Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Декларација на АСНОМ

Декларацијата на АСНОМ — документ за основните граѓански права во Демократска Македонија. Донесена е на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчињски”.

Декларацијата содржи 11 члена во кои се гарантираат:

  • правото на еднаквост и рамноправност на граѓаните пред законите;
  • обезбедувањето на сите права на слободен национален живот на националните малцинства;
  • правото на слобода во вероисповедта и во совеста;
  • правото на сигурност на имотот, правото на сопственост и на приватна иницијатива во стопанскиот живот;
  • правото на слобода на говорот, на печатот, на собирањето, на договорањето и на слободата при здружувањето;
  • општо, еднакво и непосредно избирачко право со тајно гласање за сите граѓани што се постари од 18 години;
  • правото на жалба против одлуките на органите на власта и правото на молба и поплаки до сите државни власти.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 442. ISBN 978-608-203-023-4.