Список на народни херои на Југославија од Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Орден на народен херој на Југославија, I класа

Од вкупно доделени 1.322 одликувања на територијата на поранешна Југославија, со орденот „Народен херој на Југославија“ се одликувани 66 лица родени во денешна Република Македонија, учесници во НОБ. Од нив 44 загинале за време на војната. Последните живи народните херои од Македонија починале во 2013 година (Атанас Забазноски и Мара Нацева).

Најмногу народни херои - 14 има од Прилеп и Прилепско, 8 од Куманово и Кумановско, 7 од Битола и Битолско, 5 од Скопје итн. Фана Кочовска - Цветковиќ (27 јули 1927 – 17 април 2004), беше најмладиот народен херој на Југославија.

Во 1945 година биле прогласени првите борци од Македонија за народни херои: Мирче Ацев, Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски - Карпош и Кузман Јосифовски - Питу. На 29 ноември 1953 година биле доделени последнитe одликувања „народен херој“ на борци од Македонија.

За народни херои се прогласени следните лица:[1][2][3]

Реден број Име и презиме Раѓање Смрт Прогласен за народен херој
1 Михајло Апостолски Ново Село, 8 ноември 1906 Дојран, 7 август 1987 11 октомври 1953
2 Љупчо Арсов Штип, 9 мај 1910 Скопје, 18 ноември 1986 29 ноември 1953
3 Киро Атанасовски Кавадарци, 1923 Кавадарци, 7 април 1944 20 декември 1951
4 Мирче Ацев с. Ореовец, Прилепско, 20 октомври 1915 Скопје, 4 јануари 1943 29 јули 1945
5 Вера Ацева с. Ореовец, Прилепско, 24 ноември 1919 Скопје, 10 ноември 2006 29 ноември 1953
6 Злате Билјановски с. Пуста Река, Крушевско, 25 јануари 1920 Скопје, 8 март 2009 29 ноември 1953
7 Мите Богоевски с. Болно, Ресенско, 31 октомври 1918 с. Болно, 12 септември 1942 2 август 1949
8 Петар Божиновски Битола, 15 јануари 1920 Скопје, 26 септември 1970 2 август 1952
9 Борка Велески Прилеп, 1912 Мукос, 14 септември 1942 20 декември 1951
10 Круме Волнароски Прилеп, 1909 Прилеп, 9 мај 1944 11 октомври 1953
11 Кире Гаврилоски Прилеп, 22 февруари 1918 Прилеп, 9 мај 1944 11 октомври 1953
12 Перо Георгиевски Куманово, 1918 с. Белановце, Кумановско, 14 октомври 1941 11 октомври 1951
13 Страхил Гигов Велес, 16 септември 1909 Скопје, 19 мај 1999 29 ноември 1953
14 Ѓоре Дамески Прилеп, 15 јануари 1922 Скопје, 1995 29 ноември 1953
15 Цветан Димов Скопје, 5 март 1910 Скопје, 9 јули 1942 11 октомври 1953
16 Атанас Забазноски Прилеп, 7 јануари 1926 Скопје, 17 мај 2013 20 декември 1951
17 Благој Јанков - Мучето Струмица, 3 јуни 1911 Струмица, 4 јули 1944 11 октомври 1951
18 Илија Јовановски с. Топлица, Прилепско, јули 1921 с. Здуње, Македонски Брод, 28 август 1944 2 август 1952
19 Раде Јовчевски Скопје, 14 август 1919 Скопје, 20 февруари 1943 8 октомври 1953
20 Јосиф Јосифовски Гевгелија, 2 август 1915 с. Кленоец, Кичевско, 6 октомври 1943 11 октомври 1951
21 Кузман Јосифовски - Питу Прилеп, 23 јуни 1915 Скопје, 25 февруари 1944 2 август 1945
22 Вера Јоциќ с. Сингелиќ, Скопско, 21 август 1923 Саса, Делчевско, 22 мај 1944 20 декември 1951
23 Елпида Караманди Лерин, Егејска Македонија, 1 јануари 1920 с. Лавци, Битолско, 3 мај 1942 11 октомври 1951
24 Васко Карангелевски с. Брусник, Битолско, 7 јули 1921 Македонски Брод, 3 февруари 1977 29 ноември 1953
25 Лазо Колевски с. Мрзен Ораовец, Кавадаречко Плетвар, 2 март 1942 11 октомври 1953
26 Лазар Колишевски Свети Николе, 12 февруари 1914 Скопје, 6 јули 2000 2 август 1952
27 Фана Кочовска - Цветковиќ с. Лавци, Битолско, 27 јули 1927 Скопје, 17 април 2004 29 ноември 1953
28 Рампо Левков Прилеп, 9 јануари 1909 Дабница, 19 септември 1942 11 октомври 1951
