Историја на Полска

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Полска

Историја на Полска

Herb Polski.svg
Античка историја

Рана историја
(966–1385)
(1385–1569)
(1569–1795)
(1795–1918)
(1918–1939)
(1939–1945)
(1945–1989)
Модерна историја

Портал:Полска

Историчарите дошле до согласност дека во доцниот период на антиката, многу различни етнички групи ја населнувале територијата денес позната како „Полска“. Точноста на етничките групи не е сосема позната и е тема на дискусии помеѓу историчарите. Една од најзначакните праисториски археолошки локации во Полска е бискупската утврдена населба (денес реконструирана како музеј) која датира од времето на лусатската култура од раната Железно доба, пред околу 700 п.н.е.

Полска почнала да се формира како стабилна единица и територијална целост во средината на 10 век под водство на пјастката династија. Првиод документиран полски лидер бил Мјешко I, бил покрстен во 966 прифаќајчи го католицизмот како нова државна религија. Во 12 век Полска се распаднала на неколку помали државички. Во 1320, Владислав I станал крал на обединетата Полска. Неговиот син Казимир III, е запамтен како еден од најголемите полски кралеви. За време на овој период, Полска била центар за миграција на евреите.

16 век во историјата на Полска е познат како “Златен век на Полска“. Ова се должи на претходното обединување на Полска со Литванија во 1386 година по бракот на принцезата Јадвига со литванскиот крал Јагело. Оваа унија се нарекувала Полско-Литванска унија. Најголемиот противник на полската држава во Западна Европа биле рицарите од Тевтонскиот ред, кои владееле со Летонија, Естонија и Прусија. Во 1410 година се дошло до војна во која Полско-Литванската унија излегла како победник. Полските благородници (шлахтичи) се гордееле со парламентарниот систем кој бил воведен во државата и кој се одликувал со големи слободи и покрај тоа што постоела само една привилегирана класа која имала право да влијае врз избор на владетелот,тн. сарматизам.Полското благородништво имало привилегии кои со текот на времето се зголемувале ,на пример - право да извезува производи преку граница без да плаќа за тоа царина,благородниците биле ослободени од сите даноци ,ослободени биле од служење војска (освен во случај на крајна опасност)и т н.Овие права достигнале кулминација во 17 век кога го добиле правото да стават вето на било кој закон поднесен од страна на кралот.Полските селани (холопи)во ова време станале "сопственост " на благородништвото - во буквална смисла на зборот;можеле да бидат заменувани ,наследувани и немале никаква сопственост над земјата којашто ја обработувале.Меѓу овие две класи се наоѓало граѓанството во кое значителен дел заземале евреите и германците кои во тоа време претставувале значаен дел од градското население.

Во околу 1600 година Варшава станала престолнина на Полска. Во периодот од 1605 до 1610 година, полјаците на два пати ја окупирале Москва. Воделе војни и со Шведска и Османлиската империја, кое довело до слабеење на државата. Во средината на 17 век избувнало востанитето на козаците, кои биле предводени од страна на Богдан Хмелницки. Веднаш по ова, започнале војните со Османлиската империја, Русија, Шведска, Трансилванија и Прусија. Полска изгубила повеќе од една третина од своето население. Како споредба, многу помалку за разлика за време на Втората светска војна. Во следните години, поради слабеењето на државата, Полска била принудена да биде ставена под капакот на Русија.

Овие причини довеле до полн пропаст на Полска. Така, во 1772 година била извршена првата поделба на Полска од страна на Прусија, Русија и Австрија, зазимајќи ѝ 30% од целата територија. Во 1793 година Полска била по втор пат разделена од страна на Прусија и Русија, зазимајќи ѝ 200.000 km2 со четири милиони жртви. Во 1794 година избувнало востание во Краков, преку кое востание било изршена третата поделба на Полска. Следната, 1795 година Полска била избришена од картата на Европа, губејчи ја својата независност сè до Првата светска војна. При тоа заграбување, полските територии биле поделени во три зони: руска, австриска и пруска. Голем број од полското население емигрирале во во Хамбург, Дрезден, Истанбул и Париз. Во војската на Наполеон биле вклучени голем број на полски емигранти. По победата на Наполеон Бонапарт, во 1807 година било создадено Варшавско кнежество кое постоело до 1815 година

Полска повторно стекнала независност по Првата светска војна. Во 1939 година била поделена помеѓу Советскиот сојуз и Нацистичка Германија. По Втората светска војна, Полска паднала под влијание на СССР и во нејзиното уредување бил воспоставен комунизам. Комунизмот се задржал до 1989 година.

Полска во 1999 година пристапила кон НАТО, а на 1 мај 2004 година кон ЕУ.