Историја на Холандија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Рана историја[уреди | уреди извор]

Римска ера[уреди | уреди извор]

Во времето на римската империја, териториите јужно од реката Рајна биле вклучени во провинцијата Галија Белгика, а подоцна во Долна Германија. Во тоа време, земјата била населена од страна на разни германски племиња. Јужно од територијата биле населени Галите, кои во времето на големата преселба се споиле со другите германски народи. Во 5 век, на овие простори била формирана империјата на Меговинзите.

Свето Римска Царство[уреди | уреди извор]

Бургундска Нисдки Земји[уреди | уреди извор]

Во историјата на регионот поимот Бургундски Ниски Земји се однесува на периодот кога Војводството Бургундија владеело со овие области вклучувајќи го и Луксембург и делови од северна Франција, во периодот од 1384 до 1530 година.

Добар дел (но не и најголем) од овие територии биле наследени од страна на Бургундските војводи, кои водат потекло од француската кралска династија Валоа во 1384 година, по смртта на фламанскиот владетел, грофот Луј II. Неговата наследничка, Маргарета II била омажена за Филип Храбриот (1342-1404), најмладиот син на Јован II Добриот и на тој начин започнало нивното владеење на овие простори. Териториите на Бургундија биле проширени, опфаќајќи го Намир во 1421 година, Брабант и Лимбург во 1430 година, грофовиите Ено, Холандија и Зеланд во 1432, Војводство Луксембург во 1441 и војводството Гелдерн во 1473. Ерата на династија Валоа траела до 1477 година, кога починал Шарл на бојното поле и не оставил никакви наследници. Бургундија била вратена на француската круна, а Ниските земји пак од Бургундија биле дадени на Хабсбуршката монархија.[1]

Осумдесетгодишна војна[уреди | уреди извор]

Осумдесетгодишната војна или Војна за холандската независност (1568-1648) започнала по избувнувањето на холандското востание кое главно било насочено против Филип II, кој управувал со хабсбуршките Ниски Земји. Војната завршила со потпишување на Вестфалскиот договор. По крајот на војната, од територијата на Шпанија се отцепиле седум провинции, и ја формирале Холандската Република. Денешните земји Луксембург и Белгија останале под власта на Шпанија. Со создавањето на земјата исто така дошло и до основање на првите републики во Европа. По крајот на војната, новата република станала една од најголемите поморски сили во светот. Јужниот дел на Холандија (денешна територија на Белгија, Луксембург и северна Франција) за некое време останале под шпанска власт. Меѓутоа, долгата депресивна доминација на Шпанија во јужниот дел од земјата предизвикала бегството на голем дел од интелектуалната елита во северниот дел од земјата. Војната може да се подели во две фази: Војна за независност на Холандија и признавање на независноста од страна на европските сили.

Императорот Карло V, кој е роден во Гент и пораснал во Холандија уживал голема популарност во земјата. Во 1556 година тој абдицирал на сметка на својот син Филип II од Шпанија. Новиот император бил заколнет католик, и сакал да ја одржи својата вера во својата земја. Но, во исто време, во Холандија започнало да се шири Протестантството, особено Калвинизмот.

Во 1596 година, во градот Антверпен пред катедралата се случил инцидент помеѓу калвинистите и католиците. Овој инцидент бил повод калвинистите да започнат со напади кон црквите и да ги уништуват статуите на католичките светци. Нередите продолжиле неколку месеци, па затоа Филип од Шпанија испратил дел од својата армија за да го задуши бунтот и да воспостави ред. Можеби најголемата причина за војната била издадената пресуда од страна на Светата престолнина на 16 февруари 1568 година, според која сите граѓани на Холандија со мал исклучок се осудуваат на смрт. По само неколку денови, тоа било потврдено и од страна на кралот Филип и наредил наредбата на Папата да биде исполнета. Оваа пресуда во исто време претставува и најголемата смрттна пресуда изречена некогаш во историјата. Таа опфаќала околу 3.000.000 жители на Холандија.

Холандска Република[уреди | уреди извор]

Холандската Република- официјално позната како Република на Обединетите провинции била република во Европа која постоела во периодот од 1581-1795 година, кога било формирано Кралство Холандија. Од економска гледна точка, републиката забележила голем успех. Периодот од 1584 до 1702 година, во историјата на Холандија е познат како Златен век на Холандија. Нејзината трговија била доминантна на светско ниво во текот на 17 век. Таа основила голем број на колонии. Холандија била најбогатата земја во Европа во тоа време. Во Ротердам, а потоа и во Амстердам била основана берза.

Официјално републиката била признаена со Вестфалскиот мир кој бил потпишан на 1 јануари 1648 и како таква функционирала до 1795 година, односно по француската инвазија на Ниските земји кога била формирана нова република, наречена Батавијска република која директно била управувана од страна на Франција. Холандија ја повратила независноста од Франција во 1813 година. Во англо-холандскиот договор од 1814 имињата "Обединети Провинции на Холандија" и "Обединета Холандија" повторно биле користени. Во 1815 година земјата била дел од т.н. Австриските Ниски Земји, Луксембург и Лиеж. Земјата била наречена Обединето Кралство Холандија. Намерата на европските сили била да се создаде голема сила која би се наоѓала северно од Франција. Оваа земја под ова име се задржила до прогласувањето на независноста на Белгија како резултат на Белгиската револуција од 1830 година. Од тогаш, земјата се нарекува Кралство Холандија, како што е и денес.

