Скопски санџак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Скопски санџак
Üsküb Sancağı
Санџак во на Отоманската империја

14 век–1913

Грб на Скопски санџак

Грб

Локација на Скопски санџак
Главен град Скопје
Историја
 -  Основана 14 век
 -  Лондонски договор (1913) 30 мај 1913
Денеска дел од Македонија


Скопскиот санџак на почетокот од османлиските освојувања на Балканот припаѓал на Румелискиот вилает. 1392 година Скопје потпаѓа под османлиска власт и станува административе центар на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак бил прва организирана османлиска провинција на територијата на балканските земји и база за навлегување кон север и запад.

Скопје, станува дел од Отоманската империја на 6 јануари 1392 година.[1] Прв отомански управител на Скопје бил Паша Јигит Бег.[2] Следен управител бил Исак-бег, кој бил испратен да ги предводи воените операции во Србија во текот на 1439 година. Подоцна Исак-бег бил заменет од неговиот син Иса-бег Исаковиќ на позицијата санџакбег на Скопскиот санџак.[3]

Во 1875 година Скопскиот санџак влегува во состав на Битолскиот вилает, а под негова ингеренција биле казите во: Скопје, Кумоново, Штип, Крива Паланка, Радовиш, Кочани и Кратово.

На почетокот од 20. век Скопскиот санџак му припаѓал на Косовскиот вилает.

Афуз-паша изградил повеќе објекти во тогашно Скопје. Подигнал занаетчиско училиште - "Ислахане", во кое учеле сиромашните деца од градот. Во училиштето имало и интернат. Ја изградил и гимназијата "Идадија - мектеби". Ги уредил коритата на реките Вардар и Серава.[4]

За време на Илинденското востание, 1903 година во Скопскиот санџак, биле опожарени и подложени на поголеми или помали клања селата: Долно Трогерци (Штипско), Ново Село, Витоша, Вранинци, Просек (Кочанско), Луково (Штипско) и др. Вкупно во санџакот биле опожарени 94 куќи и испоклани 60 души.

Согласно Мирцштегските реформи, турската влада била приморана да направи реформи во управувањето со Македонија, според кои Скопскиот санџак им бил доделен на австриски офицери.

Расформирање[уреди]

Во текот на Првата балканска војна, 1912 година и на почетокот од 1913 година Скопскиот санџак бил окупиран од Кралството Србија. Врз основа на Лондонскиот договор, потпишан на Лондонската конференција 1913 година, неговите територии станале дел од Србија.

Наводи[уреди]

  1. „Archeological exavations "Skopsko Kale"“. skopskokale.com.mk. http://www.skopskokale.com.mk/en/aboutkale.php. конс. 7 февруари 2011. „The handwriting of the triod of the Khludov collection in the Moscow Historical Museum no. 162, completed on 6 January 1392, on the day of the Ottoman conquest of Skopje.“ 
  2. Houtsma, Martijn Theodoor (1993), „Encyclopaedia of Islam“, VIII, Netherlands: E.J. Brill and Luzac and Co., стр. 876 
  3. (на Serbo-Croatian)„Godišnjak“ (Sarajevo, SFR Yugoslavia: Društvo Istoričara Bosne i Hercegovine): 46. 1953. „To se najbolje vidi iz sadržine vijesti na osnovu koje znamo za njihovu prisutnost u Bosni 1438 godine, a još bolje iz činjenice da se u proljeće sljedeće godine ovdje pojavio novi skopski sandžakbeg Isa-beg, sin dotadašnjeg skopskog sandžaka Ishak bega koji je bio upućen na akcije u Srbiji“. 
  4. vest.com.mk, Улицата Афуз-пашина е крстена по турскиот паша Афуз, пребарано на 24 мај 2010 г.