Историја на Грузија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Дел од серијалот за Грузија

Историја на Грузија

Greater coat of arms of Georgia.svg
Античка историја

Рана историја
Колхида
Егриси
Иверија

Среден век

Tao-Klarjeti
Кралство Абхазија

Модерна Грузија

Руска власт
Демократска Република Грузија
Грузиска ССР
Трагедиите од 9 април
Граганската војна
Грузија

Портал:Грузија

Територијата на денешна Грузија била населена уште од најраните времиња. До 12 век п.н.е. во североисточна Анадолија постоела држава која се викала Диаоха. Во периодот од 6 век п.н.е. до 2 век п.н.е. во Западна Грузија постоела грчката Колхидската империја, а во Источна Грузија постоела Иберија.

Овие простори паднале во составот на Римската империја. Во 327 година, во Грузија било воведено христијанството како основна религија, по примерот на Ерменија која е првата држава која го воведува христијанството. Покасно, Грузија била во составот на Византија, Персија и Арабија. Кон крајот на 10 век, во Грузија настапил т.н. Залтен век од нејзината историја, стекнувајчи независност од Византија. Во периодот од 11 век до 13 век, Грузија била една од најсилните држави на Кавказ. Но, по инвазијата на монголците била под минимум намалена нејзината моќ. Во 16 век, Грузија била во составот на Османлиската империја. Во 1783 година, Грузија склучила одбранбен договор со Русија, а во 1801 година руските кралеви ја вклучиле Грузија во Руската империја.

На 26 мај 1918 година, по Октомвриската револуција, Грузија објавила независност. Но, на 16 февруари 1921 година, Црвената армија ја окупирала Грузија, и ја вклопила во составот на Советскиот Сојуз. Воспоставена како Советска Социјалистичка Република на 25 февруари 1921, од 12 март, 1922 до 5 декември, 1936 била дел од Транскавкаска Федеративна Советска Социјалистичка Република заедно со Ерменска ССР и Азербејџанска ССР.

На 15 ноември, 1990 таа била преименувана во Република Грузија. Прогласи независност на 9 април, 1991, под власта на националистичкиот лидер Звиад Гамсакурдиа. Како и да е, независноста не била призната од Советската влада сѐ до септември 1991.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици