Историја на Албанија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Содржина |
[уреди] Праисторија
Просторот на денешна Албанија бил населен уште од најраните времиња. Најраното население кое се споменува низ историјата е праиндо европската нација, кој го населила поголемиот дел од Медитеранот. Овие племиња многу бргу биле заменети со прото-еленските племиња, кои постепено ги зазимале просториите на денешна Грција, Јужна Македонија и Јужна Албанија.
Илирите, како народ на Балканот се населиле околу 900 п.н.е. Како и во соседните земји, така и кај Илирите започнало да се распаѓа родовското уредување и да се создаваат класи. Се појавиле богати и имотни Илири, но и сиромашни и бедни. Во 7 век п.н.е. Галаур ја создал првата илирска држава и се прогласил за нејзин крал. Тој ги одредил границите, но тие многу често се менувале, бидејќи Илирите многу често војувале со соседите, а особено со Античките Македонци. Најголем подем илирската држава постигнала во 5 век п.н.е., а најпознати владетели на илирската држава биле Грабос, Бардалис, Аргон, Гентиј, како и кралицата Теута. Најчесто престолнина на илирската држава бил градот Скадар. Илирите ја одржувале својата држава сѐ до крајот на 3 век п.н.е. кога Римјаните за да го спречат гусарството на Илирите кои го попречувале слободното одвивање на трговијата на римските морепловци-трговци и во римско-илирските војни 229 п.н.е. -228 година п.н.е. и 219 п.н.е. биле поразени и изгубиле голем дел од територијата која потпаднала под римска власт. Последен илирски крал бил Гентиј којшто дури склучил и сојузништво со последниот македонски крал Персеј, но сепак и двајцата биле поразени од Римјаните.
За време на владеењто на Римската империја и Византија, во Албанија краткотрајно хуните и визоготите правиле нереди и востанија. Во 6 век на дел од територијата на Албанија се населиле словените, кои воделе меѓусебни војни со месното население.
[уреди] Ран среден век
Од 861 до 1018 година, албанската територија се нашла во составот на Самоуловата држава. По падот на Цар Самоил, Албанија паднала во рацете на Византија.
[уреди] Османлиска империја
Во 1478 година, Албанија паднала под власта на Османлиската империја. Еден од најпознатите личности од ова време е Скендер Вег. Користејќи ги слабостите во Отоманската Империја, тој се отцепил од турската власт и кренал востание во Дебарско. По низа драматични пресврти востанието на Скендербег конечно било задушено, и тоа токму од неговиот сонародник Балабан–Паша, кој раководел со османската војска. Меѓутоа, кога војсководецот Јанош Хуњади ги поразил Туците кај Ниш во 1443 г., Скендербег ја напуштил турската војска, се вратил во Албанија и повторно прифатил христијанство. Оттогаш водил беспоштедна борба против Османското царство.
[уреди] Независност
По Првата светска војна, Албанија прогласила независност од Османлиската империја. Од 1928 година, со земјата управувал Зог I, сè до 1938 година, кога Албанија паднала под влијание на Италија.
[уреди] Втора светска војна
Во времето на Втора светска војна, албанските фашисти ги помагале италијанците во борба против грците и југословените. По војната, власта била заземена од комунистите во ноември 1944 година, под раководство на Енвер Хоџа и Мехуд Шеху. Енвер Хоџа ги расипал односите со Белград, Москва и Кина, воведувајќи ја земјата во изолација прво од страна на т.н. западен блок на САД, Западна Европа и Канада, а покасно и од источните комунистички земји.
[уреди] Најнова историја
Во 1985 година, по смртта на Хоџа на власт дошол Рамиз Алија кој пробал да бара врски со западот поради големата економска криза во која се наогала земјата. Така, по падот на комунизмот, во 1991 година Албанија станала демократска република.
Од 2009 година, Албанија е членка на НАТО пактот.
|
|||||||||||||||||