Кавкаски поход

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кавкаски поход
Дел од Прва светска војна
WW1 TitlePicture For Caucasus Campaign.png
Датум 24 октомври 1914 – 30 октомври 1918
Место Кавказ
Исход
Територијачни
промени
Поделба на Отоманската империја
Завојувани страни
 Отоманска империја
Азербејџан Азербејџан (from 1918)
 Германско царство (1914-1917)
Германско царство Германсдка империја (1918)
Демократска Република Грузија
 Руска империја (1914–1917)

Велика Британија Обединето Кралство (from 1918)
Ерменија Ерменија (од 1918)
Baku Commune

Кавкаскиот поход претставувал конфликт меѓу Руската империја и Османлиската империја во текот на Првата светска војна. Војната започнала со големи победи на Русите, но поради Октомвриската револуција и Руската граѓанска војна Турците уапеале да си ги вратат изгубените територии. Конфликтот завршил со потпишување на Брест-литовскиот договор.

1914[уреди]

Главна задача на османлиската влада била да ги врати териториите кои ги изгубила од претходната Руско-турска војна (1877-1878). Министерот за војна Енвер Паша не ги послушал советите од германската влада па еден месец откако била објавена војната тој тргнал во поход. И покрај својата големина од околу 200.000 војници, турската војска била лошо опремена за зимско војување. Од друга страна пак Русите имале околу 100,000 војници.

Во битката кај Сарикамиш која започнала на 29 декември а завршила на 2 јануари 1915 година, турските сили претпиле катастрофален пораз[1]. Во битката од околу 95,000 турски војници само 18.000 останале живи. Енвер Паша во Контантинопол за овој пораз јавно ги обвинил Ерменците, одноно нивната нелојалност. Како православен народ, по култура близок со Русите, тие биле на руска страна. Веќе во февруари наредил разоружување на ерменските војници во турската армија по кое следувал т.н. Ерменски геноцид. Во исто време една мала турска армија се упатила од езерото Ван кон Персија по кое следувала војната во Персија.

1915[уреди]

Руските сили започнале офанзива на турската територија кон езерото Ван сметајќи на ерменската подршка. Во Ван започнала ерменската побуна која траела еден месец кога во мај 1915 година руските сили стигнале и го зазеле градот. По ова следувала и руската победа кај Кара Килис во август истата година.

1916-1917[уреди]

Во јануари 1916 година руската војска водела успешна борба во битката кај Ерзурум, а во февруари следувал и падот на Тафта. По успешната 1916 година, во 1917 година во Русија започнала Октомвриската револуција по кое руската војска се распаднала и повлекла.

1918[уреди]

Во почетокот на 1918 година, руската армија се состоела од само неколку илјади доброволци. Руските огромни јужни територии останале без одбрана. Турците по ова започнале офанзива во јануари 1918 година. Единствен отпор пружила полуорганизираната полиција на Ерменската република. Османлиите започнале со освојување на Трабзон, Ерзурум, Карс, Ван и Батуми. Со офаа офанзива дошло и потпишувањето на Брест-литовскиот договор од новата болшевичка власт во Русија.

Енвер паша имал голема желба да ги врати териториите кои империјата ги изгубила пред 40 години. Така тој наредил напад на Баку. На оваа офанзива се спротиставила Германија која сметала дека јужните делови од Русија биле под нејзината сфера на влијание. Во март 1918 година османлиската војска ја нападнала новоформираната Демократска Република Ерменија. Ерменците биле принудени да потпишат договор. Од друга страна Демократска Република Грузија побарала германска помош, па турските сили ја заобиколиле Груција и заминале кон Азербејџан.

До крајот на војната, Турција ја избубила Палестина, Сирија и Месопотамија.

Наводи[уреди]

  1. Tucker, Spencer (1996). „The European Powers in the First World War: An Encyclopedia“. New York: Garland. стр. 174. ISBN 0-8153-0399-8. 

Литература[уреди]

  • Strachan, Hew (2003). The First World War, pp. 109–112. Viking (Published by the Penguin Group) (1914 operations)
  • Falls, Cyril (1960). The Great War pp. 158–160. (covers 1915 fighting)
  • Pollard, A. F. (1920). A Short History of the Great War (chapter 10). (covers 1916 fighting)
  • Fromkin, David (1989). A Peace to End All Peace, pp. 351–355. Avon Books. (covers 1918 operations)
  • Harutyunian, The 1918 Turkish aggression in Transcaucasus, Yerevan, 1985. (covers conquest of Armenia, 1918)
  • Russian Campaign in Turkey

Литература[уреди]