Историја на Грција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Coat of arms of Greece.svg

Оваа сторија е дел од серијалот за:

Историја на Грција

Преаисториска Грција
Хеленски период
Кикладички период
Минојска цивилизација
Микенска цивилизација
Грчки стар период
Стара Грција
Архаичен период во Грција
Класична Грција
Хеленска Грција
Римска Грција
Средновековна Грција
Византиска Империја
Отоманска Грција
Модерна Грција
Грчка војна за независност
Кралство Грција
Грција во II светска војна
Граѓанска војна во Грција
Воена хунта
Хеленска Република
Тематска историја
Економска историја на Грција
Воена историја на Грција
Уставна историја на Грција
Имињата на Грците
Грчка уметност


Стара Грција[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Стара Грција.

Природни услови и население[уреди]

Грција се наоѓала на јужниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа излегувала на три мориња: Јонско, Егејско и Средоземно. Нејзиниот брег бил разгранет со многу полуострови, заливи и острови, од кои најголем е островот Крит. Територијата на Грција географски е поделена на северна - Епир и Тесалија; средна - Атика и Беотија и јужна - Пелопонез. Грција била планинска земја, највисокиот врв се наоѓал на планината Олимп (3.000 м). Според тоа, таа била без услови за развој на земјоделие. Во Грција било развиено сточарството, морепловството и трговијата. Според старогрчкиот историчар Тукидит (460-369 п.н.е.), најстари жители на елада биле Каријците и Лелегитите, кои ја развивале цивилизацијата на островот Крит. Најзначаен центар на островот Крит бил градот Кносос, а според легендата тука живеел кралот Минос. Според Минос, и културата развивана на овие простори била наречена Минојска или Критска, а била развивана од 2600-14 век п.н.е.. Во почетокот на XX век п.н.е., од север во Грција се населиле Ахајци, кои продреле во најјужните предели на Грција, го освоиле островот Крит и ја уништиле критската култура. На Пелопонез бил изграден градот Микена кој станал центарна новата Микенска цивилизација (1600-13 век п.н.е.). Околу 12 век п.н.е. во северот на Грција се населиле Јонци, Дорци и Еолци, кои го покориле и асимилирале домородното население кое имало поразвиена култура, ја прифатиле и ја развиле уште повеќе. Тие се нарекле Хелени, а земјата Хелада, а подоцна го добиле името Грци од Римјаните.

Хомеровото време (1200-800 г.п.н.е.)[уреди]

За Хомеровото време најмногу информации се исцрпени од еповите „Илијада“ и „Одисеја“, напишани од слепиот поет Хомер. Во Хомеровото време, Хелените се уште живееле во родовско уредување, на чело на родот стоел старешина - Базилеј. Постоело народно собрание - Агора, во кое влегувале сите мажи способни за војување. Постоел и Совет на старешини - Буле. Но, со развој на производствените сили, родовите почнале да се распаѓаат на семејства, кои се обединувале во селски општини - Деми. По своето богаство се истакнувале родовските и воените старешини прераснувајќи во аристократи, а постоел и народ - Демос, составен од слободни луѓе и робови.

Идеализиран портрет на Хомер од Хеленистичкиот период. Британски музеј.

Создавање на градови-држави[уреди]

Со развојот на производствените сили елинското општество се повеќе се раслојувало на богати и сиромаси. Богатите за да ја зачуваат власта над сиромасите создале државен апарат, но планинската природа на Грција не давала можност за економско и политичко обединување на Хелените. Тука не се создала единствена држава, како на стариот исток, туку се создале повеќе мали држави (околу 100). Тие ја опфаќале територијата на еден град со околината, и се наречени градови-држави (полиси). Секој полис ги задоволувал потребите на своето население, и затоа секоја држава ја чувала својата самостојност и била против обединување во една држава. Полисите често војувале меѓу себе. На чело на град-држава се наоѓал Базилеј, кој бил врховен војсководец, свештеник и судија. Тој се советувал со советот на старешини и со народното собрание. Најзначајни градови-држави биле: Атина, Спарта, Теба, Коринт, Мегара и други.

