Галиполска операција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Галиполска операција
Дел од Прва светска војна
Галиполска операција
Галиполска операција
Датум 25 април 1915 – 9 јануари 1916
Место Галиполски полуостров, Османлиска империја
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
Антанта

 Обединето Кралство

Франција

Централни сили

 Отоманска империја
 Германија[3]

Сила
 Британска Империја:
489,000[4]
Франција France:
79,000[4]
5 divisions (initial)
16 девизии
 Отоманска империја:
315,500[4]
6 девизии
15 девизии
Жртви и загуби
220,000, 59% жртви[5] 251,000, 60% жртви[6]

Галиполската операција исто така позната како Дарданелска кампања или битката кај Галиполи била водена во текот на Првата светска војна во периодот од 25 април 1915 година до 9 јануари 1916 година. Конфликтот бил меѓу силите на Антантата на чело со Велика Британија и Франција од една страна и Османлиската империја од друга страна. Целта на операцијата била по крајот на оваа битка да се навлезе кон престолнината Константинопол и да се обезбеди патот кон Русија. Овој обид не бил успешен и имал големи загуби и на двете страни. Оваа кампања се смета за една од најголемите победи на Турците во текот на Првата светска војна.

Овој конфликт од страна на зафатените народи бил прифатен со големо влијание. Во Османлиската империја или Турција, битката се сметала за голем момент од историјата на Турција за одбрана на татковината бидејќи самата Османлиска империја веќе одамна била во процес на распаѓање. Овој конфликт ја поставил основата за понатамошната војна за турската независност и формирањето на Република Турција по осум години на чело со Мустафа Кемал Ататурк кој бил командант во Галиполи.

Битка[уреди]

` Една од најголемите битки во текот на оваа кампања се одвила на 18 март 1915 година кога силите на Антантата започнале офанзива кон Дарданелите и истата завршила со неуспех. Тие биле уверени на безбедно минување покрај теснецот но турските сили ноќта пред да навлезат непријателските бродови го минирале преминот. Кога на 18 март британските и француските бродови отвориле оган, Турците не одговориле. Минирањето на реонот им нанеле големи загуби на британските и француските бродови по кое силите на Антантата морале да се повлечат.

Овој неуспех за навлегување во Дарданелите преку море докажал дека без офанзива преку земја нема да може да се добие војната. Поради тоа започнала подготовка за нов напад, а за оваа цел биле мобилизирани австралиски и новозеландски војници кои требало да го нападнат Арибурну, а англиските и француските сили Седулбахир. Се проценува дека бројот на сојузничките сили бил околу 80,000 пешадиска армија. Но германско-турската воена команда бргу го разбрал новиот план и за таа намена била формирана нова девизија за одбрана на Дарданелите. На 25 април 1915 година започнала новата битка а на чело на османлиската армија се наоѓал Мустафа Кемал Паша. Во текот на овие битки на страната на Османлиите учествувале и петнаесетгодишни деца. Во оваа битка Османлиите им го нанеле поредниот пораз на силите на Антантата.

Наводи[уреди]

  1. Mansfield, Peter (1991) A History of the Middle East, London: Penguin, p. 151.
  2. According to historian Peter Mansfield, the British Empire troops were supported by an "Egyptian auxiliary labour corps" of 3,000 men who performed duties such as trench digging[1]
  3. Dale, C. (2003–2008). „German and Austro-Hungarian Forces on Ottoman Fronts 1914–18 (follow link)“. „German Colonial Uniforms website“. http://www.germancolonialuniforms.co.uk/. конс. 7 декември 2008. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Erickson, Edward J. (2001). Ordered to die: a history of the Ottoman army in the First World War. Westport, CT: Greenwood Publishing. ISBN 0-313-31516-7, page 94-95
  5. Dennis, Peter. "Gallipoli Campaign." Microsoft Student 2006 [DVD]. Microsoft Corporation, 2005. Microsoft Encarta 2006. 1993–2005 Microsoft Corporation. All rights reserved.
  6. „Sehitsayisi“ (на Turkish). „canakkale1915.com website“. http://www.canakkale1915.com/sehitsayisi.htm.