Евангелос Венизелос

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Евангелос Венизелос
Ευάγγελος Βενιζέλος


Пратеник
Συνέντευξη Τύπου Βαγγέλη Βενιζέλου στην Κομοτηνή 24.05.2007 CROP.jpg

Во служба
17 јуни 2011 – 21 март 2012
Претходник Јоргос Папаконстантину (како министер за финансии)
Наследник Филипос Сакинидис

Во служба
7 октомври 2009 – 17 јуни 2011
Претходник Евангелос Меимаракис
Наследник Панајотис Беглитис

Во служба
21 ноември 2000 – 10 март 2004
Претходник Теодорос Пангалос
Наследник Костас Караманлис

Во служба
19 јануари 1999 – 13 април 2000
Претходник Васо Папандреу
Наследник Никос Кристогулакис

Во служба
25 септември 1999 – 19 јануари 1999
Претходник Ставрос Бенос
Наследник Елисавет Папацои

Во служба
22 јануари 1996 – 30 август 1996
Претходник Јоанис Потакис
Наследник Анаргирос Фатурос

Во служба
15 септември 1995 – 22 јануари 1996
Претходник Атанасиос Цурас
Наследник Харис Кастанидис
Лични податоци
Роден(а) 1 јануари 1957 (1957-01-01) (57 г.)
Солун, Грција
Националност Грк
Партија Сегрчко социјалистичко движење
Сопружник Василики Бакацелу
Образование Универзитет Аристотел, Солун
Струка правник
Вероисповед Грчка Православна црква
Портал www.evenizelos.gr

Евангелос Венизелос (грчки: Ευάγγελος Βενιζέλος) (роден на 1 јануари 1957 година) е грчки политичар, поранешен заменик-премиер и министер за финансии на Грција од 17 јуни 2011 година до март 2012 година[1]. Тој е член на Грчкиот парламент и моментален претседател на партијата ПАСОК.

Тој е професор по Уставно право на Правниот факултет на Аристотеловиот универзитет во Солун. На прашањето на новинарот Марк Драгумус дали Евангелос има некаква роднинска врска со Елефтериос Венизелос, тој кажал дека нема никаква врска со него и Венизелос жестоко реагирал дека тој го променил своето име[2][3] .

Евангелос Венизелос за пратеник од редовите наз ПАСОК бил избран во 1993 година, 1996 и 2000 година. Тој е член на парламентарната комисија за ревизија на Уставот на земјата. Освен ова, тој бил и член на комисијата за национална одбрана и надворешни работи, на јавната администрација, јавниот ред и правда и за европски прашања.

По парламентарните избори од 2007 година, во која ПАСОК бил поразен, Венизелос ја објавил својата кандидатура за лидер на ПАСОК. На партиските избори во 2007 година, тој бил поразен од актуелниот лидер на партијата, Јоргос Папандреу, добивајќи 38,18% од гласовите против 55,91% за Папандреу.[4].

По реконструкција на владата на Папандреу, на 17 јуни 2011 година станал заменик-премиер и министер за финансии на Грција. На 18 март 2012 година, Венизелос бил избран за претседател на ПАСОК по поразот на неговата партија на изборите и по повлекувањето на Папандреу[5].

Наводи[уреди]

  1. Ανακοινώθηκε το νέο υπουργικό σχήμα“, ana-mpa.gr, 17 јуни 2011 (конс. 17 June 2011 work=ANA-MPA). (на Greek)
  2. Mark Dragoumis. „Education is not possible in universities at the mercy of 'rebeloi'“, Athens News, 12 јануари 2007 (конс. 29 септември 2007).
  3. Mark Dragoumis. „Pasok's lost cause: 'Always oppose - never propose'“, Athens News, 5 октомври 2007 (конс. 11 октомври 2007).
  4. "George Papandreou wins PASOK leadership election with 55.91 pc", Athens News Agency (hri.org), November 15, 2007.
  5. Greek socialists vote for finance minister as new leader“, 18 март 2012 (конс. 18 март 2012).