Константин Мицотакис

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Константинoс Мицотакис
Κωνσταντίνος Μητσοτάκης
Constantine Mitsotakis by David Shankbone.jpg

Во служба
11 април 1990 – 13 October 1993
Претседател Константин Караманлис
Претходник Ксенофон Золотас
Наследник Андреас Папндреу

Во служба
8 август 1991 – 13 октомври 1993
Претходник Јоргос Мисаилидис
Наследник Костас Скандалидис

Во служба
10 мај 1980 – 21 октомври 1981
Претходник Јоргос Ралис
Наследник Јоанис Караламбопулос
Во служба
14 април 1992 – 7 август 1992
Претходник Антонис Самарас
Наследник Михалис Папаконстантину

Во служба
17 септември 1965 – 22 декември 1966
Претходник Димитрос Папаспиру
Наследник Јоанис Параскевопулос
Во служба
10 мај 1978 – 10 мај 1980
Претходник Јоргос Ралис
Наследник Јоанис Бутос
Лични податоци
Роден(а) октомври 18 1918 (1918-10-18) (95 г.)
Крит, Грција
Националност Грк
Партија Либерална партија (1946-1961)
Централна унија (1961-1974)
Независен(1974-1977)
Нова либерална партија (1977-1978)
Нова Демократија (1978-денес)
Сопружник Марика Мицотакис
Деца Киријакос , Дора, Александра, Катерина
Занимање Политичар
Струка Правник
Вероисповед Грчка Православна црква

Константинос Мицотакис (грчки: Κωνσταντίνος Μητσοτάκης ) (роден на 18 октомври 1919 на Крит) е грчки политичар. Во периодот од 10 мај 1980 до 21 октомври 1981 и од 14 април 1992 до 7 август 1992 бил Министер за надворешни работи на Република Грција од партијата Нова Демократија. Произлегува од семејство кое е присутно веќе подолго време во политичкиот живот на Грција. Тој произлегува од семејството на Елефтериос Венизелос.

Во 1964 година бил избран за пратеник од страна на Либералната партија. По воениот удар (1967) бил уапсен. Успеал да побегне и во август 1967 година ја напуштил земјата, бегајќи во Париз, Франција. Во овој период започнал да соработува Константинос Караманлис. Во Грција се вратил во 1973 година, каде веднаш бил уапсен. Од затвор излегол следната година.

Во 1977 година основал партија и станал пратеник. Во 1978 година влегол во партијата Нова демократија, и станал министер на координација. Во 1980 година станал министер за надворешни работи. Во периодот од 1981 до 1984 година бил потпарол на парламентарната група на Нова демократија. Во 1984 година бил избран за претседател на партијата. Во 1990 година повторно неговата партија победила на предвремените избори и победила на истите. На власт се задржил до 1993 година, кога неговата партија ги изгубила изборите. По поразот, тој поднел оставка од функцијата претседател на Нова демократија. На 2 ноември бил избран за почесен претседател на Нова демократија.

По поразот на Нова демократија на Парламентарните избори во Грција во 2009 година и заминувањето на Дора Бакојани од партијата, во октомври 2010 година Мицотакис бил исклучен од партијата, по налог на Самарас.[1]

Наводи[уреди]