Битка кај Наварино

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Наварино
Дел од the Грчка војна за независност
Naval Battle of Navarino by Garneray.jpg
Поморската битка кај Наварино (1827).
Датум 20 октомври 1827
Место Наварино, Грција
Исход Победа на европските сили
Завојувани страни
Flag of the United Kingdom (1801).png Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска
Pavillon royal de France.svg Кралство Франција
Russian Emperor Flag.jpg Руска империја
Ottoman flag Османлиска империја
Египет Османлиски вилает Египет
Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg Османлиски вилает Тунис
Команданти и водачи
Government Ensign of the United Kingdom.svg Едвард Кодрингтон (Кралска морнарица (C-in-C)
Naval Ensign of the Kingdom of France.svg Хенри де Ригни
Naval Ensign of Russia.svg Логин Геиден (Императорска руска морнарица)
Египет Ибрахим Паша (C-in-C)
Ottoman flag Амир Тахир Паша (адмирал)
Египет Мохарам Бег
Flag of the Ottoman Empire (1453-1517).svg Капитан Бег
Сила
10 борбени бродови
10 фрегати
4 brigs, 2 schooners
3 борбени бродови
17 frigates
30 Воеи бродови
28 brigs, 5 schooners, 5/6 огнени бродови
Жртви и загуби
181 мртви, 480 повредени
Вкупно: 661
4,109 мртви или повредени

Поморската битка кај Наварино се одвила на 20 октомври 1827, за време на Грчката војна за независност (1821-1832) во Наварино (денешен Пилос), на западниот брег од полуостровот Пелопонез, во Јонското Море. Од една страна биле комбинираната османлиска и египетска армија и силите на Велика Британија, Франција и Русија. Битката е позната по тоа што таа била една од последните поморски големи битки од историјата. Поголемата спремност и посовремените бродови придонеле за голема победа на европските сојузници.

Главен фактор кој предизвикал интервенција односно вклучување во војната на трите европски сили биле амбициите на Руската империја своите територии да ги прошири кон регионот на Црно Море на сметка на Османлиската империја. Од друга страна пак, овие амбиции на Русија, геостратешки, претставувале закана за другите европски сили. Велика Британија била насочена главно кон спречување на руската интервенција и проширување на нејзиното влијание во регионот. Во 1825 година, на рускиот престол застанал Николај I, кој поради меѓународната положба на европските сили решил да го засили влијанието на Русија на Балканите. Франција пак во војната се приклучила со цел да ја врати својата доминантна улога во Европа, по поразот во т.н. Наполеонски војни. И трите влади, во секој случај, биле под голем притисок и од страна на локалното мислење на нивните жители, особено по инвазијата на Пелопонез во 1825 година од страна на османлискиот вазал Ибрахим Паша од Египет и неговите злосторства употребени кон локалното грчко или христијанско население.

Пред да започне војната, трите европски сили се согласиле да потпишат договор. Така истиот бил потпишан во Лондон (Лондонски договор) во 1827 година, според кој на Грција требало да и биде дадено автономија, на чие чело повторно би стоел османлискиот султан. Истото не било прифатено од страна на Османлиите, кое пак резултирало со започнувањето на битката кај Наварино. Војната резултирала со пораз на Османлиската империја. Во почетокот биле превземени две воени интервенции од страна на Русија, кои интервенции претставуваат дел од руско-турските војни. По поразот на османлиите пак, Французите ги принудиле и придружиле истите да се повлечат од централна и јужна Грција. По ова била објавена грчката независност. Во почетокот, Грција добила независност, но била задолжена да плаќа данок на султанот, но сепак тоа не се случило бидејќи од Грција целосно била протерена Османлиската војска.