Тагмата асфалиас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вооружени припадници на анти-комунистичките “Батаљони за Сигурност“, сликани со своите жртви.

Тагмата Асфалијас (грчки: Τάγματα Ασφαλείας), во превод: Батаљони за сигурност, се грчки паравоени контрачети кои соработуваат со фашистичките окупатори во Втората Светска Војна.

Формирани се во 1943 година од страна на грчката колаборационистичка влада со цел помагање на окупаторската германска армија, и борба против се помочниот ЕЛАС, воден од КПГ.

По Втората Светска Војна, Тагмата Асфалијас не се разоружани од грчката влада, туку напротив довооружени се и стануваат едно од орудијата на монархо-фашистичката влада подржана од англо-американската интервенција во борбата против Демократската Армија на Грција.

Тагматистите извршуваат многу воени злосторства врз недолжното Македонско и грчко население. СНОФ води неколку успешни битки против нив.