Голема Грција
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Дел од серијалот за Италија |
| Античка историја |
|---|
| Среден век |
| Модерна Италија |
|
Кралство Италија |
| Портал:Италија |
Магна Граециа (латински: Magna Graecia — „Голема Грција“, од грчки Μεγάλη Ελλάς, Мегали Елас) е назив на територијата од јужниот дел на Апенинскиот полуостров односно денешна Јужна Италија којшто бил колонизиран од страна на старите Грци во 8 век п.н.е. Со колонизацијата, на овие простори биле формирани нови цивилизации и култури од кои покасно биле основани латинските и италиските цивилизации.
Содржина |
Колонизација [уреди]
Грците во 7 век п.н.е. и 8 век п.н.е. колонизирале голем дел од Медитеранското крајбрежје, од источните делови на Црно Море до денешниот град Марсеј. Воспоставиле контрола над Сицилија и јужниот дел на Апенинскиот полуостров. Ова место било нарекувано Магна Граециа кое во превод значи голема Грција. Географите единствено не се слагале околу тоа дали Сицилија спаѓала во составот на Голема Грција или не. Страбон сметал дека истата била во нејзиниот состав.
Култура [уреди]
Со колонизирањето на овие простори, старите Грци ја пренеле нивната култура на овие простори, создавајќи независни полиси. НАбргу на овие простори била развиена грчката култура од која подоцна произлегле латинската и италиската цивилизација. Најзначаен придонес од тоа време е создавањето на ново писмо. Грчката алфабета од страна на Етрурците била трансформирана во латиница. На ови простори живееле и работеле научници како Архимед, Питагора и Емпедокло.
Основање на градови [уреди]
Најпознати градови кои биле основани од тоа време се:
- Капуа
- Неаполис (Неапол)
- Сиракуза
- Акрагас (Агригент)
- Субарис (Сибарис)
- Тарас (Тарант)
- Локри
- Регион
- Кротон
- Тури
- Елеа
- Анкон (Анкона)
Голема Грција по Пировската војна станала дел од Римската република, со кое започнало романизација на тамошното население.
Доцна историја [уреди]
По пропаѓањето на Римската империја, овие делови биле запуштени. Подоцна биле заземени од страна на Византија.