Во земјата како официјална религија односно црква била прогласена Холандска Реформска црква. Јавното ширење и проповедање на католицизмот бил строго забранет. Католиците биле надгледувани и контролирани директно од властите во земјата. Голем број на католички храмови биле уништени во тоа време. Дури и во јужните делови на земјата, каде мнозинство биле католиците, јавните службеници морале да бидат протестантски калвинисти или евреи, и да се заколнат дека ќе дејствуваат против католичката религија.

До 1795 католиците на Холандија морале да плаќаат огромни даноци на државата. Сите древни цркви, манастирски згради и катедрали останале во рацете на протестантите. Можеби најголемата причина за Осумдесетгодишната војна била издадената пресуда од страна на Светата престолнина на 16 февруари 1568 година, според која сите граѓани на Холандија со мал исклучок се осудуваат на смрт. По само неколку денови, тоа било потврдено и од страна на кралот Филип и наредил наредбата на Папата да биде исполнета. Оваа пресуда во исто време претставува и најголемата смрттна пресуда изречена некогаш во историјата. Таа опфаќала околу 3.000.000 жители на Холандија. Затоа, Холандската република била голем противник на католицизмот. На овие простори отсекогаш имало значајни разлики помеѓу православниот и либералниот Калвинизам: помеѓу Арминианизмот и Гомаризмот во 17 век.

Златен век[уреди | уреди извор]

Батависки Ниски Земји[уреди | уреди извор]

Батависката република претставувала вазална република на Франција, која постоела во периодот од 1795 до 1806 година. Државата ги опфаќала териториите на денешна Холандија. Таа била претходничка на Холандската Република, а била создадена со доаѓањето во Франција на власт на Наполеон Бонапарт и неговата инвазија на регионот.

Републиката била прогласена на 19 јануари 1795 година, еден ден по бегството на Вилхем V од Холандија во Англија и по француската инвазија на француската револуционерна армија. Новата република уживала широка поддршка од холандското население и претставувала производ од револуцијата во Франција. За разлика од Франција, во холандија револуцијата успеала по мирен пат. Земјата два века била под републиканско управување. Гилотината не се користела.

Сепак, процесот при создавањето на Холандскиот устав бил создаден од страна на внатрешните политички фактори, а не од страна на француската власт. Политичките, економските и социјалните реформи кои биле донесени за време на релативно краткото постоење на земјата имало доста малку влијание. Конфедерациската структура на старата Холандска република била заменета со унитаризмот. за првпат од историјата на Холандија бил донесен устав, во 1798 година, чии елементи содржал доста демократски карактер.

Религиозното прашање во земјата било решено на таков начин што католиците, протестантите и евреите добиле еднакви права. Биле донесени законите за правата на човекот и граѓанинот. Името на републиката произлегува според германската династија Бетавијци, кои живееле во Холандија во римско време и кои се сметале дека се директни потомци и основачи на холандската нација. За разлика од Франција, во новата република немало никаква диктатура или терор врз населението.

во текот на постоењето на Батависката република, државниците на трипати се нашле под државен удар. Првиот пат се случил во 1798 година, од страна на унитаристичките демократи, кои не биле задоволни од спроведените демократски реформи. По само неколку месеци следувал и вториот удар, во кој завршило управувањето на земјата од страна на унитаристите. Третиот државен удар се случил во 1801 година, кога еден Французин кој го поддржувал Наполеон, успеал да ја зазеде власта.

Прво Француско Царство[уреди | уреди извор]

Обединето Кралство Холандија[уреди | уреди извор]

Обединетото Кралство на Холандија (1815-1830) (1839) е име кое било користено за новата европска држава која била создадена од страна на Првото Француско Царство за време на Виенскиот конгрес во 1815. Оваа држава, официјално наречена "Кралство на Холандија", се состоела од поранешната Холандска Република (Република на Обединетите провинции) на север, поранешнна Австриските Ниски Земји на југ, и поранешната Лиешка епархија.

Обединетото Кралство на Холандија пропаднало по 1830 по Белгиската револуција во 1830 година. Вилијам I, кралот на Кралството Холандија, новата белгиска држава ја признал по Договорот од Лондон.

Период на светските војни[уреди | уреди извор]

Современа историја[уреди | уреди извор]

Во текот на Првата светска војна, Холандија останала неутрална, а во Втората светска војна била окупирана од страна на Нацистичка Германија. По војната, Холандија станала член на Бенелукс. Во 1957 година станала члена на Европската економска заедница, која е претходник на ЕУ. Претходно, во 1949 година Холандија станала член на НАТО.

Наводи[уреди | уреди извор]