Критско востание (1866-1869)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Критско востание (1866–1869)
Arkadi assaut.jpg
Османлиски наапад на манастирот
Датум 1866–1869
Место Крит
Исход Воведување нов закон на островот
Завојувани страни
Критски востаници Османлиска империја

Критското востание или Големата критска револуција (грчки: Κρητική Επανάσταση του 1866) претставувало тригодишно востание на Крит против Османлиската империја и власт во периодот од 1866 до 1869 година.

Позадина[уреди]

Во времето на Грчката војна за независност бил зафатен и островот Крит но и покрај успесите во селата на крајот од војната островот останал египетска провинција како вазалство на Османлиската империја. Во 1840 година Крит бил вратен под директна контрола на Османлиите по неуспешното востание на островот кое било подржано од Грција. По востанието од 1858 година во Крит биле донесени некои привилегии на христијаните како еднаквост меѓу народот, право на вероисповед.[1], образование и имот[2].

Тек на востание[уреди]

Востанието било објавено официјално на 21 август 1866 година. Во почетокот востаниците успеале да се стекнат со контрола на голем дел од островот. Во ноември 1866 година голема отоманска војска започнала со опсада на манастирот Аркадиј кој служел како седиште за бунтовниците. Во манастирот се наоѓале 259 востаници и околу 700 жени и деца[3]. По неколку денови борба Османлиите влегле во манастирот и ги убиле поголемиот дел од луѓето а оние кои останале живи биле депортирани. Овој настан предизвикал големо внимание кај Западна Европа и Северна Америка.

Христијанските востаници по овој настан побарале помош од САД, а Американците ги подржиле. Во 1868 година прашањето заз независност на Крит било упатено во Претставничкиот дом, но било одлучено да не се интервенира во внатрешните политики на Османлиската империја.

Востанието завршило кога на островот пристигнал големиот везир Мехмед Емин Паша и издал закон според кој била дадена контрола на локалната администрација на христијаните од Крит.

Наводи[уреди]

  1. J. Tulard, Histoire de la Crète, p. 114.
  2. Detorakis, History of Crete, p. 328.
  3. T. Provatakis, op. cit., p. 68.