Чашкино ливче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цвет на Ludwigia octovalvis на кој се гладаат венечните и чашкините ливчиња.

Чашкините ливчиња (латински: sepale) се наоѓаат на врвот на цветната ложа. Тие ги обвиткуваат другите делови на цветот во цветната пупка. Чашкините ливчиња ги штитат нежните, внатрешни делови на цветот: ги задржуваат спорите на габите и на бактериите на својата површина, ја одржуваат влажноста и го штитат цветот од инсекти. Обично се цврсти и зелени по боја. Сите чашкини ливчиња на цветот ја сочинуваат неговата чашка (латински: calyx).