29 Лиман Каба Дебар, 1924 Банова Јаруга, Хрватска, 17 април 1945 8 октомври 1953
30 Манчу Матак Крушево, 1920 Витолиште, Мариовско, 25 мај 1944 20 декември 1951
31 Боро Менков Куманово, 6 мај 1919 с. Белановце, Кумановско, 14 октомври 1941 20 декември 1951
32 Мирко Милески с. Поповец, Кичевско, 23 април 1923 Буковиќ, 1 октомври 1943 8 октомври 1953
33 Тихомир Милошевски с. Битуше, Дебарско, 23 јули 1915 Скопје, 1 април 1984 29 ноември 1953
34 Димче Мирчев Велес, 13 ноември 1913 Кавадарци, 6 април 1944 2 август 1949
35 Кирил Михајловски Виница, 1916 Белград, 20 мај 1991 29 ноември 1953
36 Михо Михајловски Кичево, 25 октомври 1915 Скопје, 28 март 2003 1 август 1952
37 Злате Михајловски с. Богдево, Гостиварско, 1926 Егејски дел на Македонија, 1944 8 октомври 1953
38 Ангел Мојсовски с. Ораовец, Велешко, 15 мај 1923 Скопје, 17 март 2001 11 октомври 1953
39 Стеван Наумов - Стив Битола, 27 октомври 1920 с. Болно, Ресенско, 12 септември 1942 29 јули 1945
40 Наум Наумовски Крушево, 1 мај 1920 Скопје, 28 септември 1960 29 ноември 1953
41 Киро Нацев Куманово, 1918 Прилеп, 21 декември 1942 20 декември 1951
42 Мара Нацева Куманово, 28 септември 1920 Куманово, 1 јули 2013 29 ноември 1953
43 Вангел Нечевски Битола, 17 март 1922 Битола, 16 октомври 2006 20 декември 1951
44 Јордан Николов Скопје, 7 јануари 1916 с. Туба, Србија, 4 јануари 1942 29 јули 1945
45 Естреја Овадија - Мара Битола, 25 декември 1923 Кајмакчалан, 26 август 1944 11 мај 1953
46 Ибе Паликуќа Дебар, 1927 Шутово, 22 септември 1944 8 октомври 1953
47 Боро Петрушевски Куманово, 1920 с. Горанце, 21 април 1943 20 декември 1951
48 Страшо Пинџур с. Ваташа, Кавадаречко, 3 март 1915 Скопје, 4 јануари 1943 29 јули 1945
49 Панче Попоски Гостивар, 1924 Татар Елевци, Дебарско, август 1944 11 октомври 1953
50 Ванчо Прке с. Серменин, Гевгелиско, 1921 с. Градец, Кочанско, 21 мај 1943 2 август 1949
51 Видое Смилевски с. Никифорово, Гостиварско, 14 август 1915 8 септември 1979 7 јули 1953
52 Трајко Стојковски Куманово, 10 јануари 1923 Скопје, 14 октомври 2005 20 декември 1951
53 Славчо Стојменски Штип, 16 октомври 1921 Штип, 17 август 1943 11 октомври 1953
54 Ѓоце Стојчевски - Амбарче Тетово, 26 ноември 1919 Беличица, Гостиварско, 19 септември 1944 11 октомври 1953
55 Благој Страчковски Велес, 29 февруари 1920 Велес, 13 јануари 1943 11 октомври 1953
56 Борка Талески Прилеп, 19 јули 1921 Плетвар, Прилепско, 2 март 1942 11 октомври 1951
57 Борко Темелкоски Прилеп, 20 декември 1919 Скопје, 21 ноември 2001 11 октомври 1953
58 Блажо Тодоровски с. Ресава, Кавадаречко, 13 април 1902 с. Никодин, 7 јуни 1943 11 октомври 1953
59 Вангел Тодоровски Битола, 1920 Битола, април 1942 2 август 1952
60 Христијан Тодоровски Куманово, 3 септември 1921 Билјача, Србија, 7 февруари 1944 29 јули 1945
61 Александар Урдаревски с. Чучер, Скопско, 1920 Градец, Косово, 1 февруари 1943 20 декември 1951
62 Чеде Филиповски с. Никифорово, Гостиварско, 16 ноември 1923 Радовиш, 26 јуни 1945 2 август 1949
63 Тодор Циповски Тетово, 16 ноември 1920 Беличица, Гостиварско, 19 септември 1944 11 октомври 1951
64 Крсте Црвенковски Прилеп, 16 јули 1921 Скопје, 21 јули 2001 29 ноември 1953
65 Јордан Чопела Варош, Прилепско, 1 мај 1912 Битола, 9 април 1942 2 август 1949
66 Бајрам Шабани с. Липково, Кумановско, 14 октомври 1922 с. Белановце, Кумановско, 14 октомври 1941 10 октомври 1951

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Народни херои од Македонија“, „Наша книга“, Скопје, 1973.
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1015.
  3. „Македонија има 66 народни херои“ Архивирано на 5 март 2016 г., „Утрински весник“