Историја на Андора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Андора е последната држава која сѐ уште постои од поранешната независна Марка хиспаника. Андора, како држава постои уште од доцниот 8 век. Наводно Карло Велики бил оној кој за прв пат им загарантирал голем број на привилегии на андоранците, како возврат за помошта во војната против Маврите. Сепак, Андора долго време била предмет на конфликти помеѓу шпанскиот бискуп од Ургел и францускиот гроф од Кастелбон односно неговиот наследник од Фуа. Преку т.н. Пареаж договор (Paréage) во 1278, двете страни се согласиле за заедничка власт врз Андора. Дозволата за власт од грофот од Фуа, подоцна преминала на кралот Хајнрих IV и оттука на сите следни француски кралеви (во новото време на француските претседатели).

Во 1933 година Франција ја окупира Андора како реакција на социјалните немири пред изборите.

Во 1993 година, Франција и Шпанија ја признаваат Андора како независна држава, но сепак бискупот од Ургел и францускиот претседател остануваат како официјални претседатели на земјата. Со независноста, Андора станува членка на Европскиот Совет и ООН. На парламентарните избори во 1997 година, Унијата на Либералите (Unió Liberal) на премиерот Марк Форне Молне го освојува апсолутното мнозинство. Истото им успева и на изборите на 4 март 2001 година, овој пат под името Либерална партија на Андора (Partit Liberal d’Andorra). На изборите во 2009 година победи Социјалдемократската партија.