Историја на Хрватска
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Први познати племиња на територијата на денешна Хрватска биле Илирите и Келтите во внатрешноста, како и Хистрите, Либурните, Јаподите и Далматите на јадранскиот брег. Во 4 век п.н.е. на јужен и среден Јадран се создале грчки колонии, а во 1 век п.н.е. територијата постепено станала дел од Римското Царство. Најроманизирани биле Истра и провинцијата Далмација.
Словенските Хрвати се населиле во 7 век и 8 век, римски останале само островите, како и градовите во Далмација и Истра. Доселениците набрзо го примиле христијанството, а во Нин уште во 9 век е создадена првата хрватска бискупија. Спорот помегу Византија и државата на Франките на Карло Велики завршил со Мирот во Ахен (812 год.), со која далматските градови ги задржала Византија, а другите области ги добиле Франките. На јакнеењето на нивната власт безуспешно се обидел да се протистави кнезот Људевит Посавски (819-822).
Во 9 век Далмација, меѓу Цетина и Велебит, се создало јадрото на хрватската држава , од каде за време на владеењето на домашните кнезови од семејството наследници на кнезот Трпимир (845-864 год.) постепено се проширила на далматските градови (околу 1018-1107 под власта на Венецијанците). Најмоќен меѓу нив бил кнезот Томислав (910-928 год.), кој на Драва го запрел навлегувањето на Унгарците, кој, како византиски сојузник, успешно војувал со Бугарите и во 925 год. се крунисал за крал. По смртта на Звонимир (1075-89 год.) дошло до остри внатрешни судири, што ги искористил унгарскиот крал Коломан со семејството Арпадовиќ и ја освоил цела Хрватска. Во 1102 год. во Биоград се крунисал за хрватски крал, а 1107 год. ги добил и далматинските градови. Оттогаш се до 1918 год. Хрватска се развила како повеќе или помалку автономна државна творба во составот на унгарската држава, а разликите меѓу Славонија и Хрватска и областа на јужно од Гвозд (Велика Капела) постојано се зголемувале.
Во втората половина на 20 век претставува Република во рамките на СФР Југославија, но прогласува независност во 1991. Претставува кандидат за членство во Европската Унија и е член на НАТО.
|
|||||||||||||||||