Грчка колонизација[уреди]

Причините за колонизација биле од економско и социјално потекло. Во Грција немало доволно обработлива земја, што предизвикало голема пренаселеност во градовите и појава на глад. Во периодот од VII-VI век п.н.е. била извршена колонизација во три правци: на запад кон јужна Италија и Сицилија, на север кон Тракија и Јадранско Море и на исток кон Мраморно и Црно Море. Поради големиот број грчки колонии во Јужна Италија, Римјаните оваа област ја нарекле „Голема Грција“. Грчките колонии се развиле во независни држави - полиси, но не ги прекинале врските со својот роден крај. Тие станале посредници за снабдување на својот роден крај со суровини и храна. Развојот на трговијата овозможил многу полиси да израснат во трговски и политички центри. Во тој поглед, особено се истакнал градот Милет, кој се наоѓал на Малоазискиот брег, и кој и самиот имал свои колонии на Црното и Средоземното Море. Така Хелените со колонизацијата станале господари на Црното, Средоземното, Јадранското и Јонското Море.

Под Римска империја[уреди]

Византиска империја[уреди]

Поделба на Римското царство[уреди]

Во текот на третиот век од нашата ера на Римската империја и се заканувале три видови на кризи: инвазии, граѓански војни, како и проблеми во економијата на земјата[1]. Во таква ситуација градот Рим изгубил многу од своето значење како административен центар.

Императорот Диоклецијан создал нов тип на административен систем (кој бил наречен тетрархија) [2]. Системот се состоел од двајца ко-императори или, како што уште се нарекувале, августи кои владееле со источниот и со западниот дел од империјата, и од двајца цезари. Цезарите ја делеле власта со августите и во даден момент (при смрт на августите) требало да ја заземат нивната позиција. По абдикацијата на Диоклецијан и Максимијан системот на тетрархија не се задржува уште долго. Константин Велики го заменува овој систем со системот на династичко наследување на тронот на империјата.

За да може подобро да се брани Римската империја од напади, кои вообичаено доаѓале од исток, Константин Велики во 330 г. го преместува главниот град на империјата од Рим во градот Византиум кој бил стратешки позициониран на бреговите на Босфор каде се вкрстувале патиштата кој воделе од исток на запад. Константин, исто така, извршил голем број реформи кои довеле до стабилизација на империјата во периодот кој следел[3]. Тој го стабилизирал ковањето на пари (зладниот солидус кој бил воведен во оптек станал стабилна и ценета валута[4]), но исто така иницирал и промени во структурата на армијата. Во текот на владеењето на Константин Велики империјата ја зацврснала својата воена моќ. Освен тоа периодот на владеење на овој император претставува период на просперитет на Римското царство.

Во текот на периодот на владеење на Константин христијанството не постанало единствена религија во империјата, туку претставувал религија која била во милост на императорот, со оглед на тоа што императорот ја поддржувал, а христијанските заедници добивале извесни привилегии поради тоа. Константин го востановил принципот дека императорот не треба да ги решава прашањата од религиски интерес, туку дека треба да помага во нивното решавање со свикување на собори за таа цел (како што бил Првиот собор во Никеја) и на таков начин се поставил себеси на врвот на црковната хиерархија.[5]

Состојбата во која се наоѓала Римската империја во 396 г. може да се опише како резултат на работата на Константин Велики. Принципот на династичко наследство на тронот на империјата поминал толку лесно што по смртта на императорот Теодосиј I, многу лесно империјата била препуштена на владеење на неговите синови Аркадиј (на Исток) и Хонориј (на Запад). Теодосиј е последниот император кој владее со целата Римска империја. [6]

Источното Римско царство, околу 480 година

Источното Римско царство било поштедено од тешкотиите со кои се соочувало Западното царство во текот на третиот и четврток век, што било резултат на подобро зацврснатата урбана култура, подобрите финансиски ресурси кои овозможувале зачувување на мирот и просперитетот на државата, но исто така и ангажирање на странски платеници во војската. Понатаму, Теодосиј II ги изградил ѕидините на Константинопол кои успешно го бранеле градот од различните напаѓачи се до 1204 година кога за прв пат одбраната на градот била совладана од крстоносците. За да ги смири амбициите на Хуните на Атила тој им исплатил околу 300 kg злато. Тој исто така го поттикнувал развојот на трговијата на Константинопол со Хуните и со другите соседни земји.

