Рибизла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рибизла
Див огрозд (Ribes divaricatum)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Јадрени евдикоти
Ред: Каменоломовидни
Семејство: Огрозди
DC.
Род: Рибизла
L.
Видови

во текстот.

Рибизла (науч. Ribes) — род од околу 150 видови на цветни растенија со потекло умерените краишта на северната полутопка. Се смета за единствениот род на фамилијата огрозди (Grossulariaceae). Признаени се 7 подродови.

Некои таксономи го ставаат огроздот во посебен род Grossularia.

Употреба[уреди | уреди извор]

Храна[уреди | уреди извор]

Во оваа фамилија спаѓаат рибизлите, и тоа јадливите (црна рибизла, црвена рибизла и бела рибизла), огроздот, како и многу други украсни растенија.

Рибизлите се храна за ларвите на некои видови пеперуги. Рибизлата се послужува како десерт. Од рибизлите се прави мармалад, џем, желе, сируп или многу барани овошни сокови, и тоа од црната и црвената рибизла. Рибизлата се користи во слаткарството и во кулинарството како додаток во овошните салати. Познато е и виното од рибизла.

Лекување[уреди | уреди извор]

Коренот и семките на рибизлата содржат доста гама-линоленска киселина, делотворна како добар лек предменструален синдром.[1]

Во Република Македонија[уреди | уреди извор]

Во Република Македонија, плантажно се одгледуваат црната, црвената и во помала мера, белата рибизла.[2]

Природно се застапени огроздот (Ribes grossularia), планинската рибизла (Ribes alpinum), многуцветната рибизла (Ribes multiflorum) и рибизлата камењарка (Ribes petraeum).[3]

Некои видови[уреди | уреди извор]

Црвени рибизли

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Edible and Medicinal Plants of the West, Gregory L. Tilford, ISBN 0-87842-359-1
  2. Земјоделски гранки: Плантажно одлегување на рибизла, 6 август 2012
  3. „Рибизла“, Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1272

Надворешни врски[уреди | уреди извор]