Историја на Белорусија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Белорусија

Историја на Белорусија

Coat of arms of Belarus.svg
Античка историја

Рана историја
Источни Словени
Кнежество Полотск
Киевска Русија
Големото Литванско војводство
Полско-Литванска унија
Руска власт
Белоруска Народна Република
Социјалистичка Белорусија
Западна Белорусија
Белоруска ССР
Белорусија

Портал:Белорусија


Од крајот на бронзеното доба поголем дел од територијата на денешна Белорусија била населена со Балтијци. Кон крајот на 9 век и почетокот на 10 век, оваа територија започнале да ја населуваат Словени.

Се смета дека првата држава на територијата на сегашна Белорусија била Полоцката. Градот Полоцк првпат се споменува во „Повестите на минатото„ од 862 година. Полоцкото кнежество достигнало најголем подем и најголема моќ за време на владеењето на кнезот Усјаслау Брачиславич (10441101). Од 10 век до 13 век на територијата на Белорусија се наоѓале и Туравското кнежество, Смоленското кнежество, Граѕенското кнежество. Следни големи држави на белоруската територија било и Великото кнежество Литовско, Руско и Жамојцко. Главен центар на ова кнежество Новогородок.

За време на Првата Светска војна, Белорусија се наоѓала под германска окупација. Својата прва независност, Белорусија ја прогласила на 25 март 1918 година. Но по окупацијата на Црвената армија, на 1 јануари 1919 година била прогласена Советска Социјалистичка Република Белорусија. Во времето на Втората светска војна, Белорусија повторно била окупирана од страна на Нацистичка Германија. Германците се задржиле на власт сè до 1945 година. По војната, таа повторно останала во составот на СССР.

Својата независност Белорусија прогласила од СССР на 27 јули 1990 година, а меѓународно признаена на 25 август 1991 година.