Неговиот наследник Марцијан одбил да ги продолжи да им исплаќа злато на Хуните, но тоа не ја погодила империјата затоа што вниманието на Атила било насочено кон Западното Римско царство. По смрт на Атила, во Источното царство настанал период на просперитет, додека пак, Западното царство пропаѓа. За година кога Западното Римско царство престанува да постои се смета 476 година кога Одоакар го принудува Ромул Августус, последниот император на Западното римско царство, да се откаже од круната.

За да се повратат изгубените позиции во Италија, императорот Зенон преговара со Источните Готи (од Мизија) на Теодорик кого го испраќа во Италија да владее таму како ’’magister militum per Italiam’’ (главен командант за Италија). По падот на Одоакар, Теодорик, кој младоста своја ја поминал во Константинопол, управува со Италија, односно со Кралството на Источните Готи, независно од Константинопол. Сепак, императорот во Зенон во Константинопол смета дека тој има некаква номинална надмоќ над западните земји.

Под Османлиска империја[уреди]

Поголемиот дел од територијата на денешна Грција, под власта на Отоманската империја била во периодот од 15 век па се до прогласувањето на независност во 1821. Овој период од историјата на Грција е познат како Tourkokratia (грчки: Τουρκοκρατία ", турско владеење"). Византиската империја, која владеела со поголемиот дел од грчкиот свет, постоела во период од околу 1100 години. Нејзината престолнина Константинопол на неколку пати била опседнувана како од крстоносците, така и од Османлиите.

По покорувањето на Србија, Османлиите во 1453 година го зазеле градот Константинопол, и веднаш по тој голем успех се упатиле во внатрешноста на Грција. Така во 1458 година ја зазеле и Атина. Грците власта на Пелопонез ја задржиле уште само две години. Во 1460 година, полуостровот бил во рацете на Венецијанската република и Џеновската република, но веќе во 1500 година поголемиот дел од полуостровот и разните помали острови припаѓале на Османлиите. Високите планини во Грција биле скоро недопрени, па тоа им претставувало единствено засолниште на Грците. Во 1571 година бил заземен Кипар. Венецијанската република Крит го држал до 1670 година. Јонските острови биле само на кратко во владеење на Османлиите (Кефалонија 1479-1481 и 1485-1500), и практично останале под власта на Венеција.

Битка кај Наварино, октомври 1827 година, по која Грција издвојуала независност

Османлиска Грција била поделена во шест санџаци, и секој бил управуван од страна на санџакбеј, близок соработник на султанот кој престолнината на Османлиската империја ја преместил во Цариград. Пред оваа поделба, Османлиите во империјата поделбата ја вршиле врз основа на религијата. На Цариградската патријаршија и било признаено првото да биде духовен водич на сите христијани во земјата, без разлика од каде потекнуваат. Патријархот бил одговорен пред султанот за однесувањето на православното население. Во првите векови од владеењето, Цариградската патријаршија го помагала црковното дело и училиштата и во голем степен се спротиставувала за напорите на Османлиите да го потурчат христијанското население на Балканскиот Полуостров.

