Војна за шпанското наследство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Војна за шпанското наследство
Bakhuizen, Battle of Vigo Bay.jpg
Во битката во Заливот Бирго, Англичаните и Холанѓаните ја уништиле шпанската флота со богатство, запленувајќи сребро од шпанските колонии вредно околу половина милион фунти]].
Датум 1701–1714
Место Европа и Северна Америка
Исход Договорот од Утрехт 1713
Договорот од Раштат 1714
Завојувани страни
Светото Римско Царство:

Велика Британија Велика Британија
Холандија Холандија
Прусија Прусија
Португалија Португалија

Франција Кралството Франција

Шпанија Кралството Шпанија
Баварија Баварија
Унгарците во борба за независност од Австрија

Команданти и водачи
Habsburg Monarchy Еуген од Савоја

Свето Римско Царство Марграв од Баден
Свето Римско Царство Гроф Штархемберг
Велика Британија Војводата од Малборо
Велика Британија Маркиз де Рувињи
Холандија Гроф Оуверкиерк
Португалија Маркиз дас Мињас
Савоја Виктор Амадеус II од Сардинија

Франција Војводата од Вилар

Франција Војводата од Вандом
Франција Војводата од Буфие
Франција Војводата од Вилерој
Франција Грофот од Тесе
Франција Војводата од Бервик
Баварија Максимилијан II од Баварија
Шпанија Маркиз од Виљадариас
Ференц II Ракоци

Сила
232.000:[1]
  • Холандска Република 102.000
  • Светото Римско Царство 90.000
  • Англија 40.000
318.000:[2]
  • Франција 255.000
  • Шпанија 13.000 пешадија и 50.000 коњаници[3]

Војната за шпанското наследство или Војната за шпанската круна се водела во периодот од 1701 до 1714 помеѓу повеќето големи европски сили околу обединувањето на кралствата Шпанија и Франција под круната на Бурбонската династија. Од едната страна биле Франција и Шпанија предводени од Луј XIV кој сакал да ја приклучи Шпанија кон Франција, а од другата биле Светото Римско Царство, Британија, Холандија, Савоја, Прусија и Португалија, кои сметале дека сојузот на Франција и Шпанија ќе доведе до целосна доминација на Бурбоните во Европа.

Карло II од Шпанија умрел во 1700, и ги оставил сите свои поседи на внукот од својата полу-сестра Филип, кој така станал Филип V од Шпанија. Но, Филип бил и внук на кралот на Франција Луј XIV, што не им се допаѓало на останатите европски владетели. Покрај тоа, и наследното право на Филип V било спорно, па се појавиле и други европски династии кои полагале наследно право на Шпанската круна. Најпрво Леополд I, Светиот Римски Император, сметал дека има право над Шпанија, а потоа и Англија. Другите земји се приклучиле главно за да го спречат ширењето на Франција во времето на Луј XIV, или за да ги заштитат своите колонијални поседи. И самата Шпанија била поделена околу тоа кој треба да ја наследи круната, па започнала граѓанска војна.

Војната се водела главно во Шпанија и во Централна Европа, но и во Северна Америка, помеѓу англиските и шпанските колонисти и војска.

Во текот на војната загинале околу 400.000 луѓе.[4]

Војната завршила со мировните договори од Утрехт (1713) и Раштат (1714). Како резултат, Филип V останал крал на Шпанија, но бил исклучен од Бурбонската наследна лоза, така што бил спречен и трајно оневозможен личниот сојуз помеѓу двете кралства. Австријците добиле најмногу од шпанските територии во Италија и Холандија. Како последица на војната, Француската доминација во Европа завршила, и надвладеала идејата за рамнотежа на силите во меѓународниот поредок.[5]

Карло II од Шпанија бил последниот Хабсбуршки крал на Шпанија. По неговата смрт, Војната за шпанската круна избувнала помеѓу Франција и Австрија за превласт врз Шпанија

Наводи[уреди]

  1. Lynn, The Wars of Louis XIV: 1667–1714, p.271. The Allied figure is the strength in 1702: The Empire (90,000), the Dutch Republic (60,000 + 42,000 garrison troops), and England (40,000). It does not include minor German states or navies.
  2. Lynn, The Wars of Louis XIV: 1667–1714, p.271.The French strength is a paper figure; actual combat strength was approximately 255,000. To this must be added forces from Spain and, initially, Bavarian and Savoyard contingents
  3. Simon Barton, "A History of Spain", p.136:"But with her own military strength now but a pale shadow of its former self - at the beginning of the war the Spanish could barely muster 13,000 infantry and 5,000 cavalry"
  4. Statistics of Wars, Oppressions and Atrocities of the Eighteenth Century, Matthew White
  5. Wolf, The Emergence of the Great Powers: 1685–1715. p.92
  • Chandler, David G. Marlborough as Military Commander. Spellmount Ltd, (2003). ISBN 1-86227-195-X
  • Frey, Linda and Marsha. The Treaties of the War of the Spanish Succession: An Historical and Critical Dictionary Greenwood (1995).
  • Hattendorf, John B., England in the War of the Spanish Succession: A Study of the English View and Conduct of Grand Strategy, 1702–1712. Garland (1987).
  • Jongste, Jan A.F. de, and Augustuus J. Veenendaal, Jr. Anthonie Heinsius and The Dutch Republic 1688–1720: Politics, War, and Finance. Institute of Netherlands History (2002).
  • Lynn, John A. The Wars of Louis XIV: 1667–1714. Longman, (1999). ISBN 0-582-05629-2
  • McKay, Derek & Scott, H. M. The Rise of the Great Powers 1648–1815. Longman, (1984). ISBN 0-582-48554-1
  • Ostwald, Jamel. Vauban under Siege: Engineering Efficiency and Martial Vigor in the War of the Spanish Succession. Brill (2007).
  • Symcox, Geoffrey. War, Diplomacy, and Imperialism: 1618–1763. Harper & Row, (1973). ISBN 06-139500-5
  • Tombs, Robert and Isabelle. That Sweet Enemy: The French and the British from the Sun King to the Present. London: William Heinemann, 2006.
  • Veenendaal, A. J., Briefwisselling van Anthonie Heinsius, 1702–1720. 19 volumes. Instituut voor Nederlandse Geschiedenis (1976–2001).
  • Wolf, John B. The Emergence of the Great Powers: 1685–1715. Harper & Row, (1962). ISBN 0061397509

Надворешни врски[уреди]