијата на Турција, и се реформира Турската Република. На 1 ноември, ново основаниот парламент формално го напушти султанатот после 623 години владеење. Со договорот од Лозана од 1923 Турција се призна меѓународно, поточно Република Турција постана наследник на Отоманската Империја и републиката беше официјално прогласена на 29 октомври 1923 со новиот главен град Анкара.[9] Мустафа Кемал беше избран за прв претседател а со тоа и воведе радикални промени во турското општество со формирањето на секуларната република за разлика од отоманскиот начин на владеење [10]. Поради големиот удел на Мустафа Кемал Паша, турската држава го прогласи како Ататурк или на турски јазик Atatürk што значи татко на нацијата. Така Мустафа Кемал Паша стана познат како Кемал Ататурк[11].

За време на Втората Светска Војна Турција беше дел од Алијансата и се приклучи кон нив на 23 февруари 1945 година и во 1945 стана член на ООН [12]. Понатака, во 1952 Турција стана рамноправен член на НАТО. Во јули 1974, Турција приморана да интервенира на Кипар, ги испрати своите трупи на островот испровоцирана од страна на нејзиниот западен сосед. По девет години, островот се подели и се формира нова турска република наречена Турска Република Северен Кипар. Денес Турската Република Северен Кипар е призната само од Турција, но државата е сосема функционална со свои органи и без туѓи влијанија.[13]

Наводи[уреди]

  1. Thissen, Laurens (23 ноември 2001). "Time trajectories for the Neolithic of Central Anatolia" (PDF). CANeW - Central Anatolian Neolithic e-Workshop. Retrieved on 21 декември 2006.
  2. Balter, Michael (2004-02-27). "Search for the Indo-Europeans: Were Kurgan horsemen or Anatolian farmers responsible for creating and spreading the world's most far-flung language family?". Science 303 (5662): 1323.
  3. The Metropolitan Museum of Art, New York (October 2000). "Anatolia and the Caucasus (Asia Minor), 2000 – 1000 B.C. in Timeline of Art History.". New York: The Metropolitan Museum of Art. Retrieved on 21 декември 2006.
  4. Daniel C. Waugh (2004). "Constantinople/Istanbul". University of Washington, Seattle, WA. Retrieved on 26 декември 2006.
  5. Wink, Andre (1990). Al Hind: The Making of the Indo Islamic World, Vol. 1, Early Medieval India and the Expansion of Islam, 7th-11th Centuries. Brill Academic Publishers. ISBN 90-04-09249-8.
  6. Mango, Cyril (2002). The Oxford History of Byzantium. Oxford University Press, USA. ISBN 0-19-814098-3.
  7. Kinross, Patrick (1977). The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire. Morrow. ISBN 0-688-03093-9.
  8. Shaw, Stanford Jay; Kural Shaw, Ezel (1977). History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Cambridge University Press. ISBN 0-521-29163-1.
  9. Shaw, Stanford Jay; Kural Shaw, Ezel (1977). History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Cambridge University Press. ISBN 0-521-29163-1.
  10. Shaw, Stanford Jay; Kural Shaw, Ezel (1977). History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Cambridge University Press. ISBN 0-521-29163-1.
  11. Mango, Andrew (2000). Ataturk. Overlook. ISBN 1-58567-011-1.
  12. "Growth in United Nations membership (1945–2005)". United Nations (3 јули 2006). Retrieved on 30 октомври 2006.
  13. Timeline: Cyprus", British Broadcasting Corporation (12 декември 2006). Retrieved on 25 декември 2006.