Тајната грчка националистичка организација наречена "Пријателско општество" била основена во Одеса во 1814 година. Членовите на организацијата планирале дигање на востание со поддршка на богатите грчки егзилски заедници во Велика Британија и САД. Тие, исто така, добиле поддршка во Западна Европа, како и од Русија. Организацијата ја подржувал и Јоанис Каподистриас, кој бил руски министер за надворешни работи. Тој станал лидер на вoстанието. На 25 март (сега грчки Ден на Независноста) 1821 година, православниот епископ Германос од Патра го означил почетокот на востанието.[7][8]

Востанието било застапено во цела Грција, вклучително и делови во Македонија, Крит и Кипар. Некои од првите грчки активности биле преземени против невооружените отомански населени места. Околу 40% од турските и албанските муслимански жители на Пелопонез непосредно биле убиени, а останатите биле депортирани. [9]

На 11 мај 1832 година, Грција конечно била признаена како суверена држава. Јоанис Каподистриас, кој бил шеф на непризнаена Грција од 1828 година, бил убиен во октомври 1831 година. За да се спречи натамошното експерименти во републиканската влада, западните сили инсистирале земјата да стане монархија. Така, Отон I бил избран за првиот монарх на земјата.

Кралство Грција[уреди]

Балкански војни[уреди]

Бугарско-грчките преговори започнале, исто така, во 1911 година и биле набрзо прекинати поради спорот околу поделбата на Македонија. На иницијатива на грчката Влада преговорите биле обновени во март, а договорот бил склучен во мај 1912 година. Тој бил одбранбен сојуз за меѓусебни помагања и заеднички настапувања спрема Турција и Големите сили. Покрај договорот Грција и Бугарија потпишале и Декларација со која се предвидувала неутралност на Бугарија спрема Грција ако таа, поради Крит, се најде во воена состојба со Турција. Воена конвенција што ја потпишале истата година предвидувала заедничко ангажирање на воени сили на Вардарското и на Маричкото боиште: Бугарија да ангажира најмалку 300.000, а Грција најмалку 120.000 војници. Грчката флота имала задача да го спречи сообраќајот во Егејското Море меѓу Мала Азија и европскиот дел на Турција.

На 30 мај 1913 година, Отоманската империја го потпишала мировниот договор во Лондон, според кој се откажала од териториите западно од линијата Енез-Мидија во корист на балканските сојузници, со тоа што било одлучено да се создаде албанска држава, чии граници требало да се утврдат дополнително. Загубите во загинати, ранети и заробени изнесувале: Отоманска Империја 153.000, Царство Бугариjа 73.000, Кралство Србија 30.000, Кралство Грција 28.671 и Кралство Црна Гора 10.000 луѓе.

Материјалните загуби Кралството Грција 467 милиони.

Прва Светска војна[уреди]

Втора Светска војна[уреди]

Модерна историја[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Bury (1923), 1
    * Fenner, Economic Factors
  2. Bury (1923), 1
  3. Gibbon (1906), III, 168  PDF (2.35 MiB)
  4. Esler (2000), 1081
  5. Bury (1923), 163
  6. „Byzantine Empire“. Encyclopaedia Britannica.
  7. „Greek Independence Day.“. www.britannica.com. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/1436276/Greek-Independence-Day. конс. 9 септември 2009. „The Greek revolt was precipitated on 25 март, 1821, when Bishop Germanos of Patras raised the flag of revolution over the Monastery of Agia Lavra in the Peloponnese. The cry “Freedom or Death” became the motto of the revolution. The Greeks experienced early successes on the battlefield, including the capture of Athens in June 1822, but infighting ensued.“ 
  8. McManners, John (2001). „The Oxford illustrated history of Christianity“. Oxford University Press. стр. 521-524. ISBN 0192854399. „The Greek uprising and the church. Bishop Germanos of old Patras blesses the Greek banner at the outset of the national revolt against the Turks on 25 март 1821. The solemnity of the scene was enhanced two decades later in this painting by T. Vryzakis….The fact that one of the Greek bishops, Germanos of Old Patras, had enthusiastically blessed the Greek uprising at the onset (25 март 1821) and had thereby helped to unleash a holy war, was not to gain the church a satisfactory, let alone a dominant, role in the new order of things.“ 
  9. Jelavich, p. 217.