Елефтериос Венизелос
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Елефтериос Венизелос Ελευθέριος Βενιζέλος |
|
| грчки политичар | |
| Роден/а | 23 август, 1864 |
|---|---|
| Починал/а | 18 март, 1936 |
Елефтериос Кирјаку Венизелос (грчки: Ελευθέριος Κυριάκου Βενιζέλος) (23 август 1864 во Мурњес, Крит, Отоманска Империја – 18 март 1936 во Париз, Франција) бил виден грчки револуционор, истакнат и знаменит државник и харизматичен лидер во почетокот на 20 век. Бил министер за надворешни работи и претседател на владата во неколку наврати од 1910 до 1933 година. Потписник на Балканскиот сојуз против Турција 1912 година. За време на Балканските и Првата Светска војна водел агресивна надворешна политика во интерес на Грција, наложувајќи се на Балканот со неа. Во 1916 година формирал национална влада во Солун, а во 1917 се вратил во Атина. Бил против обнова на монархијата и враќањето на кралот Константин, но не успеал во тоа. Венизелос имал големо влијание врз внатрешната и надворешна политика на Грција, и поради тоа му се припишува епитетот „создавач на модерна